Алфонс Ракаџ е истражувач и координатор на проектот за демократизација, безбедност и интеграција на Албанија и Западен Балкан во Институтот за политички студии во Тирана. Тој ги има завршено магистерските студии по меѓународни односи на Кинг колеџот (King's College) во Лондон. Тој ги има завршено своите додипломски меѓународни студии на државниот универзитет во Орегон, САД.
Леони Ракаџ Вругтман е истражувач и координатор на проекти што работи на институционална одговорност, верска толеранција, пристапување на Албанија во ЕУ и спречување / борба против насилниот екстремизам во ИДМ Албанија. Покрај својата работа во ИДМ, Леони е аналитичар во Глобал инсајт. Таа има магистрирано по меѓународни односи на Кинг колеџот во Лондон а своите додипломски студии по комуникација ги има завршено на Универзитетот во Амстердам.