fbpx

Дино Чупевски

Профилна фотографија од Дино ЧупевскиДино Чупевски е комуникациски менаџер и продуцент со повеќегодишно работно искуство во маркетинг и медиумскиот сектор. Изминатите години активно соработува во невладината сфера со повеќе ентитети, а во 2022 го основа „Атриум“, граѓанска организација за култура и уметност, со фокус на продукција на интердисциплинарни, истражувачки и театарски проекти.

Автор е на видео поткастот „Шум“, а се занимава и со позајмување глас за разни комуникациски кампањи. Дипломира на Економскиот факултет при УКИМ во 2018 година.