Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија останува иста како и пред една година. Телевизиите 24 Вести, Телма, Алсат М и ТВ 21 продолжија да ги следат политичките случувања од неутрална позиција и критички да ја опсервираат работата на јавните институции, што всушност е основна улога на професионалното новинарство кое го штити јавниот интерес. Од друга страна, кај телевизиите Сител, Алфа, ТВ Нова и Канал 5 повторно доминираат ставовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и известувањата за проектите и за достигнувањата на нејзините функционери.
Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во Македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 13 до 17 и од 20 до 24 февруари 2017.
ИЗВЕШТАЈ - МКД ENG ЗАКЛУЧОЦИ - МКД ENG ИНФОГРАФИК-1