Институтот за комуникациски студии Ве поканува на промоција на Прирачникот за јавен интерес во новинарството којaшто ќе се одржи на 15-ти март 2016 г., во ЕУ Инфо-центарот во Скопје од 11-13 часот.

debata mediumi 28 02 2016

Медиумите не ја извршуваат својата основна функција – да бидат коректори на власта и балансирано да ја информираат публиката, посочија новинарите и учесниците на настанот. Медиумите во Македонија се заложници на политичките и бизнис интересите на нивните сопственици, а новинарството е само алатка за остварување на тие интереси.

debata 23 02 2016

На дебатата „Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“ учествуваа околу 50 медиумски професионалци, новинари, претставници на невладините организации, академската заедница и јавната администрација. На дебатата беше презентиран документот за јавна политика кој нуди систематско разбирање и споредбена анализа на начинот на кој медиумите го штитат јавниот интерес во Република Македонија. Учесниците потоа дискутираа како и дали Јавниот сервис МРТВ и приватните медиуми во Македонија го штитат јавниот интерес и беа претставени меѓународни искуства и предизвици. Дебатата се одржа во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, имплементиран од ИКС, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.

mediumite javniot interes

Ве покануваме на дебата на која ќе биде презентиран документот за јавна политика „Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“. Дебатата ќе се одржи на 23-ти февруари (вторник) во хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 2), со почеток во 10:00 часот.

sudovi

Околу 60 претставници на судството, адвокатурата, медиумите, невладините организации, академската заедница и јавната администрација учествуваа на дебатата „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“. Тие дискутираа за различните гледишта за тоа која е улогата на судиите во македонскиот правен систем, како судиите (не) оддолеваат на разни притисоци и кои предизвици им претстојат на судството и на специјалното јавно обвинителство во наредниот период.

sudovi konferencija

Судиите не постапуваат конзистентно во случаи од јавен интерес, и го чуваат угледот на неколку функционери наместо јавниот интерес. Бројот на квалитетни судии константно се намалува. Македонија има инфлација на судии, но истовремено и многу бавна, но и скапа правда. Ова се само некои од заклучоците од дебатата „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“, на којашто учествуваа околу 60 претставници на судството, адвокатурата, медиумите, невладините организации, академската заедница и јавната администрација.

Sudovi i Javen interes 001

Ве покануваме на дебатата на која ќе биде презентиран документот за јавна политика „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“. Дебатата ќе се одржи на 18-ти декември (петок) во хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 2), со почеток во 10:00 часот.

oven i vasik

Начинот на кој се води една држава одредува и какви медиуми ќе има. Политичарите треба да покажат волја да создадат услови со кои ќе го поддржат новинарството, правото на критика. Новинарите пак треба да се солидаризираат, а не да почнат да издаваат лиценци за новинари, тоа е ужасна идеја, вели американскиот професор по новинарство, Џон Овен. Во моментов раководи со Фронтлајн во Лондон, а во својата богата кариера бил уредник во канадски Си-Би-Ес, Ал Џезеира, прв човек на Фридом форум за Европа, а деновиве во Скопје разговараше со новинарите и сопствениците на медиуми за промените во медиумскиот простор за кои во моментов преговаарт политчарите.

blogiranje

Уредувачкиот одбор на ResPublica ги објави темите за месец декември на кои експерти, професори, истражувачи, активисти, медиумски професионалци, студенти, јавни службеници и други заинтересирани можат да пишуваат академски блогови.

rabotilnica 11 20151

Институтот за комуницикациски студии (ИКС)  во ноември и декември организираше четири работни средби со претставници на различни медиуми во Македонија со цел да се утврди дали и на кој начин во редакциите се практикува новинарство од јавен интерес. Циклусот работилници таргетираше различни медиуми и професионалци: со уредници и сопственици на локални и регионални медиуми, онлајн страници кои продуцираат вести, главни и одговорни уредници на печатени и електронски медиуми и медимски сопственици. Одговорите од новинарите, уредниците и сопствениците на медиуми ќе бидат основа за Насоките за новинарство од јавен интерес, вклучувајќи го прв пат и тестот за новинарство од јавен интерес, кои што ИКС ќе ги креира во 2016 година.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: