Сибел Амет
Одговорноста за нападите и насилството во Собранието директно ја сносат напаѓачите, организаторите на протестот, присутните полициски службеници и нивните претпоставени кои ја злоупотребија својата службена положба, но и политичарите и функционерите кои во изминатиот период отворено користеа и ширеа говор на омраза и поттикнуваа раздор и нетрпеливост врз национална основа и политичка припадност.