fbpx

Со транспарентност против нечесни игри во време на Ковид 19

Видео поткаст

КОВИД-19

07.05.20

Прегледи

Главна препорака на Светската банка и другите меѓународни финансиски институции до владите е да ја зголемат транспарентноста за време на кризата со цел да се намалат ризиците од корупција. Во поткастот на РесПублика, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации и забележува на Владата дека потфрли во отчетноста при јавните набавки. Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски вели дека Владата сепак успеала да биде максимално отворена и покрај намалените ресурси и во ситуација кога работите се менуваат од час во час. Тој признава дека има пропусти, но најавува дека владините одлуки подобро ќе се набљудуваат со поставувањето нови комуникациски алатки на владината веб страница.

 

ТВ верзија