fbpx
 

Власта и политичкиот дискурс на бајки со еднорози и вилински кончиња!

д-р Јана Лозаноска

Jana Lozanoska 200x250Единствената сламка за спас на давеникот, на кој му треба реанимација, е фразата „ќе не биде“ која започна со Договорот од Преспа, а кулминира со неговата ратификација. Ова алудира дека ќе не биде можеби некогаш, но некогаш не е сега и денес.

Повеќе
  3002 Кликови
  0 Коментари

Ќе ја дочекаме ли конечно демократијата?

д-р Здравко Савески

zdravko saveskiСо оглед на сите проблематични дејствија што од гледна точка на демократијата се случија минатата година, впечаток е дека дури и констатирањето на минорни подобрувања кои не ја менуваат категоризацијата на Македонија како делумно слободна земја и хибриден режим, значи давање на помалку наклонета оценка.

Повеќе
  2102 Кликови
  0 Коментари

Несреќите дискриминираат – Процесот на спасување не треба да биде дискриминаторен

Барати Садасивам (Bharati Sadasivam) 

Жените кои преживуваат катастрофи често минуваат низ предизвици поврзани со сексуално и родово насилство во време на фазата на закрепнување од катастрофи. Иако катастрофите ја погодуваат целата заедница, жените често го носат поголемиот дел од товарот.

Повеќе
  1708 Кликови
  0 Коментари

Зошто Уставниот суд ќе мора да го поништи т.н. „закон за јазици“

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasiev200x250Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

Повеќе
  8786 Кликови
  0 Коментари

Легализација на корупцијата во македонскиот јавен сектор?

м-р Константин Битраков 

kostantin bitrakov 1Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

Повеќе
  3280 Кликови
  0 Коментари

„Патот на свилата“ и „Патот кон ЕУ“: дали некаде се вкрстуваат?

ALB

м-р Ана Блажеска

ana blazeska200x250Сè додека Република Македонија не излегува од рамката на европски вредности, норми и практики, има легитимно право да соработува со Кина за остварување на своите економски интереси, дотолку повеќе што таа соработка може да води и кон побрзо достигнување на европскиот просек за инфраструктурна покриеност, економски раст или намалување на невработеноста.

Повеќе
  3172 Кликови
  1 Коментар

Идни предизвици поврзани со насилниот екстремизам во Западен Балкан

ALB  SR

м-р Леони Ракаџ (Leonie Rakaj) 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците. До 2017 година, најмалку 310 возрасни лица се вратиле во регионот и се проценува дека уште 460, претежно жени и деца, останале на Блискиот Исток или им се изгубила трага по враќањето. Без веродостојна платформа за реинтеграција со која ќе се обезбеди нивно отцепување од групите за кои се бореле, овие лица би можеле да претставуваат закана како идни борци или регрутери.

Повеќе
  2408 Кликови
  0 Коментари

Уставните амандмани се политичко а не стручно дело

 ALB

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Aвторите на Договорот од Преспа имаат современ пристап кон државјанството. Со такво сфаќање на државјанството, македонското општество побрзо ќе се трансформира од мултиетничко во граѓанско општество и посигурно ќе се движи кон ЕУ.

Повеќе
  3514 Кликови
  2 Коментари

Безбедносни импликации од руското мешање во Република Македонија

ALB

м-р Тимурленк Чековиќ

timurlenk cekovic200x250Досега се говореше за отворено мешање на Русија во внатрешните работи на Република Македонија, но многу малку се укажуваше какви импликации може тоа да има по безбедноста на РМ.

Повеќе
  3888 Кликови
  1 Коментар

Кога родово сензитивниот јазик е применлив во македонскиот јазик?

ALB

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovski„Граѓанки и граѓании сограѓанки и сограѓани“, може да се прочита во колумна, во која авторот овие зборови опсесивно ги повторува до баналност и по десетина пати, веројатно понесен од желбата да ја покаже својата наклонетост кон родово сензитивниот јазик. Меѓутоа, во истиот текст, авторот ја употребува и синтагмата „криминалците од ВМРО-ДПМНЕ“, со што ја напушта својата доследност во примената на родово чувствителниот јазик, одредувајќи ја криминогеноста како иманентна за машкиот пол, при тоа занемарувајќи дека во перцепцијата на многу читатели Гордана Јанкуловска, Елизабета Канческа-Милевска, Силвана Бонева, Даниела Рангелова веќе се препознаени и како „криминалките од ВМРО-ДПМНЕ“.

Повеќе
  3026 Кликови
  0 Коментари

Младите луѓе од Западен Балкан и нивната иднина

ALB

Ардита Вејсели

Западниот Балкан е познат како регион со турбулентна и историја вкрстена меѓу народите кои живееле во овие земји. Со векови, конфликтите и немирите биле секојдневни и го создавале односот љубов-омраза меѓу жителите на регионот. Сложената историја на овој мал „амбис“ на европскиот континент претставува своевиден парадокс и мистерија. Сепак, отсекогаш постоела искра што ја одржувала жива надежта за мир и соживот, а тоа биле младите.

Повеќе
  2487 Кликови
  0 Коментари

Политика водена од разузнавање или разузнавање водено од политика

МК   ALB

м-р Магдалена Лембовска

Magdalena Lembovska 200x250Еден од клучните приоритети треба да биде раскинувањето на нездравата врска меѓу политичарите и разузнавачите, и да се воспостават независни и самостојни служби кои професионално ќе си ја извршуваат својата работа.

Повеќе
  3323 Кликови
  0 Коментари

Во одбрана на национализмот

Јаел (Јули) Тамир - Yael (Yuli) Tamir

Би било погрешно да се претпостави дека светот лишен од национализам автоматски би бил мирен и либерален. Напротив, таков свет најверојатно би западнал во „племенски хаос“.

Повеќе
  1748 Кликови
  0 Коментари

Хрватските конзервативци во напад на абортусот

МК   BS   ALB

Лидија Пискер (Lidija Pisker) 

Поради стравот од осуда од општеството и поради пречките во остварувањето на своите права во јавните клиники, жените во Хрватска почесто одлучуваат да им се изврши абортус во градовите и државите каде што тоа можат слободно да го направат, а некогаш дури го прават тоа незаконски или во приватни клиники.

Повеќе
  1871 Кликови
  0 Коментари

Претпописна вистина

МК   ALB

доц. д-р Благица Новковска

Blagica NovkovskaРеалното попишување на населението и домаќинствата во Република Македонија зависи од дефиницијата за вкупното население и уште поважно од нејзиното целосно почитување. Случајно или не, оваа дефиниција недостасува во содржината на Предлог Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2020 година, но недостасуваат и други неопходни податоци кои треба да ги содржи пописната легислатива.

Повеќе
  3018 Кликови
  0 Коментари

Македонија помеѓу бриселскиот „камшик“ и сопствената (не)способност: дали воопшто сакаме своја држава?

МК   ALB

Кристијан Фидановски

Додека довербата во домашните институции вртоглаво опаѓа, поддршката помеѓу граѓаните за членство во ЕУ останува константно висока. За првпат досега, ваквата поддршка е лош знак. Овојпат, таа значи дека сме кренале раце од сопствената држава.

Повеќе
  2550 Кликови
  0 Коментари

100% невистина

МК   ALB   SR

Арта Бериша

Arta Berisha 200x250Голема е можноста за креирање и дистрибуција на дезинформации меѓу Косово и Србија во тензични периоди меѓу oвие две земји. Новинарите и граѓаните треба да бидат внимателни за политичките одлуки да не влијаат на професионалната работа и на приодот кон заедницата.

Повеќе
  1817 Кликови
  0 Коментари

Реформи во јавната администрација и зошто ни се толку потребни?

МК   ALB

Ангел Мојсовски

Angel Mojsovski 200x250Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж. Според едно истражување, 60 отсто од испитаниците изјавиле дека им биле барани „дополнителни објаснувања“ за барањaта, нешто што не е пропишано со сегашниот закон.

Повеќе
  2891 Кликови
  0 Коментари

Свет полн со луѓе како Кашоги

Дауд Кутаб (Daoud Kuttab)

Daoud Kuttab 200x250Злосторствата против новинарите се распространети низ целиот свет, особено во авторитарните режими. Поради суштинската важност на нивната работа, граѓаните треба да ја изразат својата поддршка за поголема слобода на медиумите и слободен говор.

Повеќе
  1307 Кликови
  0 Коментари

Граѓаните се спремни за помирување, но политичките елити повторно потфрлаат

МК   ALB

м-р Иво Босилков

ivo bosilkov2Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

Повеќе
  2702 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè