fbpx
 

Интеграција во Европската Унија: Соработката на локалните актери како одлучувачки фактор

ALB  SR

Јона Копренцка

Со цел да станат дел од Европската унија, самите земји мора прво да имаат мирен и кооперативен политички живот.

Интеграцијата во Европската Унија е приоритет за земјите од Западен Балкан. Перспективите на сите земји се јасни. Интеграцијата за овие земји не значи само приклучување кон европското семејство, туку и одвојување од старата политика и стариот менталитет. Внатрешната политика во овие земји не придонесува за интеграција онолку колку што е потребно. Сите партии, и опозицијата и оние кои се на власт, ја наведуваат интеграцијата како најважен приоритет. Фактички, поделбите и кризите кои се создадени од партиите на власт и опозицијата на соодветните земји го покажуваат спротивното. Со цел да станат дел од Европската унија, самите земји мора прво да имаат мирен и кооперативен политички живот.

Балканот произведува повеќе настани отколку што граѓаните може да ги конзумираат. Се занимаваме со митови, легенди, настани, реални факти од минатото, кои подоцна се (намерно) надуени и искривени. Национализмот и популизмот низ историјата постојано ги следеа овие земји. Годините поминати под комунистичкото или југословенско туторство ги имаат затворено овие земји, правејќи ги повеќе националистички и популистички.

Овие земји се на почетокот или на средината од нивниот европски пат. Се чини дека главните тешкотии поминаа, но најголемите предизвици се појавуваат токму сега во овие моменти. Како што е добро познато, земјите на Балканот секогаш биле во фокусот на конфликтите поради нивната географска положба. Неопходно е да се направи голем напор, а пред се реална и вистинска работа за одвојување на овие земји од реалноста на старата политика. Неколку години по ред, во овие земји гледаме високи внатрешни тензии.

Албанија

По уривањето на комунистичката диктатура и првите плуралистички избори одржани на 31 март 1991 година, зачленувањето во НАТО се перцепираше како одвојување од старите политики. Политичката ситуација секогаш била тензична. Власта и опозицијата на реципрочен начин се обвинуваат меѓу себе за секоја забелешка на меѓународната заедница но и за економските и социјалните кризи во земјата.

Во Албанија, повеќе од една година, опозицијата протестираше на плоштадите во Тирана, барајќи оставка од сегашната влада. Пратениците од опозицијата ги имаат „изгорено“ нивните мандати. Парламентот функционира само со пратениците од власта, и ваквата работа ја прави ситуацијата доста вознемирувачка за стабилноста на земјата. Претседателот Илир Мета одлучи да го стави вон сила Декретот бр. 10928, за организирање на локалните избори, кои требаше да се одржат вчера (30 јуни). Мета аргументира дека собранието треба да се бави со прашањето на ублажување на ситуацијата која е непредвидлива во моментов.

Косово

Во Косово, партиите на власт и опозицијата испраќаат силни пораки, обвинувајќи се меѓу себе за корупција и злоупотреба на моќ. Таа е една од најмладите земји во светот. На 17 февруари 2008 година, Косово објави независност, со желба да стане независна држава. Конфликтите со официјалниот Белград се постојано присутни, а Митровица останува точка на раздор. За меѓународниот фактор - кои имаат значајна улога во зачувување на стабилноста на Дијалогот Приштина - Белград – ова e доста значаен дијалог. Како што често се случува во земјите на Балканот, решението го бараме од меѓународниот фактор и забораваме дека просперитетот во земјата може да дојде само од соработката на локалните политички фактори. Власта и опозицијата на Косово се во постојан конфликт водејќи го Косово во еден кус временски период во последователни предвремени избори.

Северна Македонија

Во Северна Македониа, ситуацијата се чини е помирна после промената на името на земјата и по решавањето на ова прашање со Грција, а ситуацијата се движи кон нормализација на нивните билатерални односи. Да потсетиме дека интеграцијата на оваа земја во НАТО и во Европската унија беше во заложништво, од причина што официјална Атина не го прифаќаше името "Македонија". Внатрешната политичка ситуација во земјата останува потенцијално тензична поради различните етнички заедници што живеат во оваа земја, но исто така и поради долготрајните обвиненија меѓу владата и опозицијата за поткуп, злоупотреба на моќ, корупција итн.

Црна Гора

Ако за сите земји од Западен Балкан можеме да кажеме дека се на крстопат меѓу нивното минато и западноевропската иднина, за Црна Гора надворешните влијанија се повидливи. Доволно е да се потсетиме на обидот за убиство на претседателот Мило Ѓукановиќ, за кој беа обвинети неколку анти-западни фанатици. Одредени опозициски политички партии се финансирани од популисти ориентирани кон руската политика. Не треба да ги заборавиме и колосалните инвестиции во делот на црногорското крајбрежје во Јадранското Море.

Извор: mia.mk

Странските влијанија во Западниот Балкан

Европската интеграција не е само желба, туку и потреба на овие земји. Ако не е Европската унија, некои други сили ќе почнат да доминираат на Балканот. Народна Република Кина почна да го гледа Балканот како можност за нивна поголема геополитичка експанзија. Создавањето на Патот на свилата е дамнешен кинески сон. Кина на овој начин ќе создаде врска од Азија, преку Африка до Европа. Кинески инвестиции беа реализирани во пристаништата на Грција, во Термоелектраната на Босна и Херцеговина, на аеродромот во Албанија, во Македонија. Европската комисија е доста вознемирена околу овие инвестиции кои не го носат само кинескиот капитал, туку и политичкото влијание. Гермaнските медиуми пишуваат дека Кина сака да го прошири своето влијание во бившите југословенски републики, а се уште не е објаснет целиот овој интерес на Кина за Балканот. Европската Комисија има подигнато истражна постапка за кинеските планови за изградба на брзи железници во Унгарија, а кинезите ова го оценуваат како win-win стратегија. Истовремено се планирани и капитални инвестиции во Србија, Унгарија и други држави, со кои се поврзуваат патиштата на кинеската стока. Во време на економски и политички потешкотии, кинеските инвестиции се распослуваат во регионот кој што го гледа европскиот дух како единствен пат за промена на стариот политички естаблишмент.

Со цел да се постигне ова, потребно е партнерство помеѓу сите актери, вклучувајќи ги и домашните. Само нивната меѓусебна соработка може да доведе до реално достигнување целта која се нарекува европска интеграција. Пред сè, политичката клима во земјите од Западниот Балкан треба да биде мирна и стабилна. Протестите, взаемните обвинувања за корупција, мито и злоупотреба на власта есенцијално го забавуваат европскиот пат. Не може да има ниту еден чекор напред во една земја во која опозицијата и владата постојано си упатуваат меѓусебни обвинувања. Соработката помеѓу локалните актери може да помогне повеќе од која било европска институција или специјален емисар на меѓународната заедница.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Integrimi në Bashkimin Evropian:  Bashkëpunimi i a...
Човечката природа и етичкиот живот
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Вторник, 15 Октомври 2019
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не