fbpx

Влатко Стојановски

Влатко Стојановски моментално е новинар во интернет-порталот Фокус и во неделникот Фокус, a претходно работел во дневниот весник Фокус, во неделникот Сега и во други електронски и печатени медиуми. За време на 12-годишната новинарска кариера, тој бил дел од информативната редакција и во внатрешно-политичката рубрика на неколку медиуми, додека во последните години главно работи на истражувачки стории поврзани со судир на интереси, трговија со влијание, злоупотреба на моќ. Досега, добил признание од Македонскиот институт за медиуми за сторија поврзана со последиците и одговорноста околу аерозагадувањето, награда од Европската унија како коавтор на сторија за феноменот – „рамковни административци“, а неговата сторија за злоупотребите со земјоделски субвенции победи на конкурсот за најдобра истражувачка сторија во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија.

Како ЕСМ потроши милиони преку нетранспарентни договори

Влатко Стојановски

09.02.22

Ако во првото полугодие од 2021 година, државната компанија за производство на струја АД ЕСМ (ЕЛЕМ) склучила 6 договори во постапки со преговори без...