Едисон Јакурти е кандидат за доктор по економија на Универзитетот Фреј Берлин (Freie Universität Berlin). Неодамна тој беше назначен за заменик министер за економија, вработување, трговија, индустрија, претприемништво и стратешки инвестиции во Косово. Се здобил со титула магистер по меѓународна политика, фокус на применета економија, на универзитетот Дјук во САД, а ги завршил своите додипломски студии по економија и статистика на Р.И.Т. Работел како асистент за истражување и предавање на Универзитетот Дјук и како консултант на Светската банка во Вашингтон.