iks civica logos
ПОВИК ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ ЗА ПОЕФИКАСНО КОМУНИЦИРАЊЕ СО ЈАВНОСТА ПРЕКУ УПОТРЕБА НА ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, преку користење на дигиталните медиуми. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра интерактивна комуникација, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“, поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.

На повикот можат да се пријават сите регистрирани граѓански организации во Република Македонија од различни сектори чија дејност е фокусирана на теми како човекови права, владеење на правото, заштита на маргинализирани групи, дискриминација, заштита на лица со посебни потреби и др. за кои е исклучително важно да добијат поголема видливост во јавноста.

Селектираните организации ќе учествуваат во следните активности:

  1. Дводневна обука за ефикасна комуникација со јавноста на која граѓанските организации ќе можат да се стекнат со вештини и знаења за развивање на ефективни пораки за комуникација со јавноста и медиуми со цел подобро да комуницираат со својата целна публика, да ја информираат јавноста за своите активности и да мобилизираат поддршка од граѓаните за одредени каузи.
  1. Дводневна обука за дигитални комуникации на која претставниците на граѓанските организации ќе научат како подобро да ги планираат и употребуваат своите ресурси за поефикасно комуницирање со публиката преку дигитални медиуми, како и да го мерат импактот кој го имаат преку социјалните медиуми, и да ги воочат различните потреби на различните платформи за дигитална комуникација. Учесниците исто така ќе ги усовршат знаењето и вештините за спроведување на кампањи на социјални медиуми за остварување на своите цели и промоција на своите активности.
  1. Менторство во текот на спроведувањето на дигитални комуникациски стратегии од страна на селектираните граѓански организации, во рамки на нивни постоечки проекти и активности, со цел истите да обезбедат поголем досег во јавноста.

Аплицирање:

Заинтересираните граѓански организации треба да поднесат: 1. пополнета апликација, 2. копија од документ за основање (статут, одлука или др.) и регистрација на организацијата, и 3. копија од последниот годишен извештај со финансиска изјава.

Апликациите и останатите документи треба да се достават лично или по пошта во печатена форма во два примерока, во коверт на адреса: Институт за комуникациски студии, Јуриј Гагарин 17/1-1, Скопје, со назнака: „Апликација: ДигитАКТ“. Краен рок за доставување на апликациите е 4 декември (понеделник) 2017 година до 16:00 часот.

Кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат повикани на интервју во текот на декември 2017.

Контакт: info@iks.edu.mk; тел. 02 30 90 004;

Лице за контакт: Бојан Георгиевски (bojang@vs.edu.mk).

aplikacija

Проект: „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“ (2017-2018) e поддржан од програма за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.

Целта на проектот е да ги развие капацитетите на граѓанските организации за ефикасно остварување на својата улога на чувари на јавниот интерес и застапници на интересите на граѓаните преку интерактивна комуникација и соработка со граѓаните и целната публика.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: