fbpx

Каан Бајракошан е студент на магистерските студии по политички науки на Универзитетот во Варшава во Полска. Завршил додипломски студии по новинарство на Универзитетот Еге во Турција. Тој исто така студирал на Универзитетот Вилнус во Литванија во оваа област како дел од програмата за размена на студенти. Тој има новинарско искуство во локалните медиуми за време на неговите студии во Измир, Турција.

Филип Клетников дипломирал германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал интердисциплинарни средновековни студии (германистика, филозофија, историја на уметност) на Универзитетот „Ото-Фридрих“ во Бамберг, Германија, како стипендист на DAAD. Покрај тоа што е активен како поет, есеист, преведувач и раскажувач, има одржано јавни предавања и организирано трибини кои третираат современи општествени проблеми разгледувани низ призмата на автори/дела/правци од областа на книжевноста и филозофијата.

Слаѓана Коматина ги заврши магистерските студии на Факултетот за политички науки во Белград, на смерот по јавна администрација, локална самоуправа и јавна политика. Во Центарот за слободни избори и демократија, таа е ангажирана во проекти кои се фокусираат на изборните процеси, локалната самоуправа и медиумите. Таа работеше во деловниот сектор во период од три години, каде нејзиниот главен фокус беше на организирање на настани и координација на секторот за набавки.

Хјуго Дрошен е асистент по политичка теорија на Универзитетот во Нотингем, и автор на „Големите политики на Ниче“.

No posts currently available

Хауард Дејвис е првиот претседател на Агенцијата за финансиски услуги на Велика Британија (1997-2003), е претседател на Royal Bank of Scotland. Тој беше директор на London School of Economics (2003-11) и беше заменик гувернер на Централната банка на Англија и генерален директор на Конфедерацијата на британската индустрија.

No posts currently available

Катарина Блажина Мукавец е родена во Загреб. Таа ги завршила своите маагистерски студии по комуникации на Факултетот за хрватски студии, Универзитет во Загреб во 2015 година. Од 2012 година, таа е активен член на Друштвото за комуникација и култура на медиуми и учествува во креирање едукативни содржини и предавања за ученици од основно и средно училиште, како и веб-конференции за едукатори од цела Хрватска. Од 2016 година, таа е координатор на секторот предавачи и волонтери во проектот „Деца на медиуми“, што Здружението го спроведува со цел подобрување на медиумската писменост на граѓаните на Република Хрватска.

Ен О. Кругер е поранешен главен економист на Светска банка и поранешен прв заменик директор на Меѓународниот монетарен фонд, е научен советник/професор за меѓународна економија на Универзитетот Џон Хопкинс, Факултет за напредни меѓународни студии, и виш соработник во Центарот за меѓународен развој на Универзитетот Стенфорд.

No posts currently available

Тина Хруби ги завршила своите магистерски студии по комуникациски студии на Факултетот за хрватски студии во Загреб, специјализирана за односи со јавност. Дипломирала на универзитетот „Вилнус“ во Литванија и Националниот универзитет „Сун Јат-сен“ во Тајван преку програмата за размена на студенти. Од 2013 година, таа е активен член на Друштвото за комуникација и култура на медиуми, а како дел од проектот „Умот над медиумите“, го создаде првиот пропаганден наставен план наменет за едукација на мигрантите и барателите на азил. Во моментот е вработена во Друштвото за комуникација и култура на медиуми како координатор на проектните активности и е заменик директор на канцеларијата.

Амар Мециновиќ е активен студент при катедрата на Политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Зборува македонски и српско-хрватски како мајчини јазици, додека англискиот го зборува на академско ниво, згора на тоа има разговорно познавање од рускиот јазик, како и почетно знаење во турскиот и италијанскиот јазик. Победник е на ораторската вечер „Иво Пухан“ во организација на матичниот факултет во 2017 г.

Филип Н. Хауард е професор на Универзитетот во Оксфорд и автор на Lie Machines: How to Save Democracy from Troll Armies, Deceitful Robots, Junk News Operations, and Political Operatives.

No posts currently available

Артан Лимани е доктор на науки од областа на високото образование. Докторирал на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) под покровителство на светски познатиот професор од универзитетот Индиjана во Индиjанаполис, САД, д-р. Џон Периш-Спрол. Магистрирал на комуникациски науки на Универзитетот „Пурдју“ во Форт Вејн, САД, каде работел и како асистент. Во академската 2003/2004 година престојувал на Универзитетот Индиjана во Индијанаполис за академска надградба и специализација за научни истражувања. Од 2004 до 2014 година работел како предавач на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) каде покрај предавањата бил вклучен и во развојот на наставните програми и придонел за интеграција на академските вештини во наставата по англиски јазик за специфични цели при тоа обезбедувајќи мулти-димензионален пристап кон учењето. Во 2009 година тој повторно престојува во САД каде се сертифицирал за стратегии за предавање и учење на универзитетот „Боулинг Грин Стејт“. Од септември 2014 година, тој се префрли во Технолошкиот институт Рочестер во Приштина (РИТ Косово), за да управува со академскиот дел на една од највлијателните образовни програми на Косово по војната, финансирана од УСАИД Косово. Тој е составувач на Програмата за обука на американскиот универзитет, програмата за пред-универзитетски подготвyвања и Летниот камп во РИТ Косово. Предавал низа предмети од комуникациски науки, академско пишување и научни истражувања. Тој е страствен истражувач за развој на образованието за кои се претставил на повеќе меѓународни конференции.

М-р Ива Цоневска работи како проектна менаџерка и истражувачка во Институтот за европска политика, во програмата за демократија и владеење на правото. Во 2013 година, Ива дипломирала на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ (Македонија), а две години подоцна магистрирала на насоката меѓународно право на истиот факултет. Во 2017 година, таа го положила правосудниот испит (Македонија). Таа е авторка на неколку публикации поврзани со Поглавјето 23, пристапување во ЕУ и правосудство.

Ричард Н. Хаас, претседател на Советот за надворешни односи, претходно бил на позиција Директор за планирање на политики за Стејт департментот на САД (2001-2003) и бил специјален пратеник на претседателот Џорџ В. Буш во Северна Ирска и Координатор за иднината на Авганистан . Тој е автор на „The World: A Brief Introduction“ („Краток вовед на светот“).

No posts currently available

Александар Каратошо е студент на додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Моментално, тој е стипендист на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и член на новоформираната European Democracy Youth Network (EDYN) и Евро-атлантски совет на Македонија. Александар има долгогодишно искуство во голем број на национални и интернационални граѓански организации, преку кои земал учество на повеќе од 35 интернационални програми и организирал многубројни настани, работилници и проекти. Дополнително, тој е поранешен член на претседателството на „Студентскиот Парламент при Универзитет Св. Кирил и Методиј“, како и основач и претседател на невладината/непрофитна граѓанска организација „Асоцијација за младинско зајакнување“, чија работа вклучува зајакнување на младинските капацитети и зголемување на можностите за млади во повеќе области. Исто така, тој е креатор на зелениот социјален стартап КараПласт, кој е првиот македонски полуфиналист на Европскиот натпревар за социјална иновација во организација на Европската комисија, во конкуренција на 540 проекти од цела Европа.

Сергеј Зафироски е основач и извршен менаџер на Инсајдер ИД, агенција специјализирана за квантитативни бизнис истражувања и напредна бизнис аналитика. Професионалната кариера ја започнува во 2007-ма година во продажба на производи за широка потрошувачка и продолжува на неколку различни позиции во продажба и бизнис аналитика се до 2013-та кога ја ребрендира компанијата во агенција за истражување. 

No posts currently available

Иван Николовски има магистрирано на Одделот за политички науки при Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта стекнувајќи се со специјализација во споредбената политика. Етнички поделените општества, етничкиот идентитет во политиката и општествените движења се дел од неговите академски интереси. Николовски работи како истражувач во Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во Скопје, фокусирајќи се на процесите на европска интеграција и регионална соработка помеѓу државите и општествата од Западен Балкан.

Едисон Јакурти е кандидат за доктор по економија на Универзитетот Фреј Берлин (Freie Universität Berlin). Неодамна тој беше назначен за заменик министер за економија, вработување, трговија, индустрија, претприемништво и стратешки инвестиции во Косово. Се здобил со титула магистер по меѓународна политика, фокус на применета економија, на универзитетот Дјук во САД, а ги завршил своите додипломски студии по економија и статистика на Р.И.Т. Работел како асистент за истражување и предавање на Универзитетот Дјук и како консултант на Светската банка во Вашингтон.

Исак Воргучиќ - извршен продуцент и менаџер на радио телевизијата „Ким“ во Чаглавица, Косово, уште од нејзиното основање во 2000 година. Негови интереси се новинарството, теологијата и военото образование.

Албан Дафа е истражувач за управување и безбедност во Институтот за демократија и медијација (ИДМ). Неговата работа се фокусира на албанските институции за безбедност и одбрана и реформи во управувањето поврзани со пристапувањето во ЕУ. Пред да се придружи на ИДМ, тој служел во албанските поморски сили како командант на патролен брод, навигатор и помлад хидрограф. Тој дипломирал на поморската академија во САД и е Чивнинг алумни.

Редион Кирјази е програмски менаџер и истражувач за безбедносни прашања. Неговата работа се фокусира на одбрана, тероризам, решавање на конфликти, насилен екстремизам, интегритет на јавниот сектор и добро управување. Редион дипломирал на Воената академија на САД (Вест Поинт) и претходно служел како офицер во албанската армија цели 7 години, вклучително и во воена тура во Авганистан. Тој е Rotary Peace Fellow и добитник на Чивнинг (Chevening) стипендија, во чии рамки ги завршил магистерските студии по применета стратегија за безбедност на Универзитетот во Ексетер.

Игор Тодоровиќ е новинар и е специјализиран за финансии и енергетика на глобално ниво. Тој ги следи балканските теми подеднакво широко, со акцент на транзицијата и надминување на последиците од војната, миграцијата и еманципацијата. Учествувал во повеќе уметнички и хуманитарни проекти.

  • Blogo +

    Bashkohuni me ekipin e bashkëpunëtorëve dhe sugjeroni një temë ose dërgoni një tekst, me foton tuaj dhe një biografi të shkurtër në info@iks.edu.mk.

    Lexo më shumë

  • Udhëzime +

    Tekstet duhet të përmbajnë ndërmjet 900 dhe 1300 fjalë dhe duhet të shkruhen në paragrafë të shkurtër, në një stil të kuptueshëm dhe joformal.

    Lexo më shumë

  • Shkarko +

    Ne dëshirojmë të nxitim një debat të shëndetshëm në lidhje me interesin publik dhe për këtë arsye t'i inkurajojmë lexuesit të lënë komente të arsyeshme dhe konstruktive në të gjitha blogјet tona, përfshirë edhe kritika të forta.

    Lexo më shumë

  • 1

Na ndiq