fbpx

За Рес публика

Рес публика е академски блог на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и претставува иницијатива за дигитално граѓанство која ја јакне улогата на академската и стручната заедница во штитењето на јавниот интерес.

Преку продукција на содржини за блог, влог, видео подкаст и други производи, Рес публика создава професионална мрежа од професори, аналитичари, истражувачи, новинари, граѓански активисти, стручњаци од различни професии, јавни службеници и студенти која ги анализира прашањата од јавен интерес. Рес публика ги проценува и презентира информациите на фактички, објективен и неутрален начин и е независен извор на ставови од академската и стручната заедница. Нејзините соработници се професионалци, кои се експерти во своите области и влијаат на креирањето на политиките за кои тие дискутираат. На овој начин, ѝ се овозможува на јавноста да формира ставови и да донесува одлуки на информиран начин.

Рес публика е бесплатен ресурс и сите граѓани може слободно да читаат, коментираат, споделуваат или реобјавуваат во согласност со нашите правила. Блогот го пополнува јазот што постои меѓу медиумите и нивната потреба за континуиран и сигурен извор на информации со цел да продуцираат длабински анализи за прашања кои инаку не би биле забележани од пошироката јавност. Затоа на медиумите им се овозможува да ги извлечат содржините од блогот и да имаат пристап до професионално разработени теми. Истовремено, Рес публика за креаторите на политиките обезбедува навремен и лесен пристап до релевантни истражувања и ставови на клучни чинители во општеството.

Конечно, академскиот блог Рес публика придонесува кон научно-истражувачката дејност на ИКС, со тоа што објавува анализи за актуелни теми и прашања поврзани со јавната дебата и со градењето на политиките во државата, промовира идеи и решенија поврзани со потребите на јавниот сектор и на индустријата и гради темелна истражувачка база која може да биде користена за процесот на образование.

Рес публика е финансиран од Британската амбасада во Република Македонија како дел од проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“.

Уредник

м-р Бојан Георгиевски,

Kонтакти


02 30 90 004
ул. „Јуриј Гагарин“ 17/1-1, Скопје