fbpx
 

Дипломатија на мирот и дипломатскиот мир

МК   ALB

Г’зим Висока (Gëzim Visoka)

Gzim Visoka 200x250Додека Косово има право да аргументира дека преку дијалогот со Србија го докажува сопствениот миротворен карактер, што е предуслов за прием во ООН, Србија го прави спротивното. Kампањата за враќање назад на признавањата на Косово всушност е акт на агресија и мешање во сувереноста на Косово.

Во време на мир, целта на дипломатијата е надминување на разликите меѓу народите. Во време на војна целта на дипломатијата е оправдување на проширувањето на разликите меѓу луѓето. Косово и Србија се` уште не постигнале мировен договор и се` уште немаат дипломатски односи. Ова е доволно за да се разбере за каква цел се користи дипломатијата и се инструментализира мирот. Ова посебно зборува за последната кампања на Србија, за повлекување на признавањата на Косово и спречување на зачленувањето во регионалните и меѓународните организации.

Уште од поразот во војната на Косово, Србија правеше обиди да го обнови државниот идентитет и да го надмине понижувањето кое на државата и го нанесе интервенцијата на НАТО, воената капитулација и повлекувањето од Косово, пресудите за воени злосторства и геноцидни дела, како и постојаните влијанија од странство. Србија, иако повторно е примена во ООН, после исклучувањето во 1990-та година, со образложение дека е мирољубива  земја – таа никогаш не делувала како таква. Уште од 1990-та година, Србија непрестано се обидуваше да ги поништи обидите на Косово за градење на мир и за градење на сопствената држава: најпрвин преку создавање на паралелни структури  и етнички енклави, потоа преку дентрализацијата и враќање на колективитетите, бојкот на институциите, и во последно време преку контролирање на српските партии на Косово. Србија слично дејствуваше и во Босна и Херцеговина каде постојано работи против локалниот и регионалниот мир.

Меѓународната зедница ја има рехабилитирано и прифатено Србија наспроти фактот дека оваа земја била и останува главниот фактор на дестабилизација на регионот. Логиката на меѓународната соработка во овој случај повеќе е базирана на приближувањето на проблематичните држави – како што е Србија – отколку кон негување на подддршката за државите коишто соработуваат. Ова е логика на прагматичниот иделизам, кадешто дипломатските цели и активности постојано им се припособуваат на околностите. Оваа логика на соработка ја охрабрува Србија да создава околности кои би ги приморувале земјите на ЕУ и другите евроатлански сили да го прифатат молкум растот на авторитаризмот во Србија, да не ја казнуваат Србија за приближувањето со Русија и за рехабилитација на воените злосторници, да не реагира за интервенциите и мешањето на Косово и во другите држави во регионот, како и да ја толерира неспремноста на Србија да ја приближи надворешната политика со таа на ЕУ. Така, според оваа логика, произведувачите на кризи треба да се држат поблизу отколку државите – создавачи на мир. Ова има создадено амбиент на зголемување на тензиите во односите меѓу државите во регионот.

Србија уште од прогласувањето на независноста на Косово, постојано работи да го спречи дипломатското признавање и нејзиното вклучување во меѓународни организации. Таа ја има употребената сопствената дипломатија не за мир, туку за агресија кон Косово. Фактот дека Косово ужива голема дипломатска поддршка и што работи неуморно во обезбедување на признавањета на државата, ја прави српската кампања против новите признавања на Косово речиси невидлива. Косово во првата декада на независност на државата има обезбедено значителен број на признавања во споредба со другите држави кои не обезбедиле колективно признавање и прогласиле независност без одобрение на поранешната држава. Така, критиките кон косовската влада поради тоа што не успеа да обезбеди 100 признавања во првата година, како што вети, е несоодветна, бидејќи билатералното признавање е далеку посложено отколку што често се мисли. Додека во 2008 година Косово е признаено од 53 држави, во наредните години и до 2014 година Косово е признато од околу 10 до 12 земји годишно. Но, после овој период, бројот на признанија значително е намалено. За време на првата декада на државноста на Косово, Србија постојано правеше обиди да се запре признавањето на Косово. На почеток, заплашувајќи ги државите дека независноста на Косово е во спротивност со меѓународното право  и со тоа дека се ризикува да се направи преседан за другите региони кои бараат самоопределување. Подоцна, откако ја изгуби битката на Меѓународниот суд на правдата, Србија, дипломатскиот дискурс го фокусираше во претставувањето на Косово како фактор на дестабилизација во регионот. Но, оваа кампања којашто честопати беше поддржувана од Русија и други земји кои не се пријателски настроени кон западот, не постигна многу големи успеси заради фактот дека Косово постојано обезбедуваше нови признавања. Сега кога околностите се променети, Србија се има вратено на нејзината кампања за нанесување штета на меѓународната позиција на Косово.

Последната кампања на Србија за повлекување на признавањата на Косово не е потполно поврзана со офанзивниот приод или со силата на Србија, туку многу повеќе со бавноста на меѓународната поддршка за Косово како и губењето на моментумот од самото Косово, како последица од честата промена на владите и политичките грчеви, каде што заедно одговорен е и целиот политички спектар во оваа земја. Со други зборови, последователните локални и централни избори меѓу 2014 и 2017 година, ги приморале  одговорните во надворешната политика на Косово да ја прекинат проактивната кампања за лобирање и да им се вратат на муабетите во „машки одаи“ и на изборните кампањи. На меѓународно ниво, државите пријателки на Косово, некако го изгубиле интересот за Косово, како последица на промените во нивните влади и последователните неуспеси на Косово, како и заради појава на други меѓународни кризи.  Тука треба да се спомене колку е парадоксално функционирањето на меѓународната заедница. Превентивната дипломатија вообичаено е неуспешна, а само продуцирањето на кризи го привлекува меѓународно внимание. Со оглед на тоа дека Косово сега е постабилно и дека е докажано дека има мирољубива дипломатија, се чини дека тоа од меѓународните партнери се смета како благосостојба без оглед дека не ги туркаат напред процесите за консолидација на државата во земјата. Во минатото, на Косово му требаше неколкугодишна интензивна работа за да го обезбеди секое признание, и кога тој интензитет опадна, започнува да се забележува пад на бројот на признавањата на државата. Друга грешка која е направена, е доцнењето во воспоставување на дипломатски односи со земјите кои не признаа, како и неуспехот во исполнување на ветувањата за политичка и економска соработка кон многу земји во рамките на лобирањето за признавање. Србија, се чини, дека сега ја користи оваа создадена празнина и им нуди на некои сиромашни пост-колонијални земји ветувања за економска и безбедносна помош. Косово го адресира овој проблем, но за враќање во старата патека на про-активна дипломатија ќе биде потребно време.

Српската дипломатија, веќе години со ред го користеше дијалогот како изговор за спречување, односно за запирање на проширување на дипломатското признавање на Косово. Треба да се потсетиме дека Египет, Оман и Того експлицитно го оправдаа признавањето на Косово врз основа на достигнувањата на дијалогот посредуван од ЕУ. Сега Србија го прави истото, но заради сосема спротивни причини. Сите писма за враќање назад на признавањата – кои изгледа дека се напишани од самата српска дипломатија, со оглед на тоа дека имаат голема сличност едно со друго – го потенцираат суспендирањето или повлекувањето на признавањето се додека не се постигне спогодба компатибилна за обете страни. Сега веќе е јасно дека Србија вложува напори да ја зголеми сопствената преговарачка моќ кон Косово, докажувајќи дека може да му наштети и да го блокира Косово на меѓународно ниво доколку не се направат отстапки. Враќањето назад на признавањата директно се поврзуваат и со неможноста на Србија да го турка напред основањето на Асоцијацијата на српските општини од Косово, неможноста понатаму да го блокира формирањето на Војската на Косово, како и неможноста понатаму да го блокира зачленувањето на Косово во ИНТЕРПОЛ. Посебно, формирањето на војската и зачленувањето во ИНТЕРПОЛ ја комплетираат сувереноста на Косово во сферата на безбедноста, одбраната и спроведувањето на законот.

Додека Косово има право да аргументира дека преку дијалогот со Србија го докажува сопствениот миротворен карактер – што е предуслов  за прием во ООН – Србија го прави спротивното. Признавањето на Косово се смета како акт кој ја засилува стабилноста на регионот, а кампањата за враќање назад на признавањата на Косово всушност е акт на агресија и мешање во сувереноста на Косово. Па така, овие земји враќањето назад на признавањето на Косово заради мирно решавање на споровите меѓу Србија и Косово, го загрозуваат регионалниот и меѓународниот мир и како такво, непризнавањето претставува мешање во внатрешните работи на Косово што е во спротивност со основните меѓународни норми и закони. Така, мировната дипломатија на Србија не се користи за изградба на мирот, туку за уништување на мирот. Колку порано ќе го сфатиме и прифатиме тоа, толку поефективно ќе биде спротивставувањето на Косово. Треба да се појасни дека враќањето назад на признавањата не се лажни вести, туку се деструктивно политичко однесување кое се случило и во други случаи. Кога една држава го повлекува признавањето, всушност ја прекинува официјалната комуникација со земјата за која го повлекува признавањето, затоа и не треба да се очекува таа држава да испрати официјално писмо за да го потврди повлекувањето на признавањето. На пример, во некои случаи кога некои земји што го признаа Косово не им испратиле вербална белешка на косовските власти за признавањето, туку тоа го направиле преку трета земја, но и тоа се смета за валидно признавање. Но, доколку една земја, која го повлекува признавањето, испрати вербална или пишана нота за овој акт, тоа всушност би го симболизирало продолжување на имплицитното признавање.

Против-одговорот на косовските институции, најпрвин со прифаќањето дека враќањето назад на признанијата е акт на агресија која за цел има нанесување на штети на Косово, а потоа со наметнување на економски мерки, е првиот неопходен чекор за да се открие колку непријателска е всушност српската дипломатија. Ефектите на воведената царинска такса почнуваат да се забележуваат веднаш, но има и шанси внатрешниот притисок во Србија, да влијае на дипломатското повлекување на Србија кон Косово. Против-одговорот на Косово е во европскиот дух и во согласност со заедничката политика на ЕУ во сферата на надворешната политика и на безбедноста. После агресијата на Русија кон Украина, ЕУ, вклучувајќи го тука и Косово, има превземено мерки за економски и политички санкции кон Русија. Реакцијата на ЕУ кон косовските мерки беше очекувана. Меѓутоа, такви јавни реакции ЕУ треба да има и кон деструктивното однесување на Србија, вклучувајќи  ја тука и агресивната кампања за повлекување на признавањата на Косово. После средбата на претседателите на Косово и Србија на 8 ноември, ЕУ на имплицитен начин призна дека барањата за повлекување на признавањата е акт кој е во спротивност со духот за нормализација на односите меѓу двете држави. Затоа, косовските институции треба силно да ја демаскираат српската злонамерна дипломатија и да се здобијат со меѓународни симпатии за нови дипломатски признавања и членство во меѓународни организации. Заради ова, Косово мора да докаже дека има вистинска дипломатија на мирот, но да го услови дипломатскиот мир со Србија само доколку таа се откаже од мешањето во внатрешните и надворешните работи на Косово. Навистина е крајно време за партиско единство за надворешната политика на Косово и за мобилизирање на сите актери во заштитата и јакнењето на државноста на Косово. Невозможно е само Министерството за надворешни работи на Косово да ја извршува оваа тешка задача. Косовското меѓународно признавање е признавање на жртвата на Косово за слобода, независност и демократија. Тоа е признавање на културата, идентитетот и општествените достигнувања на Косово. Затоа, овој процес претставува одговорност на сите.

All Rights Reserved © Sbunker
www.sbunker.net

Diplomacia e Paqes dhe Paqja Diplomatike
Lufta e kursyer me gjuhën e urrejtjes si shkak plu...
 

Коментари 1

Анонимен - Jas on Петок, 23 Ноември 2018 03:45

Bez da navleguvam vo polemika so stavovite na avtorot, kje se zadrzam samo na formalni zabeleski: ovoj tekst voopsto ne korespondira so posocenite baranja na Respublica koi eden akademski blog treba da gi ispolni - nema nitu megjunaslovi, nitu linkovi koi vodat kod nadvoresni izvori, nitu polemicki pristap. Ova nalikuva na propagandisticki i pristrasen avtorski tekst, pisuvan so etnocentristicen diskurs, vo koj se iznesuvaat ednostrani i subjektivni stavovi, pri sto otsustvuva naucna distanca, akademska objektivnost i referentna lista na literatura so koja avtorot bi gi potkrepil svoite stavovi. Pravi i materijalna greska t.e. dezinformacija ili laga koga tvrdi deka Srbija ima presuda za Kosovo za "genocidni dela". Toa ednostavno ne e tocno: edinstvena presuda za genocid za vojnite vo poranesna Jugoslavija ima za Vojskata na Repulika Srpska i toa isklucivo na strogo lociran prostor vo Srerenica, Bosna. Togasnata SR Jugoslavija ne e osudena za genocit tuku e samo spomnata deka ne napravila nisto za da go spreci istiot od strana na Vojskata na RS vo prostorot na Srebrenica. Avtorot premnogu se kompromitira so svoeto neznaenje i tendencioznost, ako se ima vo predvid akadeskata pozicija za koja navel deka ja ima. Smetam deka Respublika trebala da go vrati tekstot na dorabotka pred da bide objaven.

Bez da navleguvam vo polemika so stavovite na avtorot, kje se zadrzam samo na formalni zabeleski: ovoj tekst voopsto ne korespondira so posocenite baranja na Respublica koi eden akademski blog treba da gi ispolni - nema nitu megjunaslovi, nitu linkovi koi vodat kod nadvoresni izvori, nitu polemicki pristap. Ova nalikuva na propagandisticki i pristrasen avtorski tekst, pisuvan so etnocentristicen diskurs, vo koj se iznesuvaat ednostrani i subjektivni stavovi, pri sto otsustvuva naucna distanca, akademska objektivnost i referentna lista na literatura so koja avtorot bi gi potkrepil svoite stavovi. Pravi i materijalna greska t.e. dezinformacija ili laga koga tvrdi deka Srbija ima presuda za Kosovo za "genocidni dela". Toa ednostavno ne e tocno: edinstvena presuda za genocid za vojnite vo poranesna Jugoslavija ima za Vojskata na Repulika Srpska i toa isklucivo na strogo lociran prostor vo Srerenica, Bosna. Togasnata SR Jugoslavija ne e osudena za genocit tuku e samo spomnata deka ne napravila nisto za da go spreci istiot od strana na Vojskata na RS vo prostorot na Srebrenica. Avtorot premnogu se kompromitira so svoeto neznaenje i tendencioznost, ako se ima vo predvid akadeskata pozicija za koja navel deka ja ima. Smetam deka Respublika trebala da go vrati tekstot na dorabotka pred da bide objaven.
Анонимен
Среда, 20 Март 2019
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не