Дали вториот пензиски столб ги „јаде“ парите на пензионерите?

Поткаст

29.03.18

Прегледи

Преку 40 проценти од парите кои се потребни за исплата на пензиите Пензискиот фонд ги обезбедува преку буџетот. Професорот и економист Трајко Славески вели дека најважната и првична причина за дефицитот е преминувањето во приватните пензиски фондови, односно воведувањето на вториот столб. Министерката без ресор Зорица Апостолска најавува дека Владата многу скоро ќе понуди решенија.