fbpx

И децата страдаат од депресија

Видео поткаст

19.04.19

Прегледи

Според Светската здравствена организација депресијата до 2020 година ќе биде втор глобален проблем, односно прв проблем кај женската популација. Оваа клиничка состојба во последниот период е присутна и кај генералната популација, меѓутоа и кај адолесцентите поради стресниот и брз начин на живеење, поради тоа што сме изложени на многубројни стресогени ситуации, кои можат да се јават како фактор кој што тригерира појава на депресија, вели д-р Ана Филипче, од Клиниката за психијатрија. Педагогот Цеце Рангелова потенцира дека превенцијата која што ќе го опфати системот на здраво родителство, здраво образование и институции подготвени да прифатат доколку постои некаде проблем е начин како ја заштитиме младата личност од таква состојба.

 

ТВ верзија

I decata stradaat od depresija