Константин Битраков
Асс. д-р Константин Битраков (роден 1993 во Охрид) е вработен на Правниот факултет „Јустинијан Први“, како асистент на Катедрата по административно право и јавна администрација. Предмет на интерес во неговите истражувања е организацијата на управата, превенцијата на корупцијата во јавната управа, институционалниот интегритет, управното процесно право и слично. Тој има издадено повеќе трудови и е коавтор и на еден универзитетски учебник по Антикорупциско право. Има учествувано во десетици истражувачки и апликативни проекти. По образование е правник. Додипломските студии ги завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2014 година. Магистерските студии на насоката административно право и јавна администрација ги завршил на истиот факултет во 2016 година. Докторирал на Правниот факултет во Белград на почетокот на 2025 година, со одбраната на докторската дисертација посветена на превенција на корупцијата во јавната администрација. Член, односно соработник е и на повеќе невладини органиции во државата.
