fbpx

Рес публика најавува: Приказни од регионот #4

- Вирусот не заминува, вакцините „ќе стигнат деновиве“ -

Требаше да се вакцинираме во јануари, потоа во февруари, па во март. Според најновите ветувања на владата, вакцинацијата на поширокото население ќе започне во април. Кога точно ќе бидат испорачани ветените вакцини во Македонија сѐ уште не се знае, а масовната имунизација не е започната поради лимитираните количества вакцини коишто пристигнаа во изминатиот период. Почна само вакцинацијата на здравствените работници кои се во првите редови во борбата против Ковид-19, резултат на пратката од 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“, коишто земјата ги доби од Србија. Македонија ги доби и првите 3.000 вакцини од производителот „Спутник В“. Но, тоа се драстично помали бројки од оние што владата ги ветува уште од декември 2020 година.

Во регионот не е ништо подобро. Повеќето земји се мачат со процесот на имунизација. БиХ, Црна Гора и Косово се во иста положба како и Македонија, со надеж дека вакцинацијата наскоро ќе започне. За жал, тоа се истите земји кои се при врвот на листата на земји во Европа со највисока стапка на смртност од Ковид-19.

Во „Приказни од регионот #4“ се осврнуваме токму на овие предизвици со кои се соочуваат земјите на Балканот. Некои, како земјите наведени погоре, се во незавидна положба. Од друга страна, во Србија и Грција вакцинацијата е веќе во полн замав. Но, и тие се соочуваат со сопствени предизвици во овој поглед.

Почнуваме во петок (26.03) со првиот текст.

Четвртото издание на „Приказни од регионот“ се спроведува од Рес публика и ИКС,  во соработка со нашите партнери од Хрватска (Lupiga), Косово (Sbunker), Србија (Не давимо Београд), Босна и Херцеговина (Анализирај.ба), Црна Гора (PCNEN), Бугарија (Sega.bg), и Грција (Macropolis).

Иницијативата „Приказни од регионот“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“ имплементиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС), со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Нашите партнери

PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI
PCNEN LOGO PARTNERI

Неиздржливата бавност на вакцинацијата во Хрватска

Ведрана Симичевиќ

Naum Kajcev 400x500Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. И додека беснее третиот бран на пандемијата, граѓаните фрустрирано гледаат како во некои градови веќе се вакцинираат здрави средовечни луѓе, додека на други места оние над 70 години сè уште чекаат повик.

Кога првата испорака на вакцини против КОВИД-19 во раните утрински часови на 26 декември минатата година конечно пристигна во Хрватска, глетката беше малку антиклимактична - директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) Крунослав Чапак свечено ја дочека малата картонска кутија доволно за скромни 9.750 дози на Фајзер вакцините на BioNTech. Сепак, многумина во тоа ја видоа првата сериозна надеж дека конечно тука е почетокот на крајот на пандемискиот кошмар.

Три и пол месеци подоцна, бројот на новозаболени лица во Хрватска повторно рапидно расте, хоспитализирани се скоро две илјади пациенти заболени со КОВИД-19, од кои 170 се на респиратор, а до 30 лица повторно умираат секој ден поради тешки форми на болеста. Третиот бран, се чини, е во полн ек. Три месеци по таа прва ветувачка испорака рано наутро, Хрватска, според Европскиот центар за следење и контрола на болести, вакцинирала 12,6 проценти од населението со една доза, заклучно со 8 април, и само 2,9 проценти од населението со две дози. Статистиката исто така вели дека досега во Хрватска пристигнале 710.970 дози, а потрошени се 525.328. Брзината со која се одвива вакцинацијата, приближно еднаква на брзината на хрватските возови во споредба со светските стандарди, сега сугерира дека пандемискиот кошмар е далеку од својот крај.

На дното на ЕУ

На пример, до 23 март, луѓето постари од 60 години, односно оние кои припаѓаат на ризична возрасна група, добиле 280.186 дози. За да се стави оваа бројка во контекст, треба да се каже дека во Хрватска, според владиниот план за вакцинација објавен во декември, има повеќе од 760 000 лица над 65 години кои не биле вклучени во првата фаза - онаа во која беа вакцинирани корисниците на домовите за стари лица и лицата со инвалидитет. Покрај тоа, над половина милион Хрвати, според податоците, имаат над 70 години. Оттука, можеме грубо да заклучиме дека втората фаза на вакцинација со почетокот на пролетта и третиот бран на пандемијата сè уште не стигнала ни до „половина пат“. Вакцинацијата е нешто забрзана во последните две недели, но се чини дека втората фаза е се уште далеку од завршена.

Доколку го прашате хрватскиот институт за јавно здравје, тие ќе ви одговорат, како што одговорија и за целите на овој текст, дека причините за ваквата бавна вакцинација се „значително помалку испорака на вакцини отколку што е ветено“ затоа што „сите производители потфрлиле со количините коишто тие ги снабдуваат“. Ова е, како што е веќе познато, болната вистина - фармацевтските компании, особено Астразенека, чии вакцини Хрватска најмногу нарача, драстично доцнат со испораките во Европската унија. Така Хрватска, како и сите други земји-членки, освен Унгарија, се согласи на наредбите за преговори на ЕУ во нејзино име, што подразбира еднаква дистрибуција на вакцините.

Но, ова не објаснува целосно зошто повеќето други земји на ЕУ - поточно сите освен Летонија, Бугарија и Финска, имаат повисок просек на вакцинирана популација. На пример, соседна Словенија вакцинираше со две дози 6.9 проценти од населението, и повеќето други земји на ЕУ исто така имаат најмалку двојно поголем процент од населението целосно вакцинирани од Хрватска. Во Унијата, највисоки стапки на вакцинација има во Малта (12,7%) и Унгарија, која е единствената што нарача вакцина независно од ЕУ (11,3%), но и земјите како Шпанија, Португалија или Грција вакцинира повеќе од 7 % од популацијата со две дози.

Ваквиот сооднос на моќ најверојатно се должеше на минатогодишната одлука на хрватската влада да нарача најмногу дози на Астразенека. Оваа вакцина доби предност затоа што, како што е наведено од ХЗЈЗ, „Астразенека прва започна со договор со Европската комисија и во текот на летото на 2020 година беше најперспективниот кандидат за одобрување за употреба во ЕУ“ Но, во текот на целата година, Модерна и БиоНтех / Фајзер ја предводеа трката со вакцини, започнувајќи со првата фаза на клинички испитувања во март, односно април. Кон крајот на август, кога Астразенека накратко го запре тестирањето, на многумина им беше јасно дека mRNA вакцините најверојатно први ќе се појават на пазарот.

Тешко е да се каже дали поголемиот број нарачани дози од Астразенека, компанијата што доцни со испорака на ветените количини, на крајот беше единствениот фактор што влијаеше на Хрватска да добие помалку вакцини досега од повеќето други земји-членки. Но, тоа укажува на лош „преглед на играта“ при донесување на долгорочни одлуки во однос на стратегиите за вакцинација. Дури на почетокот на април премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека по одлуката на Европскиот совет за правилна дистрибуција, Хрватска ќе добие дополнителни 747 000 дози на Фајзер вакцини, што ќе го надомести доцнењето на Астразенека.

„Да не се фрлат“

Но, дури и кога песимистичката статистика за вакцинација ќе ја припишеме на потенцијално послабото политичко влијание на малата Хрватска во сложената динамика на наводно еднаквата дистрибуција на вакцините во ЕУ, тешко е да се каже дека Хрватска добро се справува со јавната здравствена задача за вакцинација.

Да потсетиме, неодамна помина една година откако Хрватска, како и многу други земји, влезе во првиот карантин. Набргу стана јасно дека нема да се ослободиме од пандемијата толку брзо. Релативно брзо стана јасно дека првите вакцини ќе бидат достапни на почетокот на 2021 година. Оттука, приближно осум месеци, сегашната Влада на Република Хрватска ja подготвуваше една од најважните задачи во нејзиниот мандат - стратегијата за ефективна вакцинација против најголемата чума во јавното здравство од почетокот на новиот милениум.

Za obedinuvanjeto okolu nasata zaednicka istorija car Samoil erga omnesИзвор: lider.media

За држава чие јавно здравје лежи на темелите на генијалниот Андрија Штампара (1888-1958) оваа задача требаше да биде речиси рутинска. Но, и покрај повеќе од доволно време за подготовка, првите три пандемски месеци од оваа година беа обележани со неспретна вакцинација, често вакцинирање „преку ред“ и слабо пренесување на информации за вакцините и вакцинацијата до јавноста.

Така, на пример, првата фаза на вакцинирање на здравствени работници и корисници на домови за стари лица сè уште не е завршена, а медиумите веќе започнаа да откриваат неверојатно бесрамни примери на вакцинации преку ред на разни политичари, моќници, па дури и јавни службеници. И додека Канаѓаните беа згрозени од примерот на богат човек кој по пат на измама се вакцинирал себеси и неговата сопруга, што заврши со кривични пријави и јавно понижување, во Хрватска се одвиваше вистински спектакл на пандемиски непотизам, од којшго само бизарните изговори беа бесрамни.

Медиумите најпрво открија дека на крајот од јануари, ректорот на Универзитетот во Загреб, Дамир Борас (кој, патем, веќе бил опоравен од КОВИД-19), бил вакциниран преку ред. Според образложението, ректорот случајно запрел во стоматолошката ординација на неговата сопруга токму во моментот кога вработените се вакцинирале, а по некоја случајност токму тогаш останале неискористени две дози. Тие, пак, им биле дадени на сегашните сопружници Борас, објаснил шефот на стоматолошката клиника за dnevnik.hr, „за да не се фрлат“. Тој призна, сепак, дека ректорот претходно се ,,распрашувал за можноста да се вакцинира во нивната установа.”

Сега веќе култното „да не се фрла“ стана мантра и во други случаи на службени лица и моќни луѓе за кои медиумите откриваат дека биле вакцинирани преку ред, како што се шефот на хрватската трговска комора Лука Буриловиќ и потпретседателот на хрватската ракометна федерација Зоран Гобач. Директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ и членка на кризниот штаб Алемка Маркотиќ призна дека ја вакцинирала нејзината мајка на клиниката. Директорот на болницата во Дубровник, Маријо Бекиќ, вакцинираше членови на неговото семејство. Поранешниот вицепремиер Славко Линиќ исто така беше вакциниран преку ред.

Од сите јавно именувани прекршители на прописите за вакцинација, никој не сносеше никаква одговорност. Затоа не е изненадувачки што многу Хрвати денес знаат примери на луѓе кои биле вакцинирани во текот на зимата, иако не се во ризични групи. Сепак, во држава каде што скоро секој петти жител „фаќа врски“ во здравствените установи и „повикај го човекот“ е скоро нормален режим на работа што често буквално спасува животи, така што може да се каже дека никој не е особено изненаден од овој пандемиски непотизам.

Лоши стратегии за дистрибуција на вакцините

Далеку поголем извор на фрустрација за граѓаните, но и за матичните лекари е лошата стратегија за дистрибуција на дози на вакцини во амбулантите. Во владиниот план за вакцинирање, меѓу другото, се вели дека „секое окружно биро ќе добие количина пропорционална на големината на населението што ја покрива и ќе ја дистрибуира вакцината на лекарите кои вакцинираат во таа област“. Таквата стратегија резултираше со тоа што во пракса ординациите примаат одредена количина на вакцина, без оглед на бројот на корисници од ризичните групи со кои располагаат, иако оваа бројка многу варира од ординација до ординација.

Една од последиците е дека многу лекари се навистина принудени да ги поттикнуваат своите корисници од ризични групи да конзумираат дози што инаку би пропаднале, додека други сеуште не се ни блиску до вакцинирање на нивната ризична популација. Со други зборови, се случува дури и во исто семејство, членови на четириесет години, кои не се изложени на ризик, да добијат покана да се вакцинираат пред своите родители. Разликите се уште поголеми кога се споредуваат одделни жупании и градови, па некаде здрави средовечни граѓани веќе се вакцинираат, додека на други места многумина коишто се на прагот на осумдесеттите сè уште чекаат повик.

Самиот ХЗЈЗ признава дека една од причините за нееднаквоста на вакцинацијата во градовите и областите е „нееднаквиот број на стари лица, здравствени работници, лица со хронични болести во однос на бројот на жители“. Зарем не е логично да се праша зошто овој статистички лесно проверлив фактор не беше имплементиран на време во стратегијата? Овој проблем се чини дека само се продлабочува како што напредува вакцинацијата, а разликите помеѓу одделните области стануваат се поголеми и поочигледни, имајќи предвид дека социјалните мрежи се преполни со објави на млади граѓани коишто се вакцинирале и постари коишто се распрашуваат како да дојдат до вакцина.

Збунувачки систем за пријавување

Од позиција на граѓанин кој чека да се вакцинира, целиот систем се чини збунувачки - дали треба да се регистрирам кај мојот матичен лекар или да се пријавам во националниот систем преку веб-страницата што заживеа дури на почетокот на март? Многумина од оние кои се определија за второто истиот ден кога се отвори можноста наидоа на непријатно изненадување на крајот на март - дури по цели 27 дена пристигна официјалната потврда дека се запишани во системот. Немаше никакви информации за други детали во однос на идниот датум и начинот на вакцинирање во овие генерички мејлови, кои очигледно беа испратени на илјадници адреси на истиот ден.

Исто така, официјалните упатства велат дека сите лица што ќе аплицираат за вакцинација ќе бидат внесени во единствена листа, но нашиот соговорник, Леонардо Бресан, тврди дека матичните лекари немаат увид во системот на пријавени преку интернет-платформата.

Со оглед на тоа дека стратегијата за вакцинација јасно се менува „во лет“ (туристичките работници неодамна се вклучени во приоритетните групи), просечен Хрват под 65 години, без сериозни дијагнози и врски во здравствениот систем со право претпоставува дека вакцинацијата може да се дочека приближно исто како и термин за МР (магнетна резонанца) или КТ скен - една година по пријавувањето. Затоа, сè повеќе граѓани деновиве размислуваат за посета на соседна Србија, читајќи за вишокот вакцини со кои несебично ги честат и странците таму.

Во меѓувреме, со нови рестриктивни мерки низ цела Европа и сè поинтензивното објавување на т.н. Ковид пасоши ширум светот, станува сè поважно прашањето на кое во моментов нема добар одговор - дали жителите на земјите со полоша вакцинација ќе станат дискриминирани групи на граничните премини?

Потфрлување во комуникацијата

Ова нè доведува до уште еден голем проблем што ја придружуваше хрватската борба против пандемијата од самиот почеток. Пренесувањето на пораките до јавноста од страна на надлежните институции е криминално лошо. Наместо агресивна медиумска кампања во која граѓаните од ТВ-програми, социјалните мрежи и други платформи за рекламирање би биле постојано „бомбардирани“ со видеа и графики кои едноставно би ги објасниле опасностите и ризикот од вирусот за различни групи граѓани и зошто ни се потребни превентивни мерки, целата комуникација се сведе на веб-страницата на ХЗЈЗ и познатата веб-страница koronavirus.hr. Наместо да коментираат одредени научни аспекти на пандемијата на фокусиран и професионален начин, членовите на Кризниот штаб поминуваа премногу време во јавни говори за неубедлива одбрана на контрадикторни одлуки, слично на онаа по секоја цена да се сочува одржувањето на миси.

Неверојатно е, всушност, што некој во 21 век, во ера на социјални мрежи што го мултициплираат ширењето на лажни вести и дезинформации, очекува дека за да се едуцира и да се подигне јавната свест - што е првиот предуслов за почитување мерки - доволно е да се фокусираме на неколку веб-страници. Кога на тоа ќе додадете некои исклучително политички обоени одлуки на Кризниот штаб и не е изненадувачки што јавната доверба во многу активности е сериозно нарушена уште во текот на минатото лето.

Информациска какофонија

Во отсуство на јасни пораки и едукација од релевантните институции, главниот збор за ова прашање го зедоа медиумите, од кои некои одработија лавовски дел од работата, но честопати простор му се даваше на секој што сакаше да каже нешто непромислено и неосновано за пандемијата. Резултатот беше еден вид информативна какофонија а овој владин комуникациски модус операнди продолжи и во периодот на вакцинација.

Сега кога, на пример, голем број граѓани се исплашени од информациите за многу ретки, но сериозни несакани ефекти, одбиваат да се вакцинираат со Астразенека, владините експерти сепак сметаат и понатаму дека е доволно да се повтори неколку пати „во етерот“ дека вакцината е безбедна и да се закануваат дека оној што ќе ја одбие понудената вакцина ќе мора повторно да оди „на крајот од редот“. Покрај тоа, кога сите овие проблеми ќе се соберат, неодамнешната изјава на Пленковиќ дека во Хрватска до крајот на јуни 2021 ќе се вакцинира 50 отсто од популацијата, моментално се чини како чиста научна фантастика.

 

Текстот е објавен во рамки на иницијативата „Приказни од регионот“ која ја спроведуваат Рес публика и ИКС, во соработка со партнерите од Хрватска (Lupiga), Косово (Sbunker), Србија (Не давимо Београд), Босна и Херцеговина (Анализирај.ба), Црна Гора (PCNEN), Бугарија (Sega.bg), и Грција (Macropolis).

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или преземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Фијаското на вакцинацијата против Ковид-19 во Буга...
За обединувањето околу нашата заедничка историја -...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Петок, 14 Мај 2021