[видео] Што се дезинформации, а што СММИ?
Иако често се користат наизменично, дезинформациите и СММИ се различни закани за демократијата. Денес ќе ви покажеме што ги разликува и како да ги препознаете.
Дезинформации се намерно погрешни информации кои штетат на личност, група или држава. Тие ја поткопуваат довербата во институциите и создаваат страв и недоверба. Се шират преку медиуми, социјални мрежи, политички актери, па дури и преку поединци.
Дезинформациите најчесто се појавуваат во теми како: вакцини, лажни лекови, криптовалути, теории на заговор и политички наративи. Во последните години актуелни се и приказните поврзани со војната во Украина.
СММИ е посебна категорија на дезинформации со стратешка цел: да ја поткопа демократијата, да создаде поделби, да ја ослаби довербата во ЕУ и НАТО и да промовира авторитарни наративи. Тоа е координирана манипулација која комбинира повеќе техники, тактики и постапки.
