Ананиевска: Дискриминацијата почнува со недостигот на литература за слепи лица

Влог

04.07.19

Прегледи

„Немаме доволно книги на Браево писмо или аудио книги. Се снаоѓаме како знаеме и со помош на добронамерните професори.“ – вели Ема Ананиевска, единствената дипломирана пијанистка со општетен вид во Македонија. Освен до образовните власти, апелира и до семејствата на деца со попречености да ги вклучат своите најмили во редовна настава бидејќи придобивки имаат не само децата, туку и семејствата и државата.