fbpx

Приказни од регионот #8: “Војната на дезинформации на Западен Балкан”

ВЕСТИ

29.03.22

Прегледи

Руската инвазија на нејзиниот сосед доведе до вртоглаво зголемување на дезинформациите и лажните вести во регионот. Конфликтот доведе до широко распространета паника и поттикнување страв кај јавноста низ земјите од Западен Балкан.

Тоа, исто така, доведе до зголемени хибридни закани кои ги загрозуваат дигиталните средини и инфраструктура во регионот, зголемувајќи ги можностите за нарушување на приватноста и личните податоци.

Бранот на дезинформации и лажни вести низ целиот регион може да предизвика нови конфликти и да влијае на јавниот дискурс во годините што доаѓаат. Проруската пропаганда и масовните кампањи за дезинформации се на невидено високо ниво по избувнувањето на руско-украинскиот конфликт.

Во „Приказни од регионот #8“, фокусот е баш на овие „војни на дезинформации“ низ Западен Балкан и како тие предизвикуваат хаос на медиумскиот простор во регионот, наведувајќи ги можните чекори за надминување на овој проблем.

Иницијативата „Приказни од регионот“ја спроведуваат Рес публика и ИКС, во соработка со партнерите од Хрватска (Lupiga), Косово (Sbunker), Србија (Autonomija), Босна и Херцеговина (Анализирај.ба), Албанија (Exit News), и Црна Гора (PCNEN).