[видео] Интересите се клучни за остварување на странско мешање и манипулација со информации!
Странското мешање и манипулација со информации – СММИ – претставува една од најсофистицираните закани за демократските процеси, националната безбедност и општествената кохезија. Тоа не се само лажни информации. СММИ е стратегиско, организирано и намерно искористување на информации од странски актери за да се влијае врз одлуките на граѓаните, институциите и владите.
Зошто некој би манипулирал со информациите во една земја? За да се создаде влијание – политичко, економско или геостратегиско.
За подобро да се разберат целите зад ваквите кампањи, ЕУ го разви моделот 5D.
Замислете избори во една земја. Граѓаните донесуваат одлука врз основа на информации – вообичаено токму тогаш се активираат странски мрежи кои сакаат да го променат исходот на изборите. Како го прават тоа? Моделот 5D најдобро го илустрира тоа.
