Едиција ResPublica
2024 |
|
Истражување на јавното мислење: Практики и перцепции на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите има цел да добие сознанија за начинот на кој граѓаните се информираат, кои се нивните теми на интерес, каква е нивната перцепција за начинот на информирање од медиумите, нивните перцепции за транспарентноста и отчетноста на државните органи и како се справуваат со дезинформациите. |
|
Родовиот наратив е значително малку застапен во новинарските извештаи за претседателските и парламентарните избори заради неговата ниска застапеност и во реториката на говорниците и говорничките во кампањите. Самите медиуми речиси не анализираа теми за вклученоста на жените на изборите, особено за тие од етничките заедници, што укажува на ниската свест за важноста на прашањата за родова еднаквост. |
|
Документот „Медиумска писменост за сите: Водич за инклузивно медиумско образование“ нуди практични совети и идеи како да ги вклучите сите ученици во наставата на креативен начин, без разлика на нивните вештини или претходно образование. Во денешно време, важно е секој ученик да стекне вештини за критичко размислување и креативно изразување. Овој водич содржи идеи како да ја направите вашата училница простор каде секој се чувствува добредојдено и вреднувано. Водичот содржи практични совети за избор на соодветни материјали и активности за медиумска писменост, како и вежби за вклучување на сите ученици во процесот на учење. Водичот е наменет за сите наставници и едукатори кои сакаат да им помогнат на своите ученици од основно и рано средношколско образование да развијат критичко размислување и креативност во однос на медиумите со кои се среќаваат секојдневно. Документот е адаптација на финскиот модел за инклузивно медиумско образование изработен во рамки на проектот Инклузивно и креативно медиумско образование (ICME) во чии рамки ИКС е партнер заедно со Универзитетот во Фиренца, Италија. |
|
Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации во медиумите, но повеќе од половината можеби споделиле дезинформации без да знаат. Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни. Ова го покажува анкетата на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во пресрет на претседателските и парламентарните избори, чија цел е да се утврдат навиките за користење на медиумите и вестите кај младите луѓе, нивната способност да ги препознаваат дезинформациите во медиумите и како се граѓански и политички ангажирани. |
|
2023 |
|
Водичот за обучувачи за креативност преку критичка медиумска писменост е креиран да им помогне на обучувачите и едукаторите да ги поттикнат студентите да „размислуваат надвор од кутијата“ кога консумираат различни медиумски содржини. Водичот комбинира теорија со пракса и може да се примени во различни образовни услови, сè за да ги збогати знаењата и вештините на студентите да станат одговорни и критички консументи, но и креатори на медиумски содржини.
|
|
Во извештајот се презентираат наодите од истражувањето на практиките на граѓаните за информирање, перцепциите и ставовите во врска со информирањето за тековни настани/процеси во државава, како и транспарентноста и отчетноста на државните институции.
|
|
Медиумите овозможија широка застапеност на антиродовите наративи во медиумскиот простор, со што придонесоа за пласирање и ширење родови дезинформации при известувањето за настаните во врска со Предлог-законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.Ова го покажува анализата „Родовата еднаквост во време на родови дезинформации“, која Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја изработи за периодот од мај до јули оваа година.
|
|
Доминацијата на дневнополитичките случувања, ограничените ресурси во редакциите, недостигот од специјализирани новинари, отсуството на извори и перцепцијата дека темите поврзани со родово базираното насилство не се од примарно значење придонесуваат кон недоволно известување за родово базираното насилство. Ова го покажа анализата „Eтичко известување за родово-базираното насилство во Северна Македонија“, што ја изработи Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“ што го спроведува Фондот за население на Обединетите нации.
|
|
Сексистички говор на омраза кон младите девојки се шири преку коментарите на новинарските извештаи на социјалните медиуми, кои се плодна почва за развивање на родово-базирани злонамерни и вознемирувачки содржини. Основата за креирање на ваквите содржини најчесто се новинарските објави, па за нивното спречување значајна е улогата на медиумите и нивното известување, а особено регулирањето на коментарите на новинарските извештаи на социјалните медиуми. Ова го покажува анализата на родово-базирани содржини „Сексистички говор на омраза кон млади девојки“, што ја изработи Институтот за комуникациски студии.
|
|
Водичот „Препознај и спречи: новинарски алатки за справување со дезинформации“ е наменет првенствено за новинарите и медиумските работници кои се соочени со наплив на дезинформации, погрешни или злонамерни информации или разни други манипулативни техники. Оваа публикација содржи стандарди и вредности за кредибилно новинарство, како ибесплатни алатки за проверка на изворите и информациите и за пласирање веродостојни медиумски содржини.
|
|
Истражувањето „Ранливост на дезинформации кај различни групи граѓани во Северна Македонија“ има за цел да ги утврди индивидуалните фактори, мотиви и бариери за препознавање и за справување со дезинформациите на ранливите групи граѓани (млади меѓу 18 и 28 години, лица над 60 години, и приматели на социјална помош), како и да ја утврди поврзаноста на медиумската писменост со препознавање дезинформации во интернет-вести. ИКС го изработи истражувањето во рамките на проектот „Користи факти“ со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
|
|
Истражувањето „Улогата на институционалната транспарентност во справувањето со дезинформациите и шпекулациите во Северна Македонија“ има за цел да идентификува како транспарентноста може да помогне во спротивставувањето на ширењето на дезинформации што ја поткопуваат довербата во државните институции. Истражувањето покажува како транспарентноста придонесува кон поголема отвореност и доверба на јавноста, и содржи препораки за зајакнување на отпорноста на демократските општества на дезинформациите. Институтот за комуникациски студии го изработи истражувањето во рамките на проектот „Користи факти“ со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
|
|
Анализата на родово-базирани медиумски содржини „Фемицидот во македонските медиуми“ има цел да даде одговор како медиумското известување за случаите на фемицид, како најтешка форма на родово-базирано насилство, влијае на перпетуирањето на родовите стереотипи. Во оваа студија се анализирани три посебни случаи за фемицид во Македонија и фемицидот на Махса Амини во Иран од страна на полицијата. Медиумската анализа е изработена од Институттот за комуникациски студии во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, кој се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.
|
|
2022 |
|
Овој извештај ги содржи наодите од истражувањето на јавното мислење што се однесува на утврдувањето на способноста на граѓаните за препознавање и справување со дезинформации. Истражувањето има неколку цели, односно да ја утврди свесноста на граѓаните за заканите од дезинформации и нивните техники, нивните извори, финансирање, мотиви и ефекти; да ги утврди знаењето и вештините за препознавање дезинформации, како и однесувањето на граѓаните во однос на дезинформациите, и да ги идентификува практиките на креирање медиумски содржини.
|
|
ИКС спроведе истражување на главните наративи на говор на омраза, како и на главните сторители (и жртви) на таквиот говор во Македонија. Прочитајте го документот во кој се анализираат најочигледните вакви примери во последните две години.
|
|
Публикацијата „Климатските промени и отпорот на природата “, претставува сублимација на сите релевантни и најнови информации и истражувања за влијанието на климатските промени врз природата, живиот свет и животната средина во Македонија. Hадополнето со мислењата и ставовите на стручни лица од различни сектори кои работат во ова поле, анализата дава јасна слика за состојбата и чекорите што треба да се преземат во проучувањето на климатските промени, со цел да се намалат последиците кои тие ги оставаат врз животната средина.
|
|
Оваа публикација дава одговор за застапеноста на медиумската писменост на студиските програми кај универзитетите и другите високообразовни институции во Република Северна Македонија. Целта на истражувањето е да се види дали високото образование ги оспособува студентите со неопходните знаења и вештини во сферата на медиумската, дигиталната и информациската писменост, како и дали ги подготвува да се справат со напливот на дезинформациските кампањи.
|
|
Како здружените граѓани најдобро го штитат јавниот интерес? Прочитајте ги нашите научени лекции од проектот „Поврзи ги точките“. Создадовме граѓанска коалиција што им овозможува на граѓанскиот сектор, академската заедница, медиумите и јавните институции да соработуваат за подобро владеење. Се фокусиравме на заштитата на јавниот интерес и зајакнувањето на новинарството од јавен интерес. Дадовме простор за различни ставови, покренавме теми што беа маргинализирани во традиционалните медиуми и помогнавме тие да станат главни во медиумското известување.
|
|
2021 |
|
Ставовите и креативните решенија на граѓаните се водечка сила за понатамошен развој на решенија за постоечките еколошки проблеми на локално и национално ниво. Во оваа публикација, можеме да прочитаме текстови од млади автори кои имаат да споделат идеи за подобра и поздрава животна околина. Текстовите се изработени во рамки на натпреварот за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“ организиран од Рес публика и Институтот за комуникациски студии (ИКС).
|
|
Во третава деценија на дваесет и првиот век веќе се презедоа ветувачки нови климатски обврски. Сè повеќе влади и големи корпорации поставуваат цели за намалување на емисиите на стакленички гасови. Но, останува уште многу да се направи. Брзото ширење на Делта сојот на коронавирусот и огромниот број екстремни шумски пожари и бури ширум светот, беа пеколен предвесник на сè поверојатната иднина. Заедничката публикација на Рес публика и Проект Синдикејт „Нови Самити“ се фокусира на можните решенија со кои поспремни ќе ја дочекаме таа иднина.
|
|
Публикација „Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам“ на Институтот за комуникациски студии и Македонско еколошко друштво се фокусирана на правните механизми за заштита на животната средина, екоактивизмот како граѓански ангажман, но и како да се создаваат кампањи за застапување на инцијативи од јавен интерес. Во него подетално е објаснето зошто е важно и како да се заштити животната средина со македонското право, граѓанската ангажираност како важен услов за унапредување, но и спречување какво било деградирање на животната средина како и за чекорите на планирање на кампањи од јавен интерес.
|
|
2020 |
|
Истражувањето „Локални приоритети за заштита на животна средина во регионите со заштитени подрачја (Демир Капија, Преспа, Струмица, Пелагонија, Тиквеш и Охрид) на Институтот за комуникациски студии и Македонско еколошко друштво се фокусира на утврдување на најгорливите еколошки проблеми во овие шест региони. Дополнително истражувањето се осврнува и на застапеноста на екологијата и животната средина во формалното образование, вклученоста на младите во еко активности, како и што преземаат граѓанските организации и надлежните институции за заштита на животната средина.
|
|
Заедничката публикација на Рес публика и Проект синдикејт „Пандемијата на стравот“ содржи оригинални анализи на сегашни и поранешни политички лидери, креатори на политики и реномирани научници кои ги презентираат предизвиците што ни претстојат во 2021 година, на национално и на меѓународно ниво, за да бидеме сигурни дека криза каква што е пандемијата, нема да нè начека повторно неподготвени.
|
|
Документот за јавна политика, „Проблеми во управувањето со водните ресурси: Како да ја користиме и заштитиме водата“, служи како алатка во кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии, со која се врши влијание во процесот на донесувањето одлуки и ќе се повика целната публика на акција во областа на управување со водите. Во документот се содржани податоци и увид во тековните проблеми со управувањето со водите кои бараат итно внимание и нудат алтернативни решенија и конкретни препораки за решавање на проблемите. Документот се заснова врз истражување и интервјуа со познавачи на областа.
|
|
Документот за јавна политика, „Со ефективен надзор против прекумерното искористување на природните ресурси“, служи како алатка во кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии, со која се врши влијание во процесот на донесувањето одлуки и ќе се повика целната публика на акција во областа на управување со природните ресурси. Во документот се содржани податоци и увид во тековните проблеми со управувањето со природните ресурси кои бараат итно внимание и нудат алтернативни решенија и конкретни препораки за решавање на проблемите. Документот се заснова врз истражување и интервјуа со познавачи на областа.
|
|
2018 |
|
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Институтот за различности во медиумите од Лондон го изработија „Прирачникот за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации“. Во него се содржани корисни совети како сите овие групи можат да ја промовираат медиумската писменост.
|
|
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.
|
|
Прирачникот „Како поефикасно да комуницирате со граѓаните преку дигиталните медиуми: прирачник за граѓански организации“ нуди преглед на можностите кои ги нудат дигиталните медиуми наспроти традиционалните. Дополнително, се осврнува кон тоа како дигиталните медиуми можат да им помогнат на граѓанските организации во промовирање на нивните активности, проекти и иницијативи. Прирачникот содржи и практични совети за креирање на ефективни пораки, сегментирање на публиката, и совети за тоа кои дигитални алатки се најсоодветни за одредени публики, како најлесно да се измери влијанието на социјалните медиуми и како да се подготви план за социјални медиуми што ќе им помогне на граѓанските организации да се доближат до својата целна публика.
|
|
Документот „Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера“ се фокусира на предизвиците и проблемите со кои се соочува новинарството во дигиталната ера. Документот нуди осврт кон легислативата од областа, преглед на случаи од практиката, и препораки за тоа како медиумите и новинарите да известуваат професионално и етички.
|
|
Документот „Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија“ се фокусира на проблемот со говорот на омраза кој постои во медиумската заедница во Македонија. Документот нуди осврт кон европската и македонска легислатива од областа, нуди преглед на случаи од практиката, како и препораки за ефективно и систематско справување со говорот на омраза.
|
|
2017 |
|
Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники. Дополнително, ги истражува капацитетите и ресурсите со кои располагаат граѓанските организации, а кои се однесуваат на дигиталните комуникации и степенот до кој тие применуваат дигитални алатки за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи.
|
|
Документот „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“ се осврнува кон проблематиката поврзана со регулирање на онлајн медиумите и предизвиците и проблемите кои произлегуваат од овој процес. Документот го анализира домашното и европското законодавство од областа, и нуди препораки за подобрување во областа, применливи за различни чинители во македонското општество.
|
|
Анализата „Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ има цел да ги утврди составните елементи на идеалниот курикулум за студии по новинарство во Југоисточна Европа (ЈИЕ), земајќи ги предвид различните структурални и општествено-политички околности со кои се соочува новинарското образование во овој регион. Истражувањето има цел да ги поттикне високообразовните институции да ги следат препораките опфатени во него како и да ги оценуваат и модификуваат своите курикулуми по новинарство преку следење на индикаторите утврдени во ова истражување.
Преземи (ENG) Преземи (МКД) Инфографици (МКД) Инфографици (ENG) |
|
Како Македонската радиотелевизија (МРТ) да се трансформира во модерен радиодифузен медиум близок на граѓаните? За да се направи тоа, потребен е поинаков нормативен модел на јавен сервис од оној што е сега вграден во законската регулатива – партиципативен модел на јавен медиумски сервис. Промените кои треба да се направат мора да бидат сеопфатни – од измени на регулативата, обезбедување соодветни независни и стабилни извори на финансирање, изготвување сеопфатна стратегија за развој на МРТ и внатрешни организациски и технолошко-продукциски зафати. Документот за јавни политики „Партиципативен модел за јавните медиуми во Македонија: Заживување на една идеја“ е изготвен во рамки на проектот „Перспективи и развој на јавните медиумски сервиси: Компаративна студија на развојот на јавните радиодифузни сервиси од Западен Балкан во светлината на евроинтеграциите“.
|
|
Анализата „Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?“ има цел да утврди дали кампањите од јавен интерес кои беа спроведувани во медиумите во Македонија изминативе неколку години беа од јавен интерес или служеа на интересите на политичките елити или на други институции? Анализата се осврнува и на македонското законодавство и на тоа дали истото се почитува при спроведување на овие кампањи. Во документот се наведени и препораки за подобрување во областа.
|
|
Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи во кое се нагласени приоритетните прашања за кои се неопходни итни законски измени и практични мерки што треба да ги спроведат надлежните институции. Од Владата, исто така се бара да започне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа со сите засегнати субјекти, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на изразување и на состојбата во медиумскиот сектор.
|
|
Целта на анализата „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“. Документот нуди и преглед и анализа на легислативата во областа, и оценува дали истатата ги задоволува европските стандарди.
|
|
2016 |
|
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Во извештајот освен што се објаснува концептот „медиумска писменост“ и како тој е дефиниран во меѓународната регулатива, се анализираше состојбата со оваа област низ локална перспектива, односно како медиумската писменост се разбира и практикува во средното образование, во граѓанскиот сектор и во медиумите во Македонија. Истражувањето се реализираше со поддршка на Европската Унија.
Преземи (МКД) Преземи (Заклучоци – МКД) Преземи (Заклучоци – ENG) |
|
Целта на истражувањето „Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести“ е да ги согледа комуникациските практики на медиумите, активистите и претставниците на државните институции за време на некои од граѓанските протести кои се одржаа во Македонија во 2014 и 2015 година. Односно, на кој начин овие чинители комуницираат со своите целни групи, и како нивните активности се врамувани во медиумите.
|
|
Група експерти и граѓански организации, меѓу кои и Институтот за комуникациски студии ИКС подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.
|
|
Целта на овој документ е анализа на балансот помеѓу правото на приватност и правото на информирање на јавноста. Документот се осврнува на европското и македонското законодавство од областа на приватноста, на примери од праксата на медиумското известување во Македонија од овој аспект, и нуди препораки за подобрување на политиките во областа на приватност и информирање.
|
|
„Прирачникот за јавниот интерес во новинарството“ ги сублимира општоприфатените вредности, принципи, стандарди и практики во новинарската професија. Базиран на етичките новинарски кодекси, на домашната и странската медиумска регулатива и политиките за работа во највлијателните информативни куќи во светот, прирачникот дава јасни критериуми за утврдување на јавниот интерес во вестите. Освен 10-те основни принципи во новинарството, книгата го воведува тестот за јавен интерес во новинарството.
|
|
Институтот за комуникациски студии направи Резиме за јавните политики во кое прави проценка на состојбата во медиумскиот сектор во Македонија во контекст на препораките изнесени од Групата високи експерти предводена од Рајнхард Прибе. Резимето содржи прецизни докази чијшто заклучок е дека Македонија нема создадено елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори во април 2016 година.
|
|
„Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“ ја анализира улогата на медиумите во штитењето на јавниот интерес во Македонија, и начинот на кој македонските медиуми го третираат јавниот интерес при известувањето. Документот го анализира медиумското законодавство на Македонија и нуди препораки за зајакнување на улогата на медиумите во заштитата на јавниот интерес во Македонија.
|
|
2015 |
|
„Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“ се занимава со позначајните прашања врзани за јавниот интерес од аспект на уживањето на основните слободи и права на граѓаните и правните субјекти во Република Македонија. Целта на документот е да ги прикаже различните гледишта околу улогата на судовите во однос на балансирањето помеѓу индивидуалните слободи и права и јавниот интерес.
|
|
Појдовниот извештај „Деконструирање на концептот на јавен интерес во Република Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните“ овозможува сеопфатен преглед на тоа што претставува јавен интерес, и како овој термин е употребуван во различни правни и етички контексти. Дополнително, извештајот ги утврдува клучните чинители кои го штитат јавниот интерес во едно општество и ги идентификува најдобрите практики во областа.
|
|
2014 |
|
„Известувањето за меѓурелигиските и меѓуетничките тензии: значењето зад насловите“ се фокусира на медиумското покривање на прашањата од мултиетнички и мултирелигиозен карактер и на почитувањето на професионалните новинарски стандарди во информирањето на јавноста.
|
|
„Известување од паралелни светови: медиумите на заедниците во Македонија“ отворa сериозни прашања за правата на етничките заедници во медиумската сфера во Македонија, за регулаторната политика во оваа област и за предизвиците што се поставуваат пред новинарската професионална заедница.
|
|
„Различностите низ призмата на редакциите: Поглед одблизу врз создавањето на вестите“ ја прикажува состојбата во редакциите и ставовите и перцепциите на уредниците, новинарите и на дел од сопствениците за темите поврзани со известувањето за различностите.
|
|
2013 |
|
Во оваа публикација се објавени најважните документи што произлегоа од проектот „Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелните индустрии во Македонија“. Насоките за развој на аудиовизуелните индустрии ги содржат идеите и мерките што ги предложија претставници на овој сектор во многубројните дискусии и средби, заедно со Оперативен план за нивната реализација.
|