[видео] Како да препознаете странско мешање и манипулација со информации?
Странското мешање и манипулација со информации – СММИ – станува едно од најмоќните оружја на модерното време. Без пушки. Без куршуми. Туку со нешто многу посуптилно: информации.
Денес ќе ви покажам како една приказна може да предизвика паника, да создаде хаос и да служи на интересите на странски актери.
Познато е дека водата од изворот Рашче важи за една од најквалитетните во Европа и повеќето жители на Скопје секојдневно ја гасат жедта со неа.
Меѓутоа, една вечер на Фејсбук се појавува објава:
„Не пијте вода од чешма! Десет деца завршија во болница од труење!“
За само неколку часа, објавата се шири како пожар.
Сепак, ниту еден случај не е пријавен во болница. Инспекторатот за вода по извршената контрола не најде ништо сомнително. Па како настана хаосот?
За полесно да се дојде до одговор на ова прашање, истражувачите го користат моделот ABCDE.
