fbpx

Бугарија ја симна маската на добри намери

Видео поткаст

21.04.22

Прегледи

Отворањето на бугарските културни центри во Битола и Охрид ги симнаа маските дека Бугарија се откажува од првобитните позиции и како балон ги распрсна надежите за решение до јуни, вели во поткастот на Рес публика Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика. Додава дека фокусот треба да биде членство во Унијата, а не почетокот на преговори и затоа отстапките кон Бугарија треба да се направат на крајот на преговорите кога Софија нема да може да ја повлече согласноста.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија, одржливо решение не може да се постигне преку политика на сила, преку спирала на негаторски постапки за кои не постои реципроцитет. Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања вели дека ЕУ преку лидерите на највлијателните членки мора да најде начин да го пробие бугарското вето за македонските евроинтеграции.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

ТВ верзија