Еврејската заедница повеќе од 70 години чека извинување и признавање од Бугарија

Поткаст

27.01.21

Прегледи

Горан Садикаријо од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија вели дека секој медал има две страни: за Бугарија едната е спасувањето на Евреите, а другата е депортацијата. „Кога самите ќе бидат подготвени и свесни за злосторствата кои што ги имаат направено нивните претходници, мислам дека ќе дојде време и ќе созрее моментот тоа да се признае“, додава тој. Ернест Херцог од Светскиот еврејски конгрес вели дека историјата не може да се прикажува селективно и во моментот кога ќе почне да се избира кои вистини ќе бидат прикажани, а кои ќе се скријат под килимот, се случува негативна ревизија на историјата која никако не може да се оправда.

ТВ верзија

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии