[видео] Како да провериме дали едно видео или фотографија се автентични?
Фотографиите и видеата што ги гледаме онлајн често изгледаат убедливо и автентично, но зад нив може да се крие манипулација, погрешен контекст или намерно ширење дезинформации. Во време кога визуелните содржини лесно се создаваат и уредуваат со АИ, проверката на нивната вистинитост станува клучна вештина за секој корисник на интернет. Во ова видео ќе научите практични чекори и алатки што ќе ви помогнат да проверите дали една фотографија или видео е навистина автентично и како да препознаете кога некоја содржина е извадена од контекст или искористена за манипулација.
Чекор 1: Обратно пребарување на слики.
Со апликацијата Google Lens лесно може да проверите дали фотографијата веќе постои на интернет. Кај видеата можете да пребарувате со слика од екранот – screenshot.
Чекор 2: Користете напредни алатки.
Ако Google не даде резултати, користете надворешни алатки. RevEye пребарува преку повеќе пребарувачи, како на пример Yandex.
За видеа, пробајте ја алатката INVID и WeVerify за разоткривање лажни вести.
Само прикачете го видеото; алатката автоматски ќе извлече десетици клучни кадри што може да се пребаруваат.
Нашата проверка покажа дека токму овој инсерт е видео од Парадата на гордоста во Стокхолм во 2023 година, една година пред Шведска да стане членка на НАТО. Тврдењето е неточно.
Чекор 3: Побарај контекст од вештачка интелигенција.
Можете да побарате дополнителен контекст од големи јазични модели како ChatGPT или Gemini.
Едноставно прикачете слика од екранот и поставете прашање. Но внимавајте: вештачката интелигенција дава насоки, не гаранции, и понекогаш греши.
Ако овие техники не откријат дигитален извор или злоупотреба, сепак мора да останете внимателни. Запомнете: сликите често се манипулираат или се вадат од контекст за да се поттикне или да се влијае врз јавното мислење во одредени земји. Ова е позната тактика на странското мешање и манипулација со информации, или СММИ, и е нешто што ќе го гледаме сè почесто.
