fbpx
 

Попреченоста е приказна за љубовта и борбата за достојно место во општеството во кое секој може да расте и да напредува

МК   ENG

Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ

Benjamin Perks 200x250Проценуваме дека има околу 21.000 деца со попреченост во земјата. Исто така, цениме дека речиси половина од нив можеби не одат на училиште и имаат малку можности за игра и пријателство.

Кога пристигнав во Македонија пред повеќе од една година, најтажна ми беше посетата на институцијата Демир Капија. Таа е наменета главно за возрасни со тешка ментална и телесна попреченост, но спротивно на сите меѓународни стандарди, оваа институција за возрасни имаше и крило за деца.

Условите беа како во некој Дикенсов роман. Деца од сите возрасти лежеа безживотно во креветчиња, нестимулирани и несакани, со скапани заби кои никогаш не ги погледнал стоматолог. Јас нежно го ставив прстот во рачето на едно од децата и тоа толку очајно го стисна, а бледа насмевка му се појави на лицето. Очигледно, тоа беше редок момент на приврзаност и поврзување коешто толку многу им треба на сите деца - без оглед на попреченоста. Но, јасно беше дека тие се лишени од тоа.

Заедно со министерката за труд и социјална политика и Амбасадата на Британија, се договоривме дека ќе работиме деноноќно за да ставиме крај на институционализацијата на децата.

Демир Капија е најекстремниот дел од приказната за децата со попреченост во земјата. Лицата со попреченост и групите родители веќе долго време се борат за достоинство и еднакви можности за своите деца. Проценуваме дека има околу 21.000 деца со попреченост во земјата. Исто така, цениме дека речиси половина од нив можеби не одат на училиште и имаат малку можности за игра и пријателство.

Освен деинституционализацијата, Владата на Британија и УНИЦЕФ соработуваат со Владата на Македонија во три клучни области за да се создадат услови сите деца со попреченост да бидат вклучени, да се развиваат и да го остварат својот целосен потенцијал.

Poprecenosta e prikazna za ljubovta i borbata za dostojno mesto vo opstestvoto vo koe sekoj moze da raste i da napreduvaПретставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс на средба со деца со попреченост; Извор: УНИЦЕФ

Прво, сите соработуваме на иновативни мултимедиумски кампањи за прекинување на стигмата, поголема видливост на децата со попреченост и промовирање позитивна слика за нивното вклучување во општеството. Нашето истражување ни кажува дека на овој начин бројот на луѓе кои веруваат оти децата со попреченост треба да се вклучат во редовните училишта шестпати се зголемил. Исто така, при моите посети низ земјата, родителите ми велат дека за првпат нивните деца се чувствуваат пријатно надвор на отворено... и дека сега може да се видат повеќе лица со попреченост на улиците. Истражувањето потврдува дека сѐ поголем број граѓани редовно комуницираат со деца со попреченост. Лесно е да се заборави дека до пред само неколку децении имавме иста ситуација во Британија и други земји со висок приход. Тука има уште многу да се направи, но, ваквите променети ставови ќе покренат демократски барања за поголема инклузија.

Второ, можноста да им се помогне на децата со попреченост да добијат тип на рана интервенција со која максимално ќе го развијат својот капацитет е попречена поради недостаток на рано откривање на попреченост и, сосема искрено, поради нехуманите методи за проценување на детето кога ќе се открие попреченоста.

За да се реши ова прашање, ние го поддржуваме системот на патронажни сестри за да го интегрира раното откривање на попреченост и доцнење во развојот во своите пост-натални посети во домот на семејството. Во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, ја воведовме Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) како инструмент со кој на професионалците од различни сектори им се помага да работат заедно на идентификување на она што детето може да го прави, т.е. како може да учи, и на поврзување на семејството со услугите што ќе одговорат на неговите способности. Од клучно значење е ова да се прави со емпатија и без непријатност за детето, како и со фокус врз способноста, а не врз попреченоста.

Трето, работиме со Министерството за образование, со цел сите деца со попреченост да го започнат своето образование во предучилишните установи, а нивното учење да се совпаѓа со нивните способности. Оваа реформа се одвива во контекст на еден поширок процес на реформи во образовниот систем, при што се прифаќа дека различноста во училницата е предност и дека основната улога на наставникот е постојано да ги поттикнува сите да го користат мозокот, без оглед на способноста, личноста или културата.

Можеби нашата цел звучи идеалистички, но сакаме да се стави крај на стигмата, да се воспостави систем, попреченоста да се открива рано, со емпатија и поддршка, и секое дете да има свое место на училиште.

Денес го прославуваме фактот дека и последните преостанати деца се преселени од Демир Капија во мали групни домови, каде ќе добиваат континуирано внимание, љубов и грижа, секогаш кога им треба. Се надеваме дека на крајот, повторно ќе се обединат со своите семејства или ќе бидат посвоени. Во изминатата година, со поддршка од УНИЦЕФ и Британија, Владата го намали бројот на деца кои живеат во институционална заштита за 30 проценти. Но, тоа не е доволно. Ние сакаме да се дојде до нула. На крајот на краиштата, нивната приказна и приказната на сите деца со попреченост е приказна за љубовта и борбата за достојно место во општеството, во кое секој може да расте и да напредува. Заедно со Британија и УНИЦЕФ, ќе работиме со сите членови на општеството за ова да се случи.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите вo оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Disability is a story of love and the struggle for...
Koha e post të vërtetës: a kanë devalvuar faktet
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Среда, 12 Декември 2018
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не