[видео] И кога ти ја кажуваат (нецелосната) вистина, може да те манипулираат
Што ако ти кажам дека некоја објава може да биде точна и пак да биде манипулација? Звучи чудно, зар не? Ајде да објасниме.
Замисли во твоето училиште се шири видео од кандидат за претседател на класот како на еден состанок нервозно му одговара на професор. Видеото е реално. Се случило. Но не го гледаш целиот разговор.
Гледаш само 7 секунди каде изгледа арогантно. Прашањето е – што не гледаш?
Откриј во видеото како може нешто да е вистина, а сепак да се користи за да бидеш манипулиран.
