Сашка Тодоровска е магистер по менаџмент на човечки ресурси и Сертифициран кариерен советник по Меѓународната програма за кариерни советници (GCDF - Global Career Development Facilitator). Нејзиното работно искуство е во областа на човечки ресурси во приватна здравствена компанија. Ориентирана е кон нагласување на потребата за личен и професионален развој. Активно учествува на конференции и е автор на неколку статии од областа на човечки ресурси. Член е на Македонската Асоцијација за човечки ресурси и Асоцијацијата за кариерни советници.