[видео] Како да архивирате онлајн-содржини кои можат да исчезнат?

Замислете го ова: истражувате одредена објава на социјалните мрежи, а авторот одеднаш ја брише, пред да успеете да зачувате нешто!

Во дигиталниот свет, содржините може да исчезнат за само неколку секунди – особено кога станува збор за објави што шират дезинформации. Токму затоа, архивирањето на онлајн содржините е клучна алатка за секој што сака да истражува, да проверува факти или да зачува доказ пред да биде избришан. Во ова видео ќе научите како едноставно и ефикасно да архивирате објави и веб-страници, и зошто оваа техника е важна во борбата против манипулации и лажни информации.

Чекор 1: Копирајте ја адресата на веб-страницата од објавата што ја истражувате.

Многу е важно да ја изберете адресата на конкретната објава. На платформи како Фејсбук, тоа се прави со кликнување на датумот или времето на објавување.

Чекор 2: Вметнете го текстот на адресата во специјализирана веб-страница за архивирање, како archive.today.

Оваа веб страница креира трајна адреса која ќе остане достапна, дури и кога оригиналниот автор ќе ја избрише пораката или страницата.

Чекор 3: Користете додатоци за прелистувач.
Ако процесот ви одзема премногу време, можете да инсталирате и додатоци на вашиот прелистувач, како оној што го нуди Wayback Machine.

Со помош на додатокот, страницата можете веднаш да ја архивирате, без да одите на посебна веб-страница.

Истите овие алатки може да ги користите и за пребарување веќе избришани страници, под услов страницата барем еднаш претходно да била архивирана.

Оваа техника е исклучително важна. Профилите што шират лажни информации најчесто не објавуваат исправка, туку едноставно ја бришат содржината. Со овие алатки можеме да докажеме дека дезинформацијата била објавена.

Поврзани ресурси

[видео] Зошто ми излегуваат видеа со лажни доктори на социјалните мрежи?

[видео] Која е позадината на ТикТок предизвиците?

OSINT алатки за истражувачко новинарство

[видео] Како да ги откриеме новите видови дезинформации?

[видео] Како да провериме дали едно видео или фотографија се автентични?

[видео] И кога ти ја кажуваат (нецелосната) вистина, може да те манипулираат