Постигнувањето на Кофи Анан

Рамеш Такур (Ramesh Thakur)

Ramesh Thakur 200x250Потрајната дамка на угледот на Анан беше неговата одговорност за рестриктивните толкувања на овластувањата на ООН за мировните операции во Руанда и Сребреница, Босна, во периодот 1994-1995 година. Всушност, некои луѓе тврдат дека Анан никогаш не ја платил политичката цена за овие две пропусти во должноста.

Кофи Анан заслужува да биде запаметен како човек што практично стана пример за Генерален секретар на Обединетите нации. На успешните извршни директори им е потребна водечка визија за начинот на кој се поставува авторитет, а таа потреба е уште поголема кога станува збор за меѓународен граѓански авторитет. Успехот на Анан се засноваше на неговата способност да ги комбинира прагматизмот и понизноста, со трајна визија за човечкиот напредок и солидарност.

Ваквиот спој на визија и карактер можеби е најдобро резимиран во Милениумските развојни цели (2000-2015), кои претставуваат основа за амбициозен збир на приоритети за ООН. Покрај тоа, мотивиран од вечниот хуманизам и верен на духот, како и писмото од Повелбата на ООН, Анан ја прошири извршната власт на организацијата преку креативни толкувања на Повелбата и со неговиот харизматичен карактер, за на крај да го овозможи усвојувањето на возбудливиот, но и предизвикувачки принцип за „Одговорност за заштита“ (R2P).

Како внук на племенски поглавари и син на провинциски гувернер во британската колонија на Златниот Брег (денешна Гана), Анан претставува мешавина на аристократски стил на лидерство со тивок шарм, емпатија, истакнати интелектуални капацитети и елеганција потврдена со добро скроени костуми. Годините кога тој беше на местото на Генерален секретар (1997-2006) беа обележани со добро политичко расудување, тактика и интегритет. Јасен доказ за квалитетот на неговиот десетгодишен мандат на водечката позиција е трајната лојалност, која се граничи со посветеност, што тој ја инспирираше кај неизмерно талентираната група високи советници што ги собра.

Светот беше сведок на многу суштински промени во тие бурни години. Анан надгледуваше голема експанзија во мировните операции на ООН, како одговор на растечките барања и очекувања, но многумина беа и разочарани од обвиненијата за неефикасност, финансиска корупција и сексуална експлоатација.

Главниот предизвик со кој Анан мораше да се спротивстави, кој го реши колку успешно, толку и неуспешно, беше како да се комбинира уникатниот легитимитет на ООН со Советот за безбедност како водечка организација во светот за геополитички прашања. Кога големите сили заеднички стоеја зад некој став, тој можеше само да покаже послушност. А, пак, кога беа крајно спротивставени поради судир на клучни интереси, тој немаше можност да преземе крупни мерки. Но, кога имаше силен раздор во меѓународната заедница, тој се обидуваше да постигне договор со идентификување на заеднички интереси и поттикнување на земјите-членки да направат компромиси со кои ќе го заштитат угледот.

Пристапот на Анан кон реформите во ООН беше поучен. Идентификувај ги големите глобални прашања кои бараат ангажирање од ООН, ми велеше. Потоа игнорирај ги прашањата каде државите нема да се согласат заеднички да преземат дејствија, како и оние каде што можат да се договорат сами по себе, поради заедничките приоритети. Тој не гледаше оправданост во трошењето на ограничениот политички капитал во некоја од горенаведените ситуации.

Наместо тоа, тој се фокусираше на големите прашања каде дејствијата на земјите-членки би можело да го смени текот на работите, со вклучување на престижот и авторитетот на Генералниот секретар за таа кауза. Анан успеа како Генерален секретар со помош на вештините на меко лидерство: со способност која е тешко да се опише со зборови, но која предизвикува другите емотивно и интелектуално да се поврзат со поголема кауза што ги надминува нивните непосредни лични интереси.

Во првиот мандат беше третиран како славна „рок-ѕвезда“ и беше во редовен контакт со лидерите на владите, меѓународните организации, мултинационалните корпорации и организациите на граѓанското општество. Тивката и доверлива дипломатија што ја водеше во неговата приватна канцеларија беше ретко дополнета со јавната дипломатија на ООН која често беше насилничка и проповедничка.

Од една страна, Анан се обиде да ја прошири функцијата „дозвола“ на меѓународното право за да ги поттикне ООН да преземат неопходни дејства против непослушните држави кои користат суверенитет за да го заштитат нивното однесување. Од друга страна, тој ја применуваше и функцијата „поводник“ за спречување агресија од страна на големите сили.

Во 2004 година, Анан јасно истакна дека инвазијата врз Ирак е спротивна на Повелбата на ООН за употреба на сила. Ова му го донесе бескрајно непријателство од неоконзервативците во администрацијата на американскиот претседател Џорџ В. Буш, кои се заканија дека ќе направат ООН да стане ирелевантна. Сепак, ако Советот за безбедност попуштеше под англоамериканскиот притисок да ја поддржи војната, врз основа на лажни обвиненија за терористички напади и фабрикувани докази за оружје за масовно уништување, ООН би претрпеле сериозна и трајна штета.

Навистина, Анан се заплетка во скандалот со нафта за храна, што неговите неоконзервативни непријатели максимално го искористија. Сепак, дури и тогаш, посериозни беа етичките пропусти од страна на земјите-членки, вклучувајќи ги и САД и Австралија, кои одбија да преземат чекори за предупредувањата укажани од страна на претставниците на ООН. Вклучувањето на неговиот син во сомнителни зделки претставуваше лична болка за Анан.

Потрајната дамка на угледот на Анан беше неговата одговорност за рестриктивните толкувања на овластувањата на ООН за мировните операции во Руанда и Сребреница, Босна, во периодот 1994-1995 година. Всушност, некои луѓе тврдат дека Анан никогаш не ја платил политичката цена за овие две пропусти во должноста.

Но, Анан побара внатрешни инспекции наменети за овие неуспеси што ја потресуваат совеста, охрабрувајќи ги иследниците да ги извршат сите потребни проверки во нивната потрага по вистината. Кога иследниците завршија, тој го одобри објавувањето на нивните извештаи, вклучувајќи ги и негативните наоди за системските недостатоци на ООН и неговиот неуспех како лидер кој е највисокиот службен претставник задолжен за одржување на мирот во тоа време.

Со длабоки лузни од овие горчливи искуства, Анан неговата измачена совест ја претвори во трајно наследство од три начела и институционален напредок. Заштитата на цивилите беше врвен приоритет во мировните операции на ООН. Тој го воведе принципот на R2P за да ја оневозможи злоупотребата на државниот суверенитет од страна на бруталните владетели кои извршиле злосторства против својот народ. И тој го поздрави создавањето на Меѓународниот кривичен суд како правен инструмент за ставање крај на неказнувањето и за гонење и казнување на воените команданти и политичките водачи за најстрашните злосторства.

Решеноста на Анан да му служи на човештвото не заврши со неговото заминување од ООН. Тој продолжи да се бори за намалување на сиромаштијата, за решавање конфликти и за хуманитарните напори со поднесување барања до ООН, преку Фондацијата Кофи Анан и Групата на старешини како чувар на совеста на светот.

Анан навистина внимаваше и се залагаше за добросостојбата на неговиот персонал и честопати со нив покажуваше суптилна смисла за хумор. Во една прилика, неколку вработени на ООН беа заглавени во зона на конфликт каде ситуацијата брзо ескалираше. Неколку високи помошници се обидуваа да ја објаснат опасноста на Анан кога еден застана и праша: „Зошто не паничите, Генерален секретар?“ „Зошто да паничам“, одговори тој, „кога вие паничите наместо мене?“

Рамеш Такур, почесен професор на Националниот универзитет на Австралија, е поранешен Помошник генерален секретар на ООН, кој беше главен писател на вториот извештај на Кофи Анан за реформите на ООН во 2002 година. Тој е автор на The United Nations, Peace and Security: From Collective Security to the Responsibility to Protect.

Copyright: Project Syndicate, 2018.
www.project-syndicate.org

Договорот со Грција низ призмата на меѓународното ...
Без Договорот со Грција, Македонија и натаму ќе ос...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Среда, 21 Ноември 2018
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не