fbpx

Сабин Селими и Надире Латифи

Сабин Селими е роден во Словенија на денот кога падна Берлинскиот ѕид. Како корисник на Претседателска Стипендија тој ги завршил своите додипломски студии по економија и меѓународни студии на американскиот универзитет во Вашингтон. Тој ги завршил своите магистерски студии по меѓународна јавна политика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, во рамки на Шевенинг програмата за стипендирање. Има долго работно искуство во јавниот сектор а во моментов е ангажиран како консултант. Неговите области на интерес вклучуваат дигитална дипломатија, трансатлантски односи и европски прашања особено поврзани со Балканот. Надире Латифи во моментов е специјалист за мерење и евалуација на резултати во швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation (МК) и е одговорна за дизајнирање, континуирано подобрување и управување со MRM системот на проектот "Образование за вработување во Македонија", како и за советување во врска со управување со проекти во стратешко управување. Претходно работела како советник во Вестминстер фондацијата за демократија во Скопје и како истражувач на повеќе меѓународни проекти. Како добитник на Шевенинг стипендија, таа ги завршила своите магистерски студии по јавна политика на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Таа ги завршила своите додипломски студии по психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Меѓународниот балкански универзитет.

На Косово и на Македонија очајно им е потребен позитивен сигнал од ЕУ

Сабин Селими и Надире Латифи

14.01.19

МК   ALB   ENG м-р Сабин Селими (Sabin Selimi) и м-р Надире Љатифи (Nadire Latifi)  Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде...