fbpx

100% невистина

Арта Бериша

Политика

23.01.19

Прегледи
МК   ALB   SR

Арта Бериша

Arta Berisha 200x250Голема е можноста за креирање и дистрибуција на дезинформации меѓу Косово и Србија во тензични периоди меѓу oвие две земји. Новинарите и граѓаните треба да бидат внимателни за политичките одлуки да не влијаат на професионалната работа и на приодот кон заедницата.

Одлуката на Владата на Република Косово за да постави тарифа од 100 отсто на производите од Србија и Босна и Херцеговина побуди голем интерес кај граѓаните.

Таквата мерка на Владата на Република Косово побуди ентузијазам кај голем број на граѓани на Косово и наиде на широка општествена поддршка после агресивните политики на српската држава, во истата недела кога Косово не успеа да стане дел од ИНТЕРПОЛ. Во последно време, посебно во 2018 година, Србија водеше дипломатска кампања за повлекувањето на признавањето на независноста на Косово. Во моментов, заради  ставот на официјалниот Белград некои држави го имаат повлечено признанието.

Сепак, и покрај ваквиот ентузијазам, онлајн платформите за комуникација не одбегнаа да објавуваат неверификувани вести, погрешни цитирања на властите, како и поттикнување на говорот на омраза внатре во политичкиот спектар на Косово.

Исто така, државните авторитети на Србија преземале голем број на мерки за спречување на интегрирање на српските граѓани во институциите на Косово. Пред неколку дена, Премиерот на Косово Рамуш Харадинај информираше дека двајца припадници срби на  ССК (Силите на Сигурност на Косово) се запрени од српските авторитети, на граничниот премин во Јариње. Во еден пост на неговиот фејсбук профил, Харадинај рече дека овие се закани кон немнозинските заедници. Според официјалните авторитети во Приштина, пресијата на Белград има направено да, во текот на 2018 година, десетици срби да побараат да заминат од ССК.

Сепак, и преку ентузијазмот на платформите онлајн за комуникација, не беше избегнато објавувањето на неверифицираните вести, погрешно цитирање на властите, како и поттикнување на говорот на омразата внатре во политичкиот спектар на Косово.

Лажната изјава на Вучиќ:

„Вучиќ: намалете ја таксата на 100 отсто и ќе дискутираме на која тема ќе посакате“, е дезориентирачкиот наслов на една изјава на претседателот на Србија Александар Вучиќ само два дена после одлуката на Владата на Косово. А вистината во оваа изјава е дека српскиот претседател Вучиќ бара целосно укинување на таксата за да продолжи дијалогот. Имено, порталот „Коха.нет“ ја цитира изјавата на Вучиќ „Повлечете ги варварските тарифи и веднаш ќе разговараме“. Друга вест која кружи на онлајн страниците е дека „Блокирањето на европските стоки од Србија кои за дестинација го имаат Косово“, но таа не е верификувана. Во оваа вест како извор се земени само „бизнисмени“, кои во написот се прикажуваат како анонимни.

Подоцна, веста ќе биде негирана од српскиот министер за трговија.

Како што пишува весникот „Инсајдер“, српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ, изјавил дека Србија не донела никаква одлука за да се сопрат стоките од Европа кои како дестинација го имаат косовскиот пазар.

100 procenti nevistinaИзвор: europeanwesternbalkans.com

Веста за блокадата на европските стоки ја негира и портпаролот на Царината на Косово, Адриатик Ставилеци. Тој ќе изјави дека оваа вест не е вистинита затоа што и после одлуката за тарифа од 100 проценти, има стоки кои доаѓаат од трети земји (како Германија), коишто ја користеле Србија како транзитна земја за влегување на стоката на Косово. Најпрвин објавена од весникот „Инсајдер“, веста за блокирање на европските стоки од страна на Србија брзо е дистрибуирана во другите медиуми и се уште се третира како вистинита. Но, не е.   

„Членовите на ССК со 20 превозни средства тргнале кон северот на Косово“, ова е друга вест која е „увезена“ од српските медиуми. Медиумите не успеаја да ја верифицираат присутноста на ССК на север на земјата, но во истиот ден веста беше негирана и од безбедносните авторитети на Косово. Политичарите се реферираа кон оваа вест како дел од пропагандата со цел да им послужи на политичките цели на раководството на Србија.

Пропагандна војна

Но, и во други случаи самите косовски политичари се обраќаат кон пропагандистички верзии на српските медиуми, блиски до српската влада, како што е на пример таблоидот „Информер“.

Авни Арифи, советник на премиерот Рамуш Харадинај, сега веќе го има отстрането постот на „Фејсбук“ со кој го критикуваше пратеникот на ДСК (Демократскиот сојуз на Косово) Дритон Селманај за изјава дадена за весникот „Информер“ еден ден по воведувањето на одлуката за  таксата - „Запри јунаку“ – вака на ироничен начин Арифи му се обраќа на пратеникот Селманај, објавувајќи една фотографија на весникот „Информер“ како и превод на албански јазик на содржината на весникот. „Со Србија ќе ја урнеме владата“, се цитира дека има изјавено Селманај за весникот „Информер“.

„Изјавата“ на Селманај на неговите следбеници на Фејсбук и за медиумите им ја пренесе советникот на премиерот. Но, Дритон Селманај реагираше по големиот број на негативни коментари на негова адреса за тарифата од 100 насто, но како тема која ДСК и ДСО (Движењето Самоопределување) ја имаат во дискурсот и во нивното ангажирање веќе една година за да создадат можност да ја соборат оваа манипулантска влада. Во агендата на српските медиуми е да ја напаѓаат косовската Влада за нејзината одлука, но всушност мојата изјава беше во сосема поинаков контекст“, напиша меѓу другото пратеникот Селманај.

Безбедноста во опасност

Различни политичари се повикуваа на оваа вест како дел од пропагандата која што има за цел да им послужи на политичките цели на раководството во Србија. Но, во други случаи, самите политичари даваат изјави кои се пренесуваат од пропагандни верзии на српските медиуми, кои се блиски до српската влада; каков што е постојано случај со таблоидот „Информер“.

Не недостасуваа и коментарите со заканувачки тонови и со омраза кон пратеникот Селманај. Кога пропагандните пораки се прошируваат од државни или партиски функционери секогаш ефектот има можност да биде поголем и уште поштетен за другите страни. Селманај рече дека никогаш нема зборувано за српскиот медиум кој го „цитирал“.

Таквите вести не само што и наштетуваат на репутацијата на една индивидуа, туку тие ги ставаат во опасност и општите вредности на информирањето на граѓаните за политичките и општествените процеси. Освен тоа, нивното пласирање може директно да ја стави во опасност безбедноста на граѓаните.

Според еден извештај на Новинарите од Косово, напливот на порталите на медиумската сцена, кои честопати пласираат вести без верифицирање на извори ги имаат загрозено професионалните стандарди на етичкиот кодекс. Во извештајот „Показателите за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“, од 2017 година, се вели дека ова се случува заради потребата од кликови. Од друга страна, копирањето на вестите од српските медиуми се смета за лоша практика најпрво заради фактот што тие немаат кредибилни извори на Косово и заради фактот што голем број на медиуми во Србија се контролирани од власта.

Пројектот „Вистината онлајн„ е финансиран во рамките на шемата на под-грантовите подджани од Европската Унија, канцеларијата на Косово, а се реалиѕирани од Балканската новинарска истражувачка мрежа – БИРН и Асоцијацијата на новинарите на Косово.

Ве молиме прочитајте ги правилата за коментирање и преземање на содржините.
Напомена: Мислењата и ставовите во овој напис се на авторот и тие не ги одразуваат ставовите на Институтот за комуникациски студии или донаторите.

Арта Бериша

Арта Бериша е новинар и асистент предавач на Факултетот за новинарство и масовна комуникација на ААБ колеџот во Приштина. Таа во моментов го води проектот „Вистинит интернет“, чија цел е да го подобри известувањето за онлајн медиумите и да ја подигне свеста кај граѓаните дека не е точно она што го читаат. Бериша работела 10 години на албанската национална телевизија Топ Канал и била член на Управниот одбор на Здружението на новинари на Косово.