fbpx

Дали граѓанското општество може да предизвика политички промени во Србија?

Братислав Раковиќ

Политика

06.09.19

Прегледи
ALB  SR

Братислав Раковиќ

Bratislav Rakovic 200x250Во последните три децении, активноста на граѓанското општество имаше значителни варијации во Србија, зависно од околностите. Режимот во Србија во текот на 90-тите години е дефиниран како натпреварувачки авторитаризам - демократски институции формално постојат, натпреварувањето во политичката арена е реално, но принципите на владеење имаат авторитарни одлики.

Покрај тезата за политичка култура и социјалeн капитал, политичкото учество и активностa на граѓаните, во принцип, се условени од конкретниот контекст. Тука станува збор за политичките, економските и социјалните околности, како и вербата и мотивираноста на граѓаните со своето учество да придонесат за подобрување или менување на заедницата во која живеат. При тоа, кога велам политичко учество не мислам само на гласање на избори или членување во партии, туку (за целите на овој труд) главно на активност преку граѓанското општество, сфатено во најширока смисла - како граѓанска активност во јавната сфера, која вклучува учество во работата на организации како што се движења, локални иницијативи, невладини организации или актовност што не се заснова на организации, одн. учество во разни јавни (протестни) активности.

Деведесеттите и двеилјадитите години

Во последните три децении, активноста на граѓанското општество дефинирано на тој начин имаше значителни варијации во Србија, зависно од околностите. Режимот во Србија во текот на 90-тите години е дефиниран како натпреварувачки авторитаризам - демократски институции формално постојат, натпреварувањето во политичката арена е реално, но принципите на владеење имаат авторитарни одлики: изборите не се целосно слободни и фер, се нарушуваат граѓанските права и слободи, а нееднаквоста во пристапот до ресурси помеѓу власта и опозицијата (финансиски, медиумски и правни) постојано е присутна. Сепак, ваквите режими подлежат на континуирано крунисување на легитимноста од страна на политичкото и граѓанското општество. Се забележува силна решеност на граѓаните ориентирани кон опозицијата да се спротивстават на политичките, економските и социјалните околности - главно преку протести, кои во некои периоди беа многу масовни. Граѓаните кои се побунија главно одеа на протести организирани од опозицијата, а и студентското движење имаше своја улога во протестите во деведесеттите. Во годините по смената на владата во 2000 година, граѓаните и граѓанското општество како целина сè повеќе се разочаруваа и демобилизираа - иако демократските институции некако функционираа, системската корупција остана цврсто вкоренета, заедно со голем резервоар на оние кои биле погодени од економската состојба (особено работничката класа). Како главен конкурент на властите во текот на двеилјадитите беше екстремно десничарската Српска радикална партија (СРС), која е претставник на стариот (недемократски) режим, ова им овозможи на партиите на поранешната Демократска опозиција на Србија (ДОС) да останат на власт во различни комбинации. Но, по изборите во 2008 година, се формираше Српската напредна партија (СНС), која, за разлика од СРС, имаше коалициски потенцијал заради своите умерени ставови. Веќе по следните избори во 2012 година, СНС доаѓа на власт. Во наредните години, Србија полека се лизга во нова етапа на натпреварувачки авторитаризам, а за прв пат по 16 години (би рекол, задоцнето) спаѓа во статусот на „делумно слободни земји“, се вели во извештајот на Фридом Хаус од 2019 година.

Граѓанското општество го враќа ударот

Во сиот овој период, незадоволството се чини дека се собира од различни причини: низок животен стандард, деградација на демократијата, широко распространета корупција и спојување на владејачката партија и државата, бројни афери, непријателска реторика кон неистомислениците и сл. Сепак, опозициските партии не успеваат да го искористат ова незадоволство и да ги мобилизираат граѓаните и целокупното граѓанско (сè до неодамна, но сепак ограничено), затоа што се чини дека им недостасува она што (повеќе) го имаа во деведесеттите - доверба. Меѓутоа, граѓанското општество започна да се буди со текот на времето, на различни начини. Може да се идентификуваат три видови на појави кои укажуваат на зголемување на ентузијазмот и решеноста кај граѓаните да го искажат своето незадоволство и да бараат промена: (1) преку студентски побуни; (2) преку протестни активности и (3) преку организирање на локално ниво.

Dali graganskoto opstestvo moze da predizvika politicki promeni vo SrbijaИзвор: europeanwesternbalkans.com

Прогласувањето на победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во 2017 година во просториите на СНС се одвиваше во славеничко расположение, а Вучиќ не ги криеше задоволството и ароганцијата поради убедливата победа. Следните денови се случи нешто што никој не го очекуваше, особено во ситуација на целосен пораз на опозициската јавност – голем број граѓани, особено студенти, излегоа на улиците, собрани поради спонтан и неветувачки повик за протест на Фејсбук. Уште на првите протести се собраа стотици студенти кои покажаа силен и бестрашен ентузијазам, со песни, пароли и духовити транспаренти. Протестите се ширеа, од ден на ден илјадници и илјадници незадоволни луѓе чекореа „против диктатурата“ во повеќе градови. Иако протестите не беа организирани од официјални студентски организации, нивниот „мотор“ беше сочинет од студенти, а од протестите се родија и неколку младински организации, како „Против диктатурата“, „7 барања“ и „Студентско движење Нови Сад“.

И покрај општата анестезираност на граѓаните, спорадичните протестни активности успеаја да мобилизираат одреден број на луѓе. Од срамежливи протести пред телевизијата Б92, каде неколку стотици граѓани се собраа поради укинувањето на култното шоу „Впечаток на неделата“, преку масовниот протест против Проектот „Белград на вода“ и протестите „против диктатурата“, сè до последниот бран протести што ја зафатија цела Србија - „1 од 5 милиони“, граѓаните сè повеќе почнаа да изразуваат незадоволство преку протести против разни појави, од локални до републички теми, заради корупција, урбанистички решенија, работни права итн., сè до општо незадоволство од условите за живот и владејачкиот режим. Иако ниту еден од протестите во последните години не ја достигна масовноста која постоеше во некои моменти од деведесеттите или двеилјадитите години, подготвеноста на граѓаните (граѓанското општество) да учествуваат во протестните акции постои и најверојатно ќе расте во иднина.

И на крај, најорганизираната и најупорната манифестација на будењето на граѓанското општество се локалните иницијативи што се појавија во последните години (и сè уште се појавуваат). Тие произлегоа од самоорганизирани граѓани, кои генерално немаа претходен контакт со политика и кои се обидоа да ја одбранат својата неселба, општина или град од разни појави, проекти и коруптивни дејствија. Примери на вакви организации се „Не го даваме Белград“, „Локалниот фронт од Краљeево“, Здруженото движење на слободни станари од Ниш“, „Иницијативата за Пожега“, а слични локални организации постојат и во други општини и градови, како што се Ваљево, Бечеј, Врбас, Младеновац, Кула, Пожаревац... Една заедничка одлика на сите овие организации е нивната хоризонтална организација (со подемократски карактер), агилност на потезите на властите и притисокот преку разни (протестни) акции, иновативен и повеќе теренски пристап кон политиката, недоверба кон постојните партии и целиот систем, за кој сметаат дека е корумпиран, недемократски и премногу свртен кон интересите на политичарите и нивните сојузници во сферата на економијата и склоноста кон левичарските идеи за солидарност, хуманизам и заштита на јавните добра. Во последниве месеци, односите помеѓу ваквите организации се интензивираат и се чини дека се појавува нова политичка сила, која е настаната „одоздола-нагоре“: Граѓанскиот фронт.

„Одоздола - нагоре“, но колку далеку „нагоре“?

Јасно е дека граѓанското општество секогаш ќе има улога во политичката сфера. Сепак, тешко е да се каже каков е неговиот краен (реален) дострел во Србија во овој момент. Јасно е, најорганизираниот дел, т.е. локалните иницијативи имаат најголем потенцијал да влијаат и да понудат алтернатива, но останува да се види колку тие ќе бидат силни и одржливи на локално ниво и како ќе се снајдат во над-локалната (републичка) политичка арена, со оглед на организациските слабости во споредба со институционализираните партии и предизвиците поставени од прилично недемократскиот контекст.

Дали граѓанското општество во Србија ќе продре до меѓународното ниво, поврзувајќи се со другите општества во регионот, воспоставувајќи систем(и) на нови вредности? Искуството со Граѓанскиот фронт сигурно ќе биде интересно за проучување, а во зависност од резултатите, може да биде и инспирација. Во другите земји од регионот има слични тенденции, како што е на пример активноста на иницијативата „Загреб е наш“ во Хрватска. Во секој случај, неодамна одржаната меѓународна конференција организирана од иницијативата „Не го даваме Белград“, собра бројни организации и активисти од регионот (и низ цела Европа), вклучувајќи ги Хрватска, Северна Македонија, Босна и Херцеговина. Црна Гора, Косово, Албанија и Словенија, што покажува дека потенцијалот за развој и соработка секако постои.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Братислав Раковиќ

Братислав Раковиќ е дипломиран политиколог. Тој моментално ја изготвува својата магистерска теза на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград и е практикант во Центарот за слободни избори и демократија (CESID). Тој се бави и со граѓански активизам.