Одлуката на референдумот е налог за пратениците и претседателот Иванов

проф. д-р Светомир Шкариќ 

svetomir skarik 200x250Во фокусот на референдумското прашање треба да биде Договорот, така како што е насловен, со полно име. Референдумското прашање треба да гласи: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Претстојниот референдум ќе биде понеизвесен и поделикатен од референдумот за самостојност од 1991 година. Нема да има етничка поделба на глсачкото тело, но може да се случи помала излезност од 50 посто од вкупниот број избирачи, ако вистинската содржина на Договорот не ја разберат граѓаните. А отпорот кон него е веќе силен, со застрашувачки пораки од повеќе страни. Може да се очекува опструкција и по завршувањето на референдумот, особено кога ќе се отвори постапката за уставните промени која мора да биде брза, да заврши за три месеци, не подоцна од 2018 година.

Референдумот на државно ниво станува актуелно прашање по трет пат, по потпишувањето на Договорот со Грција и неговата ратификација во Собранието на РМ во јуни 2018 година. Во Договорот, референдумот се споменува во два члена. Прво, дека македонската страна може да одржи референдум по ратификацијата на Договорот во Собранието и дека веднаш по ратификацијата ќе ја започне постапката за донесување на уставните амандмани (чл. 1). И второ, дека одлуката на Грција за прием на Македонија во НАТО ќе зависи од исходот на ,,националниот референдум“ и комплетирањето на уставните амандмани (чл. 2).

Станува збор за необврзувачки или факултативен референдум, односно за референдум што може да се распише, но не мора. Одлуката ја донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Во одлуката се наведува датумот на одржувањето на рефедрендумот, се прецизира референдумското прашање и се утврдува правната природа на одлуката, дали таа ќе биде императивна или советодавна. Тоа ќе бидат, овој пат, тешки прашања, како никогаш досега.

Цензусот е важно прашање

Референдумот мора да се одржи во рок од 60 дена од објавувањето на одлуката во „Службениот весник на РМ“, но не подоцна од 90 дена. Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните предвидува можност и меѓународните договори да бидат предмет на референдумско изјаснување, но пред нивната ратификација во Собранието. За тоа прашање е предвиден претходен (ante lege), а не дополнителен референдум (post lege). За таа законска обврска македонските преговарачи не воделе сметка кога се утрдуваше финалната верзија на Договорот (чл.24).

Референдумот е предвиден поради противењето на пратениците од опозицијата и шефот на државата на Договорот со Грција. Ако референдумот биде успешен, тогаш опструкцијата може да се надмине, бидејќи референдумската одлука ќе биде задолжителна за сите (erga omnes). А тоа ќе се случи ако се обезбеди цензусот од 50 отсто плус еден гласач и ако мнозинството граѓани гласале „за“. И обратно, ако одлуката биде негативна, односно ако мнозинството граѓани гласале „против“, Договорот ќе пропадне. Договорот ќе пропадне и ако не се обезбеди потребниот цензус на излезност на граѓаните што го бара Уставот: „Одлуката на референдумот е усвоена ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи“ (чл. 73).

Обезбедување на цензусот од најмалку 900.000 избирачи нема да биде лесна задача, особено ако опозицијата повика на бојкот, како што тоа го направи Владата на Хари Костов во 2004 година, кога се одржуваше референдумот за новата територијална поделба. Сегашната влада треба да размисли како ќе го обезбеди цензусот, на кој начин и со каква кампања. Решението за цензусот може да го бара и во поврзувањето на референдумското изјаснување со предвремени парламентарни избори, ако оцени дека има капацитет за тоа.

Со поврзувањето на референдумот со изборите може полесно да се обезбеди цензусот, но и значително да се зајакне легитимитетот на Договорот, ако излезноста на референдумот биде значително поголема од 50 отсто, блиску до она од 1991 година. А Договорот има потреба од силен легитимитет, бидејќи неговата имплементација тешко ќе се остварува со слаба поддршка од граѓаните. Посебно ќе биде тешко остварлива постапката за уставните промени и стратешкото партнерство меѓу двете држави.

odlukata na referendumot e nalog za pratenicite i pretsedatelot ivanovЛидерската средба во состав Зоран Заев (СДСМ), Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ), Али Ахмети (ДУИ) и Билал Касами (Беса). Извор: novamakedonija.com.mk

Референдумското прашање треба да биде чисто

Референдумот ќе предизвика тектонски промени, без оглед на неговите резултати. Ако биде позитивен, тогаш може да ни се случи „Орфеј“, да слушаме „громови“, да гледаме како се совладува отпорот на опозицијата, со помош на гласот на граѓаните. Ако пак биде негативен, тогаш противниците на Договорот ќе мора да осмислат нова алтернатива. А за тоа ќе им треба и повеќе ум и повеќе труд, отколку што им треба за отфрлање на Договорот. По референдумот, граѓаните ќе кажат јасно во која насока ќе се движи земјата (referre), односно која е нивната порака (consilia referenda).

Проблемот е и во тоа што предметот на претстојниот референдум ќе биде комплексен, како ретко кој предмет од досега одржаните референдуми на државно ниво во светот, почнувајќи од 15 век па до денес. Договорот во себе содржи прашања од различен карактер. Некои прашања се од уставен, други од законодавен, трети од административен, а четврти од меѓународен карактер. Сите прашања се синтетизирани во еден пообемен документ, на кои граѓанинот треба да одговори со „за“ или „против“.

Проблемот е и динамиката на остварувањето на Договорот. Постапката на уставните промени мора да започне веднаш по референдумот, да биде „неотповиклива“ и да заврши брзо, за три месеци. Со еден амандман треба да се замени постојното уставно име со име „Република Северна Македонија“ за општа употреба (erga omnes). Со истиот амандман треба да се отстрани и името „Македонија“ што се среќава во преамбулата и во неколку членови од нормативниот текст. Со вториот амандман треба да се интервенира во преамбулата, најчувствителниот дел од Уставот, со големи маки формулиранa во 2001 година. Со третиот амандман треба да се промени членот што го регулира правниот режим на државните граници (чл. 3), а со четвртиот, промена на членот со кој се предвидува грижата на македонската држава за македонското малцинство во соседните земји (чл.49).

Договорот бара и промена на поголем број закони. Предвидува и обврска за имплементација на новата терминологија во официјалната документација, кореспонденцијата и релевантните материјали. Со други зборови, договорената терминологија, освен надвор, треба да се користи и внатре, во сите делови од општественото уредување, со конкретен одраз врз називите на државните органи и институциите од национален карактер. Претстои прецизна работа со ангажман на повеќе стручни лица кои добро го познаваат правниот систем и правната техника.

Договорот е билатерален, но има и пошироко геополитичко значење. Освен што предвидува стратегиско партнертство помеѓу Македонија и Грција, тој претставува и услов за евроатлантската интеграција на македонската држава, за нејзино врамување во одредена геополитичка рамка, која се судрува со друга таква рамка, присутна на Балканот. Договорот има врска и со ООН и се засновува врз нејзините документи, повеќе отколку врз домашното право. Со влегувањето на Договорот во сила, престанува да важи и Привремената спогодба од 1995 година, склучена со посредство на ООН.

Стратегиското партнерство меѓу Македонија и Грција отвора нови можности за македонската држава и за македонскиот народ. Се создава можност за потесно поврзување на народите од двете држави, со градење атмосфера на доверба и добрососедски односи, економска соработка, соработка во областа на културата и науката, развој на пријателските односи и решавање спорови со мирни средства. Од преамбулата на Договорот јасно се гледа желбата на договорните страни да ја трансформираат „политичката географија“ во „функционална географија“, во која географска Македонија може повторно да го најде својот мир – „Pax Macedonia“, водејќи сметка за принципот - секому она што му припаѓа (Suum cuique ).

Затоа, во фокусот на референдумското прашање треба да биде Договорот, така како што е насловен, со полно име. Референдумското прашање треба да гласи: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 ( 1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Од гласачкото ливче, граѓанинот ќе може непосредно да заклучи, со свој ум, за што станува збор. Прво, ќе сфати дека се вклучува со свој глас во конечно решавање на спорот за името што трае уште од 1993 година, наспроти барањето на Советот за безбедност на ООН спорот за разликата брзо да се реши. Второ, прашањето го соочува со резолуциите на Советот за безбедност на ООН, што значи дека спорот е меѓународен, а не само билатерален и дека меѓународното право има поголема тежина за регулирање на спорот со Грција отколку домашното право. Трето, ќе види дека Привремената спогодба со Грција од 1995 година престанува да важи и дека е време односите со таа земја да се уредат на нови основи. И четврто, стратегиското партнерство ќе го поттикне да размислува пошироко и далековидо, односите меѓу Македонија и Грција да ги согледува низ нова перспектива, во контекстот на ЕУ и вредностите и принципите на Советот на Европа, така како што е запишано во преамбулата на Договорот.

Договорот треба да се стави на референдум, без негово замаглување со други прашања. Така е во сите демократски земји во кои референдумот се смета за строга форма на непосредна демократија. Тоа е видливо од референдумите што се оддржуваат во Швајцарија, Италија, Франција, Шпанија и во нордиските замји, како и од референдумите на американските држави ( Калифорнија, Јужна Дакота и Северна Дакота).

Референдумот е имеративен мандат

Одлуката донесена на референдум е од императивен карактер за органите на власта. Тоа е разбирливо ако се има предвид хиерархијата на субјектите на уставниот поредок. На прво место е граѓанинот како извор на власта. На второ место е уставот како основен правен акт и регулатор на односите меѓу граѓаните и власта. Дури на трето место се државните органи. Тоа е видливо од Уставот на Јапонија од 1946 година и од Основниот закон на Германија од 1949 година.

Тоа што ќе го кажат граѓаните е највисоката власт. Граѓаните се извор на власта, но и нејзин најзначаен субјект. Тие се извор и утока на се`. Се извира од нив и се` се влева во нив. Тоа го забележал Токвил за време на неговиот престој во САД, зебележувајќи дека „народот владее со американскиот политички свет како Господ со вселената“.

Референдумското одлучување има задолжителна правна сила. Тоа го тврди Жак Кадар, единствен професор по уставно право кој имал можност да стави забелешки на Нацрт-уставот на РМ, на седницата на Уставната комисија, одржана во Собранието на РМ во септември 1991 година: „Треба да се сфати дека референдумот е еден вид национален и глобален императивен мандат за претставничките тела и за владата. Ако императивниот мандат е неприменлив на ниво на одделен избор, тој е лесно применлив во однос на претставничките органи“ (Шкариќ С., Уставно право, осмо издание).

Одлуката донесена на референдум стапува на сила веднаш по нејзиното донесување. Таа има поголема правна сила од сите правни акти, донесени од претставничките органи. Како таква, таа е извор на уставно право со подолго временско траење. Затоа треба да се внимава кога граѓаните се повикуваат на референдум, кога треба да се чуе нивниот глас.

Референдумското изјаснување има и морална тежина. Тоа се гледа од односот на власта кон одлуките донесени на консултативен референдум. Таквите одлуки се почитуваат, независно од нивниот советодавен карактер. Тоа е видливо од односот на швајцарските кантони и Владата на Норвешка. Кантоналниот орган што го распишува референдумот води сметка за мислењето на граѓаните кога ја донесува конечната одлука. Владата на Норвешка во 1972 година донесе одлука за непристапување на Норвешка кон заедничкиот пазар на Европската заедница, откако 53.5 отсто од гласачите на консултативен референдум гласале против.

Во случај на несовпаѓање помеѓу волјата на граѓаните и волјата на власта, неминовно избива политичка криза, независно дали станува збор за облигаторен или за консултативен референдум. Излезот се бара во оставка на носителите на власта и распишување нови избори. На пример, во 1969 година, по неуспешниот референдум, распишан по барање на Шарл де Гол за укинување на Сенатот и нова регионализација на Франција, францускиот претседател поднесе оставка, обраќајќи му се на францускиот народ со следните зборови: „Господо, ние завршивме... Значи по овој случај, дефинитивно ќе биде свртена нова страница во историјата на Франција“.

Веќе е извесно дека нова страница во историјата ќе биде свртена и во Македонија, независно како ќе заврши референдумот за Договорот од Преспа. Но, неизвесно е дали претседателот Иванов ќе постапи како францускиот претседател, ако референдумот биде позитивен, по неговата изјава од јуни 2018 година дека „нема да легализира политичка дивоградба“.

Не е извесно и дали пратениците од опозицијата ќе се однесуваат како пратениците од Британскиот парламент кои на референдумот гласале против Брегзит, а сега се негови поддржувачи. Така се однесуваат демократите. А поборници на чист Брегзит се министрите на Владата на Тереза Меј кои деновиве поднесоа оставки, во знак на протест проти замаглавуњето на Брегзит и неговото трансформирање од „тврд“ во „мек Брегзит“. Ќе видиме дали така ќе постапат и министрите во Владата на РМ, ако референдумот пропадне?

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите вo оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Светските економски трендови и Македонија
Децата заложници на Трамп
 

Коментари 7

Анонимен - Гордан Некојси on Вторник, 24 Јули 2018 16:37

Ако сме искрени и доследни до крај тогаш прашањето треба да гласи вака:
"Дали го поддржувате Договорот помеѓу Првата страна (Хеленската Република) и Втората страна (која беше примена во ООН согласно резолуцијата 47/225 од 08.04.1993) за конечно надминување на разликите опишани во резолуциите на ООН 817(1993) и 845(1993) и Привремената спогодба од 1995?"

Ако сме искрени и доследни до крај тогаш прашањето треба да гласи вака: "Дали го поддржувате Договорот помеѓу Првата страна (Хеленската Република) и Втората страна (која беше примена во ООН согласно резолуцијата 47/225 од 08.04.1993) за конечно надминување на разликите опишани во резолуциите на ООН 817(1993) и 845(1993) и Привремената спогодба од 1995?"
Анонимен - Mixo on Вторник, 24 Јули 2018 20:07

Бидејќи прашањето треба да е што поедноставно и појасно, најсоодветно треба да гласи вака:
"Дали сте за Договорот со Грција, кој е услов за членство во ЕУ и НАТО?"

Бидејќи прашањето треба да е што поедноставно и појасно, најсоодветно треба да гласи вака: "Дали сте за Договорот со Грција, кој е услов за членство во ЕУ и НАТО?"
Анонимен - М-р Свето Тоевски on Среда, 25 Јули 2018 00:28

Мој одговор на професорот д-р Светомир Шкариќ на неговата статија под наслов „Одлуката на референдумот е налог за пратениците и претседателот Иванов“.

Професоре Шкариќ, имајќи ги предвид сите ваши предлози и мислења изнесени во овој текст, јас во целост ја оспорувам вашата најелементарна способност за логичко и коректно промислување околу прашањето за надминување на проблемите што самата ги има Грција во врска со името на Македонија. А најмалку изнесувате научни предлози и согледувања, втемелени врз основа на аргументи.

Јас, како магистер по политички науки и долгогодишен научен истражувач во сферата на политичките науки, теоријата на државата и уставно – политичкиот систем, ќе ви одговорам зошто сметам дека вашите ставови се штетни и спротивни на државните и националните интереси на македонскиот народ и неговата, моја држава Република Македонија.

Најпрво и најосновно: ОПШТАТА УСТАВНА ТЕОРИЈА И ПРАКСА КАКО НАУКА И УСТАВИТЕ НА КОЈА БИЛО ДРЖАВА ВО СВЕТОТ, ПА И ВКЛУЧИТЕЛНО УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НЕ ПОЗНАВААТ И НЕ ПРИЗНАВААТ КАТЕГОРИЈА „РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЕЛЕМЕНТАРНОТО ПРАВО ЗА КОЛЕКТИВНО И ИНДИВИДУАЛНО НАЦИОНАЛНО САМОИДЕНТИФИКУВАЊЕ“ И ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА КОЛЕКТИВНАТА И ИНДИВИДУАЛНАТА НАЦИОНАЛНА САМОСВЕСТ“.

Второ, не можат да здобијат право и можност сегашната генерација на македонскиот народ, наспроти сите претходни и сите наредни поколенија, за преименување на државата Македонија со „Северна Македонија“, а следствено на тоа и да дадат согласност за преименување на милениумскиот македонски идентитет, кој како таков трајно ќе биде избришан со новоизградениот вештачки конструкт „северномакедонски идентитет“.

Трето, по ниедна основа не може да здобие право и можност кој било етникум, понајмалку малцински етникум кој што живее во рамки на Република Македонија, на референдум да ги преименува државата и носечкиот народ – македонскиот народ, како основен носител на државно – правниот субјективитет и на суверенитетот на државата – Македонија.

Вие изнесувате свој предлог за можно референдумско прашање: исто така и тоа е тотално спротивно на постојната уставна регулатива, бидејќи е сочинето од три елемента и е сосема неразбирливо и нелогично, поради што на такво прашање просечен граѓанин не би знаел како да одговори и со тоа би се отворила одлична можност за манипулација со неговата политичка волја.

На крајот, ви упатувам две специјални прашања, професоре Шкариќ, во врска со кое ви упатувам предизвик да се огласите со свои одговори во најшироката општествена јавност:

1. Дали ќе можете да го изанализирате „Преспанскиот договор“ од аспект на сите свои претходни ставови и научни студии, па да кажете дали грешам кога ќе констатирам дека тој „меѓународен договор“ е, всушност, тотално неуставен и тотално спротивен на комплетното меѓународно право, претворајќи ја Македонија од независна држава во меѓународен протекторат на Република Грција и другите меѓународни центри на глобалната политичка моќ?

2. Од аголот на сегашните ваши, најнови погледи, дали ќе можете да ги искоментирате ставовите изнесени во статијата под наслов „Употребата на името ‘Република Македонија’ – лично право на граѓанинот“ (статија публикувана во рамки на научната публикација „СПОРОТ ЗА ИМЕТО МЕЃУ ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА“, како студентски проект чии редактори се Светомир Шкариќ Димитар Апасиев и Владимир Патчев, а која е објавена во 2008 година), во која, покрај другото се наведува:
„Ако се праша граѓанинот на Република Македонија, неговата вообичаена реакција на ‘проблемот околу името’ издигнат на ниво на меѓудржавен спор оди по линија на оспорување на правото на државите (или на било кого) да ја ограничуваат неговата ‘слобода да го избере името на сопствената држава или нација’, односно, дека името на сопствената нација или држава е прашање што спаѓа исклучиво во доменот на неговиот личен избор, идентитет и интегритет. ... граѓаните прашањето околу името на државата го доживуваат како прашање на лична, приватна работа, како прашање на сопствениот идентитет и интегритет, исто како што го доживуваат и прашањето околу изборот на сопственото име, името на своите предци или потомци, или, пак, изборот на сопствениот пол или животен стил. Сосема логично, правото на граѓаните на Република Македонија да го употребуваат името на сопствената држава (и нација) во односите со други лица треба да се бара во корпусот на меѓународни правила, со кои се гарантираат основните слободи и права на човекот. Соодветно на начинот на којшто граѓанинот го доживува прашањето на името на сопствената држава, во прв ред, правото на користење на слободно избраното и доживеано име на државата (и нацијата) на која што и припаѓа, би можело да се смести во доменот на правила со кои се штити приватниот живот на човекот, вклучително, и во членот 8 на Европската конвенција за правата на човекот“.“

Мој одговор на професорот д-р Светомир Шкариќ на неговата статија под наслов „Одлуката на референдумот е налог за пратениците и претседателот Иванов“. Професоре Шкариќ, имајќи ги предвид сите ваши предлози и мислења изнесени во овој текст, јас во целост ја оспорувам вашата најелементарна способност за логичко и коректно промислување околу прашањето за надминување на проблемите што самата ги има Грција во врска со името на Македонија. А најмалку изнесувате научни предлози и согледувања, втемелени врз основа на аргументи. Јас, како магистер по политички науки и долгогодишен научен истражувач во сферата на политичките науки, теоријата на државата и уставно – политичкиот систем, ќе ви одговорам зошто сметам дека вашите ставови се штетни и спротивни на државните и националните интереси на македонскиот народ и неговата, моја држава Република Македонија. Најпрво и најосновно: ОПШТАТА УСТАВНА ТЕОРИЈА И ПРАКСА КАКО НАУКА И УСТАВИТЕ НА КОЈА БИЛО ДРЖАВА ВО СВЕТОТ, ПА И ВКЛУЧИТЕЛНО УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НЕ ПОЗНАВААТ И НЕ ПРИЗНАВААТ КАТЕГОРИЈА „РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЕЛЕМЕНТАРНОТО ПРАВО ЗА КОЛЕКТИВНО И ИНДИВИДУАЛНО НАЦИОНАЛНО САМОИДЕНТИФИКУВАЊЕ“ И ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА КОЛЕКТИВНАТА И ИНДИВИДУАЛНАТА НАЦИОНАЛНА САМОСВЕСТ“. Второ, не можат да здобијат право и можност сегашната генерација на македонскиот народ, наспроти сите претходни и сите наредни поколенија, за преименување на државата Македонија со „Северна Македонија“, а следствено на тоа и да дадат согласност за преименување на милениумскиот македонски идентитет, кој како таков трајно ќе биде избришан со новоизградениот вештачки конструкт „северномакедонски идентитет“. Трето, по ниедна основа не може да здобие право и можност кој било етникум, понајмалку малцински етникум кој што живее во рамки на Република Македонија, на референдум да ги преименува државата и носечкиот народ – македонскиот народ, како основен носител на државно – правниот субјективитет и на суверенитетот на државата – Македонија. Вие изнесувате свој предлог за можно референдумско прашање: исто така и тоа е тотално спротивно на постојната уставна регулатива, бидејќи е сочинето од три елемента и е сосема неразбирливо и нелогично, поради што на такво прашање просечен граѓанин не би знаел како да одговори и со тоа би се отворила одлична можност за манипулација со неговата политичка волја. На крајот, ви упатувам две специјални прашања, професоре Шкариќ, во врска со кое ви упатувам предизвик да се огласите со свои одговори во најшироката општествена јавност: 1. Дали ќе можете да го изанализирате „Преспанскиот договор“ од аспект на сите свои претходни ставови и научни студии, па да кажете дали грешам кога ќе констатирам дека тој „меѓународен договор“ е, всушност, тотално неуставен и тотално спротивен на комплетното меѓународно право, претворајќи ја Македонија од независна држава во меѓународен протекторат на Република Грција и другите меѓународни центри на глобалната политичка моќ? 2. Од аголот на сегашните ваши, најнови погледи, дали ќе можете да ги искоментирате ставовите изнесени во статијата под наслов „Употребата на името ‘Република Македонија’ – лично право на граѓанинот“ (статија публикувана во рамки на научната публикација „СПОРОТ ЗА ИМЕТО МЕЃУ ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА“, како студентски проект чии редактори се Светомир Шкариќ Димитар Апасиев и Владимир Патчев, а која е објавена во 2008 година), во која, покрај другото се наведува: „Ако се праша граѓанинот на Република Македонија, неговата вообичаена реакција на ‘проблемот околу името’ издигнат на ниво на меѓудржавен спор оди по линија на оспорување на правото на државите (или на било кого) да ја ограничуваат неговата ‘слобода да го избере името на сопствената држава или нација’, односно, дека името на сопствената нација или држава е прашање што спаѓа исклучиво во доменот на неговиот личен избор, идентитет и интегритет. ... граѓаните прашањето околу името на државата го доживуваат како прашање на лична, приватна работа, како прашање на сопствениот идентитет и интегритет, исто како што го доживуваат и прашањето околу изборот на сопственото име, името на своите предци или потомци, или, пак, изборот на сопствениот пол или животен стил. Сосема логично, правото на граѓаните на Република Македонија да го употребуваат името на сопствената држава (и нација) во односите со други лица треба да се бара во корпусот на меѓународни правила, со кои се гарантираат основните слободи и права на човекот. Соодветно на начинот на којшто граѓанинот го доживува прашањето на името на сопствената држава, во прв ред, правото на користење на слободно избраното и доживеано име на државата (и нацијата) на која што и припаѓа, би можело да се смести во доменот на правила со кои се штити приватниот живот на човекот, вклучително, и во членот 8 на Европската конвенција за правата на човекот“.“
Анонимен - Посматрач on Среда, 25 Јули 2018 13:20

Посматрач;
Не се работи ни за договорот ни за Грција туку за промена на нашето исконско народно име Македонија.Затоа е потребно прашањето да гласи:Дали сте за промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија.„ЗА“ или „ПРОТИВ“, „ДА“ или „НЕ“.Сите граѓани ја знаат причината за договорената промена на името и референдумското изјаснување за истата.Прашањето не треба да се врзува ни за НАТО и ЕУ ниту за друга организација.Можеби некој е за влез во ЕУ но не со променето име.Башка што на виделина излегоа тврдења дека North of Macedonia значи северно од Македонија, за разлика од Northern Macedonia како што е Ирска, Northern Ireland.

Посматрач; Не се работи ни за договорот ни за Грција туку за промена на нашето исконско народно име Македонија.Затоа е потребно прашањето да гласи:Дали сте за промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија.„ЗА“ или „ПРОТИВ“, „ДА“ или „НЕ“.Сите граѓани ја знаат причината за договорената промена на името и референдумското изјаснување за истата.Прашањето не треба да се врзува ни за НАТО и ЕУ ниту за друга организација.Можеби некој е за влез во ЕУ но не со променето име.Башка што на виделина излегоа тврдења дека North of Macedonia значи северно од Македонија, за разлика од Northern Macedonia како што е Ирска, Northern Ireland.
Анонимен - Посматрач on Среда, 25 Јули 2018 15:05

Со големо жалење заклучувам дека Проф.Светомир Шкариќ кој ужива(ше) голема почит кај мене и многумина граѓани со стареењето го менува и умот,наместо да биде обратно.Заклучокот не се однесува толку на предметната статија туку општо на неговите изјави кој ги изнесува во последно време,а кој се идентични со потпишувачите на нелегитимниот и неуставен договор во однос договорената промена на нашето вековно и прекрасно име Македонија.Прочитав негова изјава дека откога ќе се променело името и уставот тоа било засекогаш и неповратно.Но во неговата книга - Устав на СФРЈ истото го тврди и за таа веќе непостоечка држава.Значи самите негови дела и најблиските историски случувања целосно го демантираат.Тука е и авантурата на Георгиевски и Тупурковски и меѓународниот Договор за признавање на Тајван (Формоза) кога ги раскинавме дипломатските односи со една Кина,кој по доаѓањето на СДСМ на власт во 2012 г.беше раскинат и прогласен за ништовен.Предметниот текст т.е.колумна на професорот погледнато од стручен апекте е сосема солиден,со една забелешка, спредбите со референдуми на други држави се потполно несоодветни бидејќи овој наш референдум ако се одржи е уникатен во негативна смисла т.е. првпат во историјата на човештвото се одржува референдум за промена на име по барање и уцена од друга држава, а не со волја на матичниот народ.Ако сепак се одржи тој мора да биде задолжителен никако консултативен како што дава можност професорот т.е. императивен.Правилно забележува дека референдумот требаше да биде пред ратификацијата на договорот во Собранието,дури и пред неговото потпишување. Оттука се и најголемите сомнежи кај народот,зошто е потребно брзање кога се чекало толку време.Но погрешно смета дека референдумот е заради противењето на пратениците од опозицијата бидејќи сиот народ се противи на промена на името што можеше да се види од неуспешната НАТО фест забава.Професорот во манирот на изреката „рони крокодилски солзи“ се изјаснува дека референдумското прашање требало да биде чисто и да гласело: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 ( 1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“.
Залагањето за вакво прашање заради евентуални придобивки за нас во најмала рака се дилетантски.Со вака конципирано прашање ние не решаваме дали сме „ЗА“ или „ПРОТИВ“уставното име Република Македонија и промена на истото во СРМ,туку дали сме за привременото ФИРОМ или новото Северна РМ.Ваков предлог изнесе и Ѓорги Спасов па не знаеме кој кого копира.Но ако се постави ова или слично референдумско прашање дури тогаш народот ќе се доведе во целосна заблуда,нема да знае за што одлучува и за што станува збор.Но народот уште во 1991 година одлучил дека го избира името Република Македонија како народно и уставно име на државата.Значи со вакво прашање народот треба да го избере помалото од двете зла – привременото или новото име,а Република Македонија воопшто не се споменува.Јас лично неможам никако да утврдам и разберам кое е поголемо односно помало зло – ФИРОМ или Северна РМ.Но народот ќе победи и ќе си го задржи своето исконско и вековно име Македонија.Тој не е слеп послушник ниту на Заев ниту на Мицковски ниту на било кој друг и никој не може со сила да го изведе на гласачкото место,ниту булдожери ниту трактори како што повикуваат некои јаничарски медиуми.Евентуален договор на двете најголеми МКД партии за излегување ќе значи дека е договорено референдумот да биде лажиран со тоа што без разика на резултатот ќе излезат и ќе изјават дека референдумот за промена на името е успешен т.е. името е променето.

Со големо жалење заклучувам дека Проф.Светомир Шкариќ кој ужива(ше) голема почит кај мене и многумина граѓани со стареењето го менува и умот,наместо да биде обратно.Заклучокот не се однесува толку на предметната статија туку општо на неговите изјави кој ги изнесува во последно време,а кој се идентични со потпишувачите на нелегитимниот и неуставен договор во однос договорената промена на нашето вековно и прекрасно име Македонија.Прочитав негова изјава дека откога ќе се променело името и уставот тоа било засекогаш и неповратно.Но во неговата книга - Устав на СФРЈ истото го тврди и за таа веќе непостоечка држава.Значи самите негови дела и најблиските историски случувања целосно го демантираат.Тука е и авантурата на Георгиевски и Тупурковски и меѓународниот Договор за признавање на Тајван (Формоза) кога ги раскинавме дипломатските односи со една Кина,кој по доаѓањето на СДСМ на власт во 2012 г.беше раскинат и прогласен за ништовен.Предметниот текст т.е.колумна на професорот погледнато од стручен апекте е сосема солиден,со една забелешка, спредбите со референдуми на други држави се потполно несоодветни бидејќи овој наш референдум ако се одржи е уникатен во негативна смисла т.е. првпат во историјата на човештвото се одржува референдум за промена на име по барање и уцена од друга држава, а не со волја на матичниот народ.Ако сепак се одржи тој мора да биде задолжителен никако консултативен како што дава можност професорот т.е. императивен.Правилно забележува дека референдумот требаше да биде пред ратификацијата на договорот во Собранието,дури и пред неговото потпишување. Оттука се и најголемите сомнежи кај народот,зошто е потребно брзање кога се чекало толку време.Но погрешно смета дека референдумот е заради противењето на пратениците од опозицијата бидејќи сиот народ се противи на промена на името што можеше да се види од неуспешната НАТО фест забава.Професорот во манирот на изреката „рони крокодилски солзи“ се изјаснува дека референдумското прашање требало да биде чисто и да гласело: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 ( 1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“. Залагањето за вакво прашање заради евентуални придобивки за нас во најмала рака се дилетантски.Со вака конципирано прашање ние не решаваме дали сме „ЗА“ или „ПРОТИВ“уставното име Република Македонија и промена на истото во СРМ,туку дали сме за привременото ФИРОМ или новото Северна РМ.Ваков предлог изнесе и Ѓорги Спасов па не знаеме кој кого копира.Но ако се постави ова или слично референдумско прашање дури тогаш народот ќе се доведе во целосна заблуда,нема да знае за што одлучува и за што станува збор.Но народот уште во 1991 година одлучил дека го избира името Република Македонија како народно и уставно име на државата.Значи со вакво прашање народот треба да го избере помалото од двете зла – привременото или новото име,а Република Македонија воопшто не се споменува.Јас лично неможам никако да утврдам и разберам кое е поголемо односно помало зло – ФИРОМ или Северна РМ.Но народот ќе победи и ќе си го задржи своето исконско и вековно име Македонија.Тој не е слеп послушник ниту на Заев ниту на Мицковски ниту на било кој друг и никој не може со сила да го изведе на гласачкото место,ниту булдожери ниту трактори како што повикуваат некои јаничарски медиуми.Евентуален договор на двете најголеми МКД партии за излегување ќе значи дека е договорено референдумот да биде лажиран со тоа што без разика на резултатот ќе излезат и ќе изјават дека референдумот за промена на името е успешен т.е. името е променето.
Анонимен - Посматрач on Четврток, 26 Јули 2018 17:38

Кога некој ќе напише извештај,текст,колумна или блог како сакате за јавна објава, изнесен на пошироката и најшироката јавност и дадените коментари кон истиот, право на авторот е да ги брани своите ставови и мослења во однос на искажаните забелешки од јавноста пред се ако се негативни.Дали -како што ги нарекувате - блогерите ќе го искористат тоа право зависи од нивните лични афинитети,интелектуални потенцијали и чувство за моментумот.Убаво би било блогерите директно да ги бранат изнесените ставови бидејќи тоа е за нив искуство плус,отколку да сметаат дека нивното е последно во смисла на нивниот академски степен на образованост.Во таа смисла ако дозволувате (јавноста)уште еднаш би се произнесол во однос на предметниот текст на проф.Светомир Шкариќ за изнесените ставови.Тој смета дека ако референдумот биде позитивен може да се случи „Орфеј“ т.е. укажува на забавите,славопејќите и радоста на оние кои го потпишале преспанскиот договор и „громови“ т.е. фрлање дрвја и камења против „опозицијата“ односно народот кој не гласал за Договорот од Преспа.Со еден збор ни укажува и заплашува дека за противниците на договорот претстои голгота рамна на Христовата.Но не сака ни да помисли (психолошки феномен) што следува за потписниците и подржувачите на договорот во кои спаѓа и тој ако народот не го прифати тој договор.Само напоменува дека противниците на Договорот ќе мора да осмислат нова алтернатива при што е потребно да вложат повеќе ум и труд отколку при „безумното противење.“Ваквата забелешка на професорот ниту е точна ниту умесна соред непишаното егоистично правило „Јас и никој друг,“ „Сонцето свети заради мене,“ итн.Откако народот ќе го отфрли неуставниот и антинароден договор за помена на исконското име Република Македонија,не е потребен никаков дополнителен голем труд и ум затоа што:Двајца Македонци,еминентни познавачи на меѓународното право кои напишале повеќе статии за начинот на прием на државите за членки на Организацијата на обединети нации (ООН),од кои едниот дури има издадено и книга во која го проучува настанокот на проблемот околу нашето име со Грција,текот и начинот на решавање на проблемот во ООН.Денес кога Република Македонија е призната од 139 членки на ООН од кои 3 постојани на Советот за безбедност,потребно е само чувство за државност,патриотизам и љубов кон својот народ и Македонија за да во ООН бидеме заведени како што ние сакаме,а тое е со името Република Мкедонија.

Кога некој ќе напише извештај,текст,колумна или блог како сакате за јавна објава, изнесен на пошироката и најшироката јавност и дадените коментари кон истиот, право на авторот е да ги брани своите ставови и мослења во однос на искажаните забелешки од јавноста пред се ако се негативни.Дали -како што ги нарекувате - блогерите ќе го искористат тоа право зависи од нивните лични афинитети,интелектуални потенцијали и чувство за моментумот.Убаво би било блогерите директно да ги бранат изнесените ставови бидејќи тоа е за нив искуство плус,отколку да сметаат дека нивното е последно во смисла на нивниот академски степен на образованост.Во таа смисла ако дозволувате (јавноста)уште еднаш би се произнесол во однос на предметниот текст на проф.Светомир Шкариќ за изнесените ставови.Тој смета дека ако референдумот биде позитивен може да се случи „Орфеј“ т.е. укажува на забавите,славопејќите и радоста на оние кои го потпишале преспанскиот договор и „громови“ т.е. фрлање дрвја и камења против „опозицијата“ односно народот кој не гласал за Договорот од Преспа.Со еден збор ни укажува и заплашува дека за противниците на договорот претстои голгота рамна на Христовата.Но не сака ни да помисли (психолошки феномен) што следува за потписниците и подржувачите на договорот во кои спаѓа и тој ако народот не го прифати тој договор.Само напоменува дека противниците на Договорот ќе мора да осмислат нова алтернатива при што е потребно да вложат повеќе ум и труд отколку при „безумното противење.“Ваквата забелешка на професорот ниту е точна ниту умесна соред непишаното егоистично правило „Јас и никој друг,“ „Сонцето свети заради мене,“ итн.Откако народот ќе го отфрли неуставниот и антинароден договор за помена на исконското име Република Македонија,не е потребен никаков дополнителен голем труд и ум затоа што:Двајца Македонци,еминентни познавачи на меѓународното право кои напишале повеќе статии за начинот на прием на државите за членки на Организацијата на обединети нации (ООН),од кои едниот дури има издадено и книга во која го проучува настанокот на проблемот околу нашето име со Грција,текот и начинот на решавање на проблемот во ООН.Денес кога Република Македонија е призната од 139 членки на ООН од кои 3 постојани на Советот за безбедност,потребно е само чувство за државност,патриотизам и љубов кон својот народ и Македонија за да во ООН бидеме заведени како што ние сакаме,а тое е со името Република Мкедонија.
Анонимен - Посматрач on Вторник, 31 Јули 2018 14:46

После вчерашната Одлука на Собранието на РМ за распишување на референдум за изјаснување на граѓаните за промена на нашето уставно име Република Македонија(30.07/18),темата станува акту- елна како никојпат досега.Така и колумната на проф.Шкариќ од 24.07/18 кој смета дека одлуката
на референдумот е „налог“ за пратениците пред се од опозицијата и посебно за претседателот
Ѓорге Иванов.
Но со вака донесената Одлука како од правен така и од содржински аспект не може на никого да му се наложи да изврши некое дејствие, а понајмалку на македонскиот народ.Во поглед на Уставната и Законска основа врз кои е донесена Одлуката истата е целосно противуставна и незаконска.Предлог – Одлуката за распишување референдум до Собранието е поднесена од најмалку 40 пратеници и тоа според член 73 ст.1 од Уставот на РМ.Во член 1 се предлага реферндумот да биде за консултирање на граѓаните на РМ и прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифајќање на договорот помеѓу РМ и РГ, кој Предлог Собранието го усвои.Но во Уставот на РМ не е предвиден консултативен референдум туку задолжителен и после изјаснувањето на граѓаните Одлуката е задолжителна.Во чл. 8 од Законот за референдум е определено дека референдум се распишува за одлучување или консултирање на граѓаните.Одлуката донсена на референдумот з а о д л у ч у в а њ е е задолжителна,а за к о н с у л т и р а њ е не е задолжителна.Прашањето за потпишување на меѓународните договори е уредено со Уставот но и со членовите 24,25,26 од ЗР.За склучување на меѓународен договор е предвиден претходен референдум или ante lege,но тоа што професорот Шкариќ не ни дообјасни е дека дополнителен референдум post lege се распишува за преоценување на закон во овој случај преоценување на Договорот со Грција.Но прашањето не е дали сте за преоценување на Договорот со Грција туку за прифајќање на Договорот и членство во ЕУ и НАТО.Оттука референдумското прашање е целосно конфузно,нејасно и збунувачко,далеку од тоа да е чисто,а со тоа и противуставно и незаконско,подготвувано од шарлатани и дилетанти кој Вие професоре ги подржувате и им се восхитувате. Со референдумското прашање кои се всушност „три во едно“, предлагачите сакајќи со еден куршум да упуцаат три „зајака“,самите си пукаат во глава.Според чл. 120 од Уставот на РМ при вака поставено референдумско прашање за влегување во сојуз или заедница со други држави не е потребно кумулативно исполнување на двата услова од чл.73,да излезат 50%+1 од запишаните избирачи и да гласаат ЗА половината плус 1 од излезените туку за да биде референдумот успешен потребно е да гласаат 50% + 1 од запишаните избирачи во избирачкиот список,а тоа се нешто повеќе од 900.000 плус 1 глас.
Професоре Шкариќ,со тоа што референдумот е консултативен,а одлуката незадолжителна таа не обвзува и не може да биде „налог“ за никого па така ниту за претседателот Иванов ниту за пратениците.Не може изјаснувањето на граѓаните да се толкува како некому му одговара – ако биде ЗА договорот,претседателот со Указ да го потпише договорот, ПРОТИВ договорот институциите т.е. Собранието спротивно на волјата на народот да го менува Уставот, како што сега изјавуваат потписниците и подржувачите на договорот.


После вчерашната Одлука на Собранието на РМ за распишување на референдум за изјаснување на граѓаните за промена на нашето уставно име Република Македонија(30.07/18),темата станува акту- елна како никојпат досега.Така и колумната на проф.Шкариќ од 24.07/18 кој смета дека одлуката на референдумот е „налог“ за пратениците пред се од опозицијата и посебно за претседателот Ѓорге Иванов. Но со вака донесената Одлука како од правен така и од содржински аспект не може на никого да му се наложи да изврши некое дејствие, а понајмалку на македонскиот народ.Во поглед на Уставната и Законска основа врз кои е донесена Одлуката истата е целосно противуставна и незаконска.Предлог – Одлуката за распишување референдум до Собранието е поднесена од најмалку 40 пратеници и тоа според член 73 ст.1 од Уставот на РМ.Во член 1 се предлага реферндумот да биде за консултирање на граѓаните на РМ и прашањето: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифајќање на договорот помеѓу РМ и РГ, кој Предлог Собранието го усвои.Но во Уставот на РМ не е предвиден консултативен референдум туку задолжителен и после изјаснувањето на граѓаните Одлуката е задолжителна.Во чл. 8 од Законот за референдум е определено дека референдум се распишува за одлучување или консултирање на граѓаните.Одлуката донсена на референдумот з а о д л у ч у в а њ е е задолжителна,а за к о н с у л т и р а њ е не е задолжителна.Прашањето за потпишување на меѓународните договори е уредено со Уставот но и со членовите 24,25,26 од ЗР.За склучување на меѓународен договор е предвиден претходен референдум или ante lege,но тоа што професорот Шкариќ не ни дообјасни е дека дополнителен референдум post lege се распишува за преоценување на закон во овој случај преоценување на Договорот со Грција.Но прашањето не е дали сте за преоценување на Договорот со Грција туку за прифајќање на Договорот и членство во ЕУ и НАТО.Оттука референдумското прашање е целосно конфузно,нејасно и збунувачко,далеку од тоа да е чисто,а со тоа и противуставно и незаконско,подготвувано од шарлатани и дилетанти кој Вие професоре ги подржувате и им се восхитувате. Со референдумското прашање кои се всушност „три во едно“, предлагачите сакајќи со еден куршум да упуцаат три „зајака“,самите си пукаат во глава.Според чл. 120 од Уставот на РМ при вака поставено референдумско прашање за влегување во сојуз или заедница со други држави не е потребно кумулативно исполнување на двата услова од чл.73,да излезат 50%+1 од запишаните избирачи и да гласаат ЗА половината плус 1 од излезените туку за да биде референдумот успешен потребно е да гласаат 50% + 1 од запишаните избирачи во избирачкиот список,а тоа се нешто повеќе од 900.000 плус 1 глас. Професоре Шкариќ,со тоа што референдумот е консултативен,а одлуката незадолжителна таа не обвзува и не може да биде „налог“ за никого па така ниту за претседателот Иванов ниту за пратениците.Не може изјаснувањето на граѓаните да се толкува како некому му одговара – ако биде ЗА договорот,претседателот со Указ да го потпише договорот, ПРОТИВ договорот институциите т.е. Собранието спротивно на волјата на народот да го менува Уставот, како што сега изјавуваат потписниците и подржувачите на договорот.
Анонимен
Четврток, 18 Октомври 2018
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не