obuka za efektivna komunikacija so javnosta respublicaПретставници на 16 граѓански организации се обучуваа како да ја сегментираат публиката, да креираат ефективни и убедливи пораки, но и како да подготват комуникациски план за да можат подобро да ја презентираат својата работа, да информираат и да мобилизираат граѓани. Исто така, на обуката учесниците имаа можност преку одредени сценарија да вежбаат како да настапат пред камера и новинари но и да слушнат совети од обучувачите Јасмина Миронски и Марјан Танушевски како да го подобрат својот настапат пред јавноста и медиумите.

Обуката за ефективна комуникација се одржа на 17-18 јануари во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени", кој Институтот за комуникациски студии го спроведува преку Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас.

Проектот предвидува и обука за дигитална комуникација која ќе се одржи на 8 и 9 февруари, а од март ќе следи и менторирање на граѓанските организации при процесот на креирање и спроведување на нивните стратегиите за дигитално комуницирање.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: