fbpx

Ние дефинитивно не сме во војна, но не сме ниту во целосен мир

Цели 25 години по завршувањето на војната во Хрватска, високата политика реши да се обиде да ја разбие хрватско-српската спирала на омраза. Секое лето, од војната па натаму, едните ја прославуваат „Олуја“, воена акција на хрватската армија (ХВ) со која се стави крај на војната, додека други ги одбележуваат злосторствата врз цивилните жртви извршени од припадници на ХВ и полицијата во српските села по „Бура“.

Меѓусебното почитување на жртвите до оваа година беше значително непознат концепт. И тогаш главните улоги ги презедоа Борис Милошевиќ, новиот Вицепремиер, од редовите на Независната демократска српска партија и Томо Медвед, министерот за одбрана. На првиот му беше убиена неговата баба во предградието на Шибеник по спроведувањето на операцијата „Бура“, додека вториот бил ранет три пати во текот на војната, додека неговиот брат загинал токму во „Бура“. Токму поради ова, на Милошевиќ му беше потребна сила да отиде на прославата „Бура“ во Книн на 5 август, како прв висок претставник на српското национално малцинство којшто некогаш присуствувал на одбележувањето на овие годишнини. Од друга страна, Медвед отиде во Груборе, село во периферијата на Книн, што веќе не ни постои. Последните знаци на живот таму беа изгаснати на 25 август 1995 година од страна на припадници на АТЈ Лучко, убивајќи шест стари лица во селото. На овој начин, државата конечно отворено призна дека биле извршувани злосторства и по војната и дека тие не биле само „изолирани инциденти“. За тоа, што овој „пресврт“ може да донесе во хрватско-српските односи и како тој може да влијае на односите во регионот, разговараме со Бранка Виерд од Младинската иницијатива за човекови права (ЈИХР) која веќе низа години пеку разни активности ја предупредува јавноста на важноста од меѓусебното почитување на жртвите од војната како залог за посветла иднина.

 

Оваа содржина ја изработи хрватскиот портал Лупига во соработка со Институтот за комуникациски студии и онлјан платформата Рес публикакако дел од проектот Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество што го финансира Британската амбасада во Скопје.

Ивор Фука, новинар
Бранка Виерда, Младинска иницијатива за човекови права (ЈИХР)

Го изгубил ли Путин својот елан?
Уставот во судир со пандемијата
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Четврток, 21 Јануари 2021

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè