fbpx

Ненад Марковиќ

nenad markovikj 800x800 1Проф. д-р Ненад Марковиќ е редовен професор на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Еден е од основачите на една од најголемите тинк-тенк организации во државата – Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). Член е на уредувачкиот одбор на списанието „Политичка мисла“ во издание на Фондацијата „Конрад Аденауер“ – Скопје и ИДСЦС. Проф. Марковиќ е поранешен претседател на Македонското политолошко друштво и еден од основачите на Балканската асоцијација на политички науки (BPSA).