fbpx

Рес публика најавува: Приказни од регионот #6

„Нов бран, стари политики“

Државите ширум Балканот се соочија со нов удар од КОВИД-19 во претходните неколку месеци. Властите побрзаа да воведат низа од мерки, целејќи да се справат со пикот на инфекциите до крајот на летото. Некои држави повторно воведоа полициски часови, други воведоа задолжителни сертификати за вакцинација, а секоја држава се соочува со свои внатрешни предизвици додека се обидува да се справи со пандемијата.

Стапките на вакцинација сѐ уште не се на задоволително ниво во повеќето држави од регионот, а со оглед на тоа дека следат постудени месеци, луѓето ќе бидат понаклонети да се собираат во затворени простори. Во повеќето држави почна и училишната година, во некои со физичко присуство, што носи предизвици само по себе. Сето ова е причина за загриженост, затоа што властите во голема мера не беа во состојба да реагираат на брз, координиран и транспарентен начин во однос на предизвиците наметнати од пандемијата.

Во „Приказни од регионот #6“ ќе прочитаме како властите ширум Балканот се справуваат со пандемијата во овие разбранувани времиња. Се надеваме дека можеме едни од други да учиме од нашите искуства, како позитивни, така и негативни. Тоа е единствениот начин да почнеме да го гледаме нашиот излез од цврстите стеги на пандемијата.

Почнуваме во петок (1. октомври) со првиот напис.

Шестото издание на „Приказни од регионот“ го спроведуваат Рес Публика и ИКС, во соработка со партнерите од Хрватска (Lupiga), Косово (Sbunker), Србија (Autonomija), Босна и Херцеговина (Analiziraj.ba), Црна Гора (PCNEN), Словенија (DKIS), Албанија (Exit) и Грција (Macropolis).

„Приказни од регионот“ е иницијатива што е имплементирана од Рес Публика и Институтот за комуникациски студии, во рамки на проектот „Поврзување на точките: Подобрени политики преку граѓанско учество“, воден од ИКС, a со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Нашите партнери

PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI

Кој сонува за европскиот сон во Србија?

Катарина Тадиќ

Katarina Tadic 200x250Србија ги отвори преговорите во 2014 година. Но, дури и денес се чини дека е подалеку од ЕУ отколку што беше пред пет години.

Пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија (ЕУ) трае веќе осумнаесет години, од дамнешната 2003 година, кога на сите земји им беше ветена можноста за членство. Во меѓувреме, само Хрватска стана членка во 2013 година. Во меѓувреме, Србија ги отвори преговорите во 2014 година, но денес се чини подалеку од ЕУ отколку пред пет години. Сепак, членството и преговорите не беа тема на претходните избори, па дури и опозициските партии не се обидуваат да ја нагласат нивната посветеност кон ЕУ. Се чини дека најжестоките поддржувачи на Европската унија се граѓанските организации, чиј ентузијазам не ги одразува ставовите на граѓаните. Во исто време, ЕУ го губи кредибилитетот во очите на многумина поради често нејасните и двосмислени пораки испратени до политичарите и претставниците на граѓанското општество. Оттука, се поставува прашањето до каде е идејата за проширување сè уште присутна во Србија?

Европеизација без демократизација

На Србија и беше доделен статус на земја кандидат во 2012 година и од отворањето на пристапните преговори во јануари 2014 година, 18 од 35 поглавја се отворени, од кои две се привремено затворени. Во т.н. Стратегија за проширување за Западен Балкан од 2018 година, Србија, заедно со Црна Гора, беше прогласена за лидер во процесот на проширување и доби можност за членство до 2025 година. Во последниот извештај, Европската комисија наведува дека „текот и динамиката на преговорите ќе продолжат да зависат од реформата на владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово“. Во 2019 година беа отворени две поглавја за преговори, додека во 2020 година ниту едно.

Во извештајот за 2019 година на Фридом Хаус (Freedom House) „Земји во транзиција“ Србија е класифицирана како „делумно слободна“ земја, додека во 2020 година оваа организација ја дефинираше Србија како „преоден или хибриден режим“. Со други зборови, според критериумите на оваа организација, Србија престана да биде демократија. Во истиот извештај се наведува дека од 2012 година и доаѓањето на власт на Српската напредна партија, политичките и граѓанските права се уназадени, со зголемен притисок врз независните медиуми, граѓанското општество и опозицијата. Резултатот од последните избори одржани во јуни 2020 година, кои ги бојкотираа повеќето опозициски партии, е парламент без опозиција. И покрај тоа што пописот е намален од 5% на 3%, покрај партиите од национално малцинство, само три партии успеале да го поминат пописот и сега сите се на власт.

Меѓутоа, во истиот тој период, од 2012 година, Србија напредуваше во процесот на интеграција во ЕУ. Една од последиците на ваквиот процес е дека демократизацијата и европеизацијата веќе не одат рака под рака, според група автори на Сбункер. Имено, овие два термина се користат во последните 20 години како синоними за процесот на политичка, економска и социјална трансформација на регионот на Западен Балкан. Политиката за проширување се смета како инструмент што треба постепено да ги приближува земјите до стандардите на Европската унија, со цел да се овозможи нивно членство во ЕУ. Примерот на Србија покажува дека тоа веќе не е случај. Земјата напредува во процесот на ЕУ, но станува помалку демократска и помалку слободна.

Имајќи ја предвид неповолната политичка состојба во Србија и процесот на пристапување што не носи посакувани (или ветени) последици, дали можеме да очекуваме поголем притисок врз носителите на одлуки за обезбедување членство во ЕУ или дистанцирање на граѓаните од т.н. идеја за Европска Србија? Од друга страна, чувствата на ЕУ кон Србија исто така не се јасни и ветувањето за членство не изгледа толку цврсто како порано.

Дали има мнозинска поддршка за членство во ЕУ во Србија?

Анкетите на јавното мислење спроведени во регионот и Србија во последните години укажуваат на поделба на српското општество кон ЕУ и процесот на пристапување. Во однос на другите земји од Западен Балкан, граѓаните на Србија покажуваат најголем скептицизам и негативен став кон Европската унија и се поделени во однос на придобивките од членството. Иако овие истражувања не можат да се споредат едни со други во строга методолошка смисла, бидејќи користат различни методи на истражување, тие сепак нудат поширока слика и даваат преглед на состојбата на општеството кое се чини дека останува донекаде опседнато со неговите надворешно-политички аспирации.

Министерството за европска интеграција, т.е. до 2017 година, Канцеларијата за европска интеграција редовно спроведуваше истражувања на јавното мислење од 2009 година за поддршка на граѓаните во процесот на интеграција на Србија во ЕУ. Последното беше спроведено во декември 2019 година. Резултатите покажуваат дека од мај 2011 година, поддршката за членство варира помеѓу 41% и 55%. Најголемата поддршка е забележана во 2009 година, поради визната либерализација. Сепак, според истото истражување, позитивно е што граѓаните ја препознаваат потребата за реформи независни од членството во ЕУ, најмногу во областа на борбата против корупцијата, здравствениот систем, заштитата на човековите права и правдата.

Koj sonuva za evropskiot son vo SrbijaИзвор: rs.n1info.com

Во октомври 2020 година, спроведено е регионално ИПСОС истражување на јавното мислење, поддржано од Европскиот фонд за Балканот, што покажува дека членството на Србија во ЕУ е поддржано од нешто повеќе од 60% од граѓаните. Постојат забележителни разлики помеѓу Србија и другите земји од Западен Балкан, каде што таа поддршка изнесува најмалку 80%. Исто така, секој трет испитаник во Србија верува дека Србија никогаш нема да влезе во ЕУ, што покажува дека е повторно земја со најмногу резерви во однос на процесот на пристапување.

Слично на тоа, Балканскиот барометар, годишното регионално истражување на Советот за регионална соработка, во анализата за 2019 година наведува дека во Србија само 32% од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ би било добра работа. Единствената земја каде помалку од половина од испитаниците имаат позитивен став кон членството е Босна и Херцеговина со 47%, за разлика од, да речеме, Албанија каде тој процент изнесува 86%.

Оттука, кога станува збор за внатрешни реформи, граѓаните ја гледаат потребата од нив, особено во доменот на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сепак, долгиот процес на пристапување без посакуваните ефекти создава замор и го зголемува сомневањето за членство и за самата Европска унија.

Чија надворешна политика треба да ја следи Србија?

Белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП) неодамна спроведе истражување за ставовите на граѓаните кон актерите во надворешната политика, што го расветлува расположението на српските граѓани кон ЕУ во споредба со другите актери.

На пример, авторите на публикацијата наведуваат дека 40% од испитаниците ја сметаат Русија за најдобар пријател на Србија, додека 72% сметаат дека влијанието на Русија во земјата е позитивно, што е зголемување во споредба со истражувањето спроведено во 2017 година. Слично на тоа, повеќето, т.е. 57% од испитаниците сметаат дека Србија треба да ја координира својата надворешна политика со Русија и Кина. И покрај тоа што Србија е кандидат за членство во ЕУ, само петтина од испитаниците сметаат дека земјата треба да ја усогласи својата надворешна политика со Брисел.

Кина е на второ место како најголем пријател на Србија и „75 отсто од испитаниците погрешно веруваат дека Кина и пружила најголема помош на Србија во борбата против пандемијата, иако Европската унија (ЕУ) всушност беше најголемиот донатор“.

Кога зборуваме за членство во ЕУ, секој десетти граѓанин смета дека влегувањето во ЕУ е приоритет во надворешната политика. Поточно, јавноста е убедена дека трите најважни надворешно-политички приоритети се зачувување на Косово како дел од Србија (24%), зајакнување на соработката со соседните земји и зајакнување на соработката со Русија (по 20%).

Резултатите покажуваат дека владата (правилно) не го препознава притисокот од граѓаните да се доближат до ЕУ во клучните надворешно-политички прашања. Нерешеното прашање на Косово и улогата на одделни членови во изградба на држава на Косово, меѓу другото, играат голема улога во негативниот став кон ЕУ.

ЕУ и Србија – само стап без морков не дава резултати

И покрај тоа што скорешната перспектива за членство е ветена во 2018 година, не може да се каже дека Европската унија, т.е. сите нејзини членки, навистина и подадоа рака на Србија (и на целиот регион) и во исто време беа непоколебливи во својата позиција. Во регионот, на ЕУ веќе не се гледа како на кредибилен партнер кој ги одржува своите ветувања и има предвидлива и кохерентна политика за проширување и однос кон потенцијалните идни членки. Така, од една страна ја имаме француската блокада за отворање на пристапните преговори со Македонија, откако таа ја смени авторитарната влада и постигна договор со Грција за промена на името. Од друга страна, иако со растечки авторитарни тенденции и изразени повреди на независноста на институциите, Србија формално напредуваше во процесот на пристапување и до неодамна беше пофалена како лидер во регионот, иако се знае дека најголемиот „слон во собата“ е нерешеното косовско прашање.

Засилените активности на Кина во последните години, особено за време на првиот бран на коронавирусот, не поминаа незабележано во Брисел. Покрај Русија, Кина е релативно нов глобален играч присутен на Балканот, чии интереси во Србија се сметаат за спротивни на интересите на ЕУ. Сепак, ЕУ, т.е. земјите членки се чини дека немаат соодветен одговор на новонастанатата геополитичка состојба. Принципот на „стап и морков“ веќе нема ефект, бидејќи морковот, т.е. членството, стана неизвесно. Покрај тоа, како што покажуваат горенаведените бројки, ЕУ никогаш не успеала да ги освои срцето и душата на граѓаните на Србија.

Крај на европскиот сон?

Кога се зборува за расположението на српските граѓани кон Европската унија, често се споменува тивкото проевропско мнозинство, заедно со фактот дека сегашниот лидер на Српската напредна партија и претседател на Србија успеа да дојде на власт само кога ја напушти националистичката и антиевропска српска радикална партија и го прифати членството на Србија во ЕУ. Сепак, факт е дека денес нема ниту ентузијазам кај граѓаните ниту јасен консензус во општеството во врска со членството.

Поразителната политичка состојба во последните неколку години не придонесува за поголема посветеност да се приклучиме, дури би се рекло и дека е спротивното. ЕУ, од своја страна, исто така, не нуди јасен пат и одговор на сегашниот застој во пристапниот процес, иако е очигледно дека ниту една од земјите нема да стане членка во следните десет години. Ситуацијата најдобро ја опишува парафразирањето на познатата реченица од почетокот на војната во поранешна Југославија: тие глумат дека сакаат да не пуштат, а ние глумиме дека сакаме да влеземе.

 

Овој блог е објавен во рамки на иницијативата „Приказни од регионот“ која ја спроведува Рес публика во соработка со Анализирај.ба (БиХ), Sbunker (Косово) Не давимо Београд (Србија), PCNEN (Црна Гора), Prlija (Хрватска), Lupiga (Хрватска), HAD (Словенија) и СЕГА (Бугарија).

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Влезот во ЕУ - подвижна мета која постојано се одд...
Еврејската заедница повеќе од 70 години чека извин...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Четврток, 28 Октомври 2021