„Во време кога информацијата е секаде и постојано треба да бидеме најпретпазливи“. Ова е ставот на еден од најактивните експерти за медиумска писменост ангажиран во повеќе стручни тела во Европската комисија, Паоло Челот. Тој е член на Управниот комитет на медиуми и информатичко општество при Советот на Европа, член на Советодавниот одбор на Европската аудиовизуелна опсерваторија и член на различни научни списанија специјализирани за комуникација.
Челот е основач и генерален секретар на ЕАВИ (Европската асоцијација за интересите на гледачите), којашто беше дел од конзорциумот што ги креираше критериумите за проценка на нивоата на медиумска писменост за Европската комисија во 2010. Тој исто така, е автор на актуелната Политика за медиумска писменост на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Македонија, како и на претходната Програма за поттикнување на медиумската писменост. Челот придонел и континуирано придонесува за сегашното разбирање на медиумската писменост, што вклучува и придонес во влијанието врз легислативата на ЕУ по ова прашање.
Паоло Челот е говорник на симпозиумот „Да си го вратиме назад просторот за дигитални информации“ што го организира ИКС и ИРЕКС.
За сите овие теми, разговараме со него во Рес Публика.
Живееме во модерно доба. Со два клика Ви испраќам информација, во истиот миг ја добивате и ја ширите. Светот никогаш не бил толку мал. Но просторот што се создава со развојот на технологијата е исто толку отворен и за ширење дезинформации. Треба ли да не радува хаосот?
Комуникацијата е побрза, но ризикот е да стекнете, ако ништо друго, само празни поими и издишани информации без воопшто да научите нешто.
Немам ништо против хаосот, но не треба да му се радуваме. Луѓето се преоптоварени и не можат многу да го разберат поимот „информација“. Ќе ни треба капацитет да ја процениме содржината и контекстот во којшто таа се испорачува, но во реалноста, тоа е речиси невозможно, бидејќи новите технологии и политичката и комерцијалната пропаганда користат сè пософистицирани техники за манипулирање со нашиот ум и мислења. Во денешно време, тие можат да направат матени јајца без да ги скршат јајцата. Треба дури и да го преиспитуваме сопственото мислење. ‘Дали е ова моја вистинска мисла или сум наведен да размислувам на одреден начин?’ Првиот чекор за решавање на проблемот е да бидеме свесни дека сето ова ни се случува.
Како го дефинирате поимот „медиумска писменост“?
Експертите со години се трошат во дебата за дефинициите. Се покажа дека е невозможно да се има единствена дефиниција. Сепак, согласни се за главните елементи на медиумската писменост (пристап, употреба, разбирање и учество), како и за факторите кои влијаат на тие вештини (главно медиумско образование и политика).
Дефинирањето на точните цели на медиумската писменост над генералните принципи може да биде проблематично. Медиумската писменост трансерзално се пренесува на многу различни предмети. Defining media literacy’s exact objectives beyond general principles can be problematic. ML applies transversally to many different subjects.
Концептот на медиумската писменост е во постојана состојба на промени , во зависност од технологијата и културното, економското, социјалното и образовното потекло. Мислам дека може да се повикаме на една од дефинициите на Европската комисија, која вели:
Медиумската писменост е способност за пристап, анализа и проценка на слики, звуци и текст, како и за компетентно комуницирање.
Малку е банално, но би рекол дека медиумската писменост значи да може добро да се користат медиумите.
Често пати се поистоветуваат поимите „медиумска“ и „дигитална“ писменост. УНЕСКО ја усвои синтагмата „медиумска и информациска писменост“. Која е разликата помеѓу овие поими?
За мене нема разлика. Многуте писмености поврзани со медиумите, писменоста за вестите, информациската писменост, дигиталната писменост, сега писменоста со вештачка интелигенција, ги имаат истите заеднички елементи. Треба да разбереме како функционираат и зошто. Кои за интересите што стојат зад нив.
Сепак, поддефинициите се важни во истражувањата и во креирањето политики. Но, истовремено се и збунувачки за луѓето. Медиумската писменост е врзана за многу работи денес (приватност, пропаганда, дезинформации, слобода на медиуми, плурализам, заштита на деца, зајакнување и сл.)
Колку е опасно или корисно малолетник да ја има најновата генерација на мобилен телефон во општество во кое дигиталната и медиумската писменост прават почетнички чекори?
Проблемот најчесто се возрасните, а не децата. Јас сум повеќе загрижен за мајките и татковците!
Според мене, некои од гражите на родителите се неоправдани. Додека секој родител треба да ги следи своите деца во нивните онлајн истражувања, децата не се наивни. Нивното онлајн присуство е дел од нивниот живот. Тие мора да бидат изложени на тоа за да ги развијат своите вештини и да научат што е подобро за нив, преку обиди и грешки.
Детството е токму периодот за формирање идентитет, истражување и доверба во другите. Нивната невиност не треба да се искористува за комерцијални интереси. Некои граници се неопходни, бидејќи сите ние треба да бидеме во контакт со други луѓе, да играме и да шетаме надвор во природа. Јас не би му дал телефон на дете пред да наполни десет години. Оваа онлајн средина е дизајнирана за возрасни, штетната содржина е лесно достапна, дури и за малите деца, а насоченото движење кон позитивна содржина е комплицирано.
Во секој случај, децата се разликуваат според пол, возраст и карактер и нема еден рецепт кој важи за сите. Што функционира кај едни, не значи дека функционира кај други. Но, сигурно е дека однесувањето на родителите, вклучувајќи ги и лошите примери, очекувано се пренесува и на однесувањето на децата во дигиталната сфера.
Експертите, исто така сигнализираат дека ограничувачката и строга контрола од родителите може да биде неефективна, некогаш и контрапродуктивна, да биде причина за семејни недоразбирања. Ние работиме на неколку проекти за дигитално родителство, како на пример www.europeandsafeonline.eu
Колку страни има вистината во доба во која секоја (дез)информација си има своја публика?
Производството на добра, доверлива содржина и улогата на квалитетното новинарство се од суштинско значење. Дистрибуцијата на содржината, сепак треба да се регулира. Луѓето не можат целосно да ја сносат оваа одговорност на своите раменици. Ако се возам со такси или автобус, не се прашувам дали ќе ме однесе до аеродром или до мојата дестинација. Јас му верувам! Како патник не можам сѐ да проверувам. Постои голема одговорност и надлежност на владите и политиките! И секако, и на медиумските платформи.
Како гледате на поимот „фејк њуз“? Експертите од медиумската писменост и вашите колеги од академијата, сугерираат дека поимот „лажни вести“, којшто многу често се користи во контекст на разни видови медиумска манипулација, треба да се избегнува. Зошто?
Затоа што проблемот не е само во тоа што е реално или лажно, точно или лажно, информации или пропаганда. Вистинскиот факт, кога е вметнат во одреден контекст, може да се користи за измама. Ова е една од причините зошто проверката на фактите има граници.
Вашето професионално искуство опфаќа учество во различни групи, национални и европски, во кои се поставуваа(т) основите за воедначено мерење на нивоата на медиумската писменост на ниво на Европа. Но, се чини дека и покрај сериозните обиди за синхронизирани мерења и воедначена методологија, сепак во пракса не се спроведува како што беше замислено пред 10-тина година бидејќи секоја држава применува различни мерења. Каде според вас е најсоодветно да видиме која земја има медиумски најписмени жители?
Проценката на нивото на медиумска писменост е проблематична. Може да се измерат одредени компоненти, особено употребата на медиуми. Но, што кога станува збор за критичкото размислување? Треба да одите и директно да разговарате со луѓето. Наставничката некако ги познава своите ученици, кои критериуми ги користи? Треба време. Оценувањето на националното ниво е многу тешко. Згора на тоа, земјите не сакаат да бидат именувани и посрамени. Дали Шпанците се „поинтелигентни“ од Германците? Финците се подобри од Австријците?
Последниве неколку години Европската комисија презеде сериозни активности за справување со дезинформациите. Формираше посебни тела, се донесоа нови политики и акциски планови, а минатата година помина во дебата околу ревидираниот Акциски план за справување со дезинформации и новите регулативи како european Media Freedom Act и Digital Service Act. Како овие две регулативи ќе помогнат во справувањето со дезинформациит? А што значат тие за граѓаните?
И двете се многу важни. Европа е единствениот дел од светот кој сериозно презеде акција, а не САД, Кина или Русија. Но, треба да се направи многу повеќе. На пример, големите приватни технолошки компании се преголеми и премоќни. Замислете утре Apple и Google да решат да ни ги исклучат сите телефони. Тие би можеле да го направат тоа за еден ден.