fbpx
 

Реалната закана наречена надзорен капитализам

Стефан Митиќ

Stefan Mitic 400x500Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

Пред нешто повеќе од две децении започна дигиталната револуција. Иако малкумина вистински би ги разбрале начините на кои нашиот свет требаше да се промени, вообичаен е консензусот дека дигиталната револуција и демократскиот проект ќе одат рака под рака. Првично, платформите на социјалните медиуми, како што е Фејсбук, требаа да бидат движечка, можеби дури и ослободувачка сила на демократијата во дваесет и првиот век. Тоа беше добро објаснет аргумент - на крајот на краиштата, ни беше ветено нов свет, поинаков свет: неограничен и правичен пристап до информации, граѓанско зајакнување и силна јавна дискусија. Но дали тоа навистина се случи?

Дигиталната револуција треба да ги сноси последиците кои самата таа ги предизвика

Нашиот свет навистина се промени. Но, природата на оваа промена, кога некој навистина ќе ја набљудува, беше шокантно непредвидлива - социјалните медиуми целосно го обземаа светот во рок од неколку години. Оваа масивна виртуелна инфраструктура, за која некогаш верувавме дека ќе го олесни ширењето на демократската култура, денеска ги унапредува целите на авторитаризмот, шири дезинформации, сее поделба и ја зголемува поларизацијата. Каде треба да ја бараме одговорноста за овој феномен? Без размислување, кај создавачите на овие дигитални алатки. Класичен пример за злоупотреба на социјалните медиуми се ставовите искажани преку твитови на (сега доживотно згаснатиот) Твитер профил на Доналд Трамп. Регулацијата на тој профил е чекор во правилната насока, преземање одговорност и соодветно реагирање на последиците.

Но, зошто Твитер му ја одзема главната платформа на Трамп? Резултатите од последните претседателски избори во САД поттикнаа незадоволство кај Трамп и неговите поддржувачи. Имено, тие сакаа да престане броењето на гласовите од изборите затоа што откако почнаа да се бројат гласовите испратени преку пошта, беше очигледно дека Џо Бајден ќе победи. Па така, иако Бајден беше прогласен за претседател на 14 декември, веќе на 19 декември Трамп објавува твит каде повикува на протест на 6 јануари: “Голем протест во Вашингтон. Бидете таму, ќе биде лудо!” Во рок од неколку дена тој пишува десетици слични твитови кои повикуваат на протест поради „крадење на гласови“. Под влијание на ставовите на Трамп на социјалните мрежи, бели врховисти - членови на групите „Горди момци“ и „Куанон“ се организираат на Фејсбук и договараат детали за протестот. На 6 јануари, тие групи влегуваат во Капитол Хил, создаваат хаос што резултира со затворање на Вашингтон и една смрт.

Во наредните неколку денови, Фејсбук го суспендира профилот на Трамп на неодредено време, а Твитер перманентно го суспендира за повикување на насилство, кршење на уставот и блокада на процесот на преминување на претседателството. Ова не е изолиран случај на користење на социјалните медиуми за влијаење на граѓаните на негативен начин и изветоперување на вистината. По упадот во Собранието на 27 април од страна на поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ, поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов истовремено додека бараше правда за обвинетите лица од тој ден, ги обвини медиумите дека преку социјални медиуми ширеле лажни вести и го кривеле неговиот имиџ.

Постојат мноштво други примери на злоупотреба во светот: во Бразил, среде претседателските избори, една деловна група го искористи Воцап како медиум на кој може да започне кампања за дезинформација што ги оштети шансите на левичарскиот кандидат и му дозволи на претседателот Џаир Болсонаро да прогласи победа. Во поново време, Волстрит журнал објави извештај во кој го обелодени соучеството на Фејсбук во олеснување на комуналната поделба и национализмот исполнет со омраза во Индија - политичар од партијата Баратија Џаната, Т. Раџа Синг упати навредливи коментари кон муслиманите Рохинџа. Официјални лица во одделот за Индија изјавија дека казнувањето на однесувањето на политичарите од БJП ќе им наштети на деловните успеси на Фејсбук во земјата. Грубата злоупотреба на Фејсбук како платформа за ширење дезинформации и разгорување на омраза помеѓу различни етнички групи, може да се забележи и во Мјанмар, каде што Фејсбук призна дека учеството на компанијата помогна да се разгори етничкото чистење на муслиманите Рохинџа.

Психолошка манипулација на корисниците на социјални мрежи

Она што е најважно да се забележи е, сепак, дека овие настани се показател за масовна културна, или можеби на многу начини, дури и психолошка и социјална промена што се случува токму сега. Социјалните мрежи почнуваат повеќе и повеќе да се злоупотребуваат, па лицата кои се изложени на информации кои имаат цел да манипулираат влегуваат во еден вид на заедница, своевиден балон, на истомисленици. Податоците кои секојдневно се испраќаат во овие виртуелни заедници проаѓаат низ луѓе вработени во компаниите кои ги создале овие социјални мрежи, со цел „подобра аналитика и подобрување на корисничкото искуство“.

Во еден утописки свет, алармантни податоци - нешта кои повикуваат на омраза, насилство, криминал треба веднаш да се означат како такви и да се испрати извештај до соодветните институции за понатамошна реакција. Во реалниот свет, тоа не се случува - податоците се извлекуваат за да се продадат на огласувачи, што носи повеќе профит за социјалната мрежа. Шошана Зубоф, социјален психолог, ја нарекува оваа масовна културна промена „надзорен капитализам“. Надзорниот капитализам во суштина е мутантна форма на економски систем кој е специјализиран за копање на човечки податоци. Податоците за нашето однесување - информации што ги откриваат нашите навики, мислења, социјални односи, желби, па дури и модели на спиење - ефикасно се копаат и се продаваат како предвиден производ на највисокиот понудувач.

Realnata zakana narecena nadzoren kapitalizamИзвор: dailymaverick.co.za

Социјалните мрежи се само дел од поголемиот проблем - наместо да се користат за поголема сајберзаштита и искоренување на насилство и говор на омраза, тие психолошки ги манипулираат за корисниците за свои интереси. Целта е да се извлечат што е можно повеќе информации од корисникот, и откако овие предвидувачки производи ќе бидат продадени на огласувачи, податоците се искористуваат за насочено рекламирање и форсирање на содржина. Алгоритмите совесно собираат огромни количини на податоци за потрошувачите кои платформите на социјалните мрежи ги искористуваат за да ги експлоатираат нашите индивидуални чувствителности и ранливости. Да станат работите уште полоши, алгоритмите станаа напредни до точка кога насочените реклами и персонализацијата на содржина суптилно влијаат на нашите мисли, однесувања и донесување одлуки.

Перцептивното чувство за влијание што го придружува нашето скролање и двојно кликање е опасно. Иако е илузија, тоа е утешна мисла: нечии новости и интернет артикли се одраз на нивните идеолошки склоности и полномошник на нивната автономија. Во реалноста, сепак, тоа едноставно не е така. Алгоритмите нè заробуваат во идеолошките комори и создаваат персонализирани реалности што ги зацврстуваат нашите перцепции за светот. Пример за ова е начинот на кој социјалните мрежи создаваат чувство на безбедност и припадност на своите членови. Со тоа што ги експонираат кон ист тип на фотографии, реклами и ставови тие ја елиминираат можноста за дискусија и ги изолираат различните мислења. Ова ја разгорува политичката поларизација, ја олеснува социјалната фрагментација и ја замаглува разликата помеѓу вистината и фикцијата.

Ние го губиме сопственото „јас“ и стануваме производ со ниска цена

Сепак, тоа е само почетокот на проблемот. Овие се само ефекти, во најлош случај, манифестации на поголема, пораспространета дилема, која честопати останува незабележана. Ние веќе не сме во состојба да правиме разлика помеѓу идеи или одлуки што се наши и оние кои се вкоренети во нас за да им служат на наклонетите интереси на рекламните фирми. Колкупати сте забележале дека ако зборувате на одредена тема, а телефонот ви е во близина, по некое време ќе ви се појави реклама на Фејсбук, Инстаграм или Твитер токму на таа тема? Уште пред да го сфатиме тоа, ние, односно незабележливата промена на нашето однесување, станува производ. Она што е изгубено во оваа манипулативна трансакција е нашето право на идно време.

Не можеме повеќе да ја замислуваме иднината и да се проектираме самостојно во неа. Нашата слободна волја, критичка мисла и морална проценка се затемнети со модификацијата на однесувањето, карактеристична за надзорниот капитализам. Ова киднапирање на слободната волја и нашата колективна иднина ја кородира демократската култура во самата срж. И по која цена се случува сето ова? По цена од еден долар! Ова се случува при процес наречен „аукција во реално време“, каде додека да се прикаже целосно страницата, серверот веќе побарал слободен простор за прикажување реклама, добавувачот ги прочитал „колачињата“ кои ги содржат сите податоци за нашата интернет активност, па серверот пронашол релевантна реклама и ја дал на аукција, а добавувачот ја прифатил доколку е највисока.

Социјалните мрежи мора да се регулираат

Скептиците може наивно да се повикаат на вековната одбрана дека треба да се прави разлика помеѓу платформата и корисникот. Време е да ги разбереме размерите на кризата со кои се соочуваат демократските држави. Платформите на социјалните медиуми имаат моќ да влијаат на изборите, да го поколебаат јавното мислење и да ги обликуваат преференците и перцепциите на потрошувачите. Со оглед на големината на ова влијание, единствениот одржлив ентитет на кој може да се припише одговорност е самата платформа. Алтернативата е да се стави товарот на одговорност врз поединецот. Сепак, да се повика на одговорност на поединците без воспоставен регулаторен механизам е целосно излишно. Самиот наш физички свет е регулиран со добро дефинирани правни системи кои промовираат индивидуална одговорност кога повредите се исполнети со последици. Ирационалната дисонанца помеѓу нашите поими за регулација, закони и отчетност во реалниот свет и виртуелните простори треба да се отстрани.

Кога сме веќе кај одговорноста, мора да направиме пауза за да ги разгледаме конотациите што ги носи зборот „платформа“. Тој збор прифаќа одреден поим за пасивност што ги одвојува компаниите за социјални мрежи од одговорност. Тоа очигледно погрешно ја претставува внатрешната природа на компаниите за социјални мрежи, кои активно и свесно ги лекуваат, шират и таргетираат. Критично е повторно да го процениме јазикот што го користиме за да ги опишеме наведените платформи, бидејќи тоа влијае на пошироката перцепција. Можеби, на нив може да се гледа како на „институции“ наместо на платформи, бидејќи тоа точно би ги доловило нивната скала и влијание.

Секој обид за владеење и регулирање на институциите на социјалните медиуми треба да биде запознаен со деловните модели со кои тие работат. Нивните цели честопати постојат за да се зголеми ангажманот, да се прошири растот и да се зголемат приходите во директна спротивност на демократијата. Каква било форма на регулатива ќе мора грубо да ги преуреди финансиските стимулации. Со цел да се обезбеди опстанок на демократијата или овие институции, од клучно значење е моделот на профит да се развива на таков начин што ќе ја цени безбедноста на податоците и приватноста на корисникот исто колку и приходите на огласувачот. Од суштинско значење е да започнеме да изработуваме законодавство и регулаторни механизми кои се свесни за обемот и влијанието на надзорниот капитализам. Овие институции пораснаа толку брзо и се вградија во нашите животи до тој степен што ниту еден единствен субјект - дури ниту самите институции, владите или јавноста - не спроведуваат целосна контрола врз нив. Како општество, дојдовме до момент кога ги прифаќаме овие технологии со одредена непромисленост што не ги почитува ризиците и егзистенцијалните импликации што можат да ги имаат токму тие.

Барање на поголема транспарентност и одговорност гарантира напредок

Ние мора да ја хендикепираме способноста на институциите да соберат податоци, да ги разделат нивните услуги и да се залагаат за закони за монопол кои ја враќаат рамнотежата и здравата конкуренција во монополската индустрија. Неодамна, САД започна три судски постапки против Гугл заради недоверба во постапките на компанијата кон нивните корисници. Овие предмети имаат цел да ја лишуваат компанијата од позицијата на монопол на маркетот за реклами и е чекор во правилната насока. Но, далеку е патот до конструктивно и законски регулирано барање на одговорност кај овие компании. Нашите механизми за спроведување треба да бидат надворешни и независни, бидејќи е добро утврдено дека саморегулацијата е доследна, но неизненадувачки, неефикасна. Потребни ни се независни тела, со значителен авторитет и потребна правна и технолошка експертиза, за да одржат строг надзор над овие институции.

Предуслов за овие поголеми структурни поместувања - во политиката и деловниот модел е законска промена. Клучно е да се поттикне јавен разговор и преку него засегнатите страни да се заложат за законодавство што дава поголеми дигитални права и заштита на поединецот. Јавноста треба целосно да ја разбере сеприсутната природа на надзорниот капитализам, како и неговиот ерозивен ефект врз нашите демократии и слободната волја. Потребен ни е бран од промени во јавното мислење.

Ова започнува со именување и препознавање на проблемот. Потоа, можеме да размислуваме за подобрување на јавните образовни системи кои ќе се фокусираат на медиумска писменост, етика и технологија. Ова се промени за кои е клучно во краен рок да се имплементираат. На крај, сите овие промени водат кон една, заедничка, последна цел - ние мора да создадеме култура во која ги перцепираме, третираме и регулираме нашите информативни средини на ист начин како што ги третираме нашите физички средини, преку инвестирање во нивниот развој и обид за вежбање на управувањето.

 

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Зошто Русија станува се понервозна и како европски...
Корупцијата на Балканот тврдоглаво опстојува, а не...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Понеделник, 27 Септември 2021

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè