fbpx
 

Стрес тест за системите за јавно здравје

Џим О’Нил (Jim O’Neill)

Jim ONeill 200x250Сега, кога коронавирусот се рашири на глобално ниво, сведоци сме на намалување на активностите на пазарите и забележуваме како се откриваат слабостите на националните здравствени системи. Исто како и бавно растечката криза на антимикропската отпорност, пандемијата би требало да биде аларм за државите во смисла на потреба од значително зголемување на инвестициите во подготвеноста на јавното здравство.

На 25 јануари 2020 година, Чејтам Хаус и Универзитетот „Џорџтаун“ беа домаќини на американскиот министер за финансии, Стивен Мнакин, со цел да се подискутира за економските политики на САД и на светско ниво. Мнакин дојде директно од Годишното собрание на Светскиот економски форум во Давос, но главна тема на состанокот („капитализам на засегнатите страни) веќе беше засенета од поширокиот развој на настаните. Епидемијата на коронавирус (COVID-19) доведе до огромни проблеми во Кина и наскоро ќе му се закани на целиот свет.

Како некој кој има работено на ризици од заразни болести, имам одредено разбирање за забелешките на Мнакин во Давис, кои тој ги посочи на таа средба а се однесуваа на тоа дека климатската промена не е единствениот политички предизвик со кој денес се соочува светот. (Сепак, јас не го поддржувам неговото шиканирање на шведската тинејџерка и активист за климатски промени, Грета Тунберг, на истата таа средба.)

Според Прегледот на антимикробиолошката отпорност (AMR) за 2016 година на Обединетото Кралство, со кој лично претседавав, креаторите на политики во светот треба да се стремат кон 29 суштински интервенции на среден рок за да се избегне скапа и смртоносна светска здравствена криза. Поконкретно, ние предупредивме дека во отсуство на соодветни активности, микробите отпорни на лекови би можеле да доведат до околу десет милиони смртни случаи годишно до 2050 година, при што вкупните трошоци на светскиот БДП би изнесувале околу 100 трилиони долари.

Сега сме соочени со светската криза на коронавирусот. Сè уште не постои вакцина а светските здравствени системи се покажаа во голема мера неподготвени и неопремени да се справат со оваа пандемија која се движи мошне брзо. Од вкупно десетте области опфатени со политичките препораки на прегледот, најмалку две од нив имаат централно место во борбата против коронавирусот. Првата е здравјето и санитетот. Досега сите знаеме дека треба често и темелно да ги миеме рацете (со времетраење додека ја испееме песничката „happy birthday“). Сепак, иако е неспорно дека миењето на рацете и дека другите основни хигиенски мерки се неопходни, истите не се доволни за да се одврати ширењето на вирусни и бактериски инфекции.

Повеќе во врска со ова, кризата со корона вирусот покренува друг проблем на кој предупредував подолго време: подготвеноста на јавното здравје. Во рамките на својата проценка во врска со членот IV во своите земји членки, Меѓународниот монетарен фонд би требало да направи проценка на јаките страни и подготвеноста на националните системи за здравство. ММФ, инаку, ме покани кај нив да разговараме за оваа идеја, но имам чувство дека раководството на ММФ ќе се смири, со аргументи дека нивната институција не е во можност да прави анализа на системите за јавно здравство, како што тоа го прави во системите за јавни финансии и други прашања.

Сепак, немањето на аналитички капацитети кај ММФ во врска со климатските промени не ја спречи оваа институција да објавува политички информации во врска со таа тема. Токму така и треба да биде: како што може да се види и од пазарите, не е можно да се направи разлика помеѓу финансиските и пошироките прашања како што е климатските промени или јавното здравје. Треба да биде јасно дека неуспехот да се спречи ширењето на заразни болести може и ќе има директни последици на макроекономските состојби.

Кога се сретнавме со господинот Мнакин при крајот на јануари, корона вирусот се сметаше исклучиво како проблем на Кина, при што многумина посочија дека тој би можел да го сруши економскиот и здравствена систем на Кина. Што сега покажуваат податоците? Еден од индикаторите кои редовно се објавуваат (индекс на месечно купување), упатува на тоа дека кинеската економија навистина колабираше во месец февруари, при што се констатираше 50% намалување во деловната доверба. Оваа бројка упатува на тоа дека кинеската економија се намалила за половина но, со оглед на тоа дека кинеските власти намерно затвораат големи дело од економијата и го ограничуваат движењето на луѓе, значителното и привремено назадување можеби не е изненадувачко. Прашањето е дали кинеското раководство е во состојба повторно да ги врати работите онака како што беа.

Според модулот на „Џон Хопкинс“ за следење на корона вирусот во реално време, се чини дека Кина, и покрај своите огромни почетни грешки, успеа да се справи со епидемијата (барем засега). Со состојба на 6 март 2020 година, податоците по провинции покажуваат дека надвор од провинцијата Хубеи (која е епицентар на корона вирусот), речиси 95% од пријавените инфекции резултирале со оздравување, и само околу 1.200 луѓе сè уште се предмет на лекување. За жал, надвор од оваа провинција има околу 110 смртни случаи, но ова бројка е помала од онаа во Италија. Сепак, од она што го слушам, кинеските власти сега претпазливо ги отстрануваат ограничувањата на движењето на луѓето и ѝ овозможуваат на економијата да воспостави некој степен на нормалност, што значи дека бројките во март треба да покажат соодветно опоравување.

Што ќе биде со сите нас? Бројките во врска со корона вирусот во Италија се загрижувачки: не само што стапката на смртност е поголема во однос на онаа во Кина, туку таа е и драматично поголема во споредба со онаа во Јужна Кореја, иако во Јужна Кореја има речиси ист број на заболени. Во Соединетите Држави пазарите на капитал се подеднакво загрижени, и тоа не поради стандардните циклични причини. Се чини дека има растечки страв дека епидемијата ќе ги извади на површина сите проблеми и трошоци на американскиот здравствен систем. За да бидат работите уште полоши, американските власти не успеаја уште на самите почетоци да имплементираат некои од најосновните мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

Како што вели старата поговорка, никогаш не смееме да дозволиме кризата да биде упропастена. Целото внимание на овој вирус претставува можност уште еднаш да се размисли како управуваме со овие предизвици и како се подготвуваме за истите. Се надеваме дека светските лидери, особено оние во земјите од Г-20, ќе ја препознаат потребата од поголеми инвестиции во националните здравствени системи со цел сегашната анксиозност да не стане редовна карактеристика на нашите животи. Додека се посветени на тие, тие можат да почнат да ја поправаат скршената нишка за нови антибиотици со цел да не ги оставиме сегашните човечки и финансиски трошоци на идните генерации.

Џим О’Нил е поранешен претседател на Голдман Сахс и поранешен министер за финансии, сегашен претседавач на Чејтем Хаус (Chatham House).

Copyright: Project Syndicate, 2020.
www.project-syndicate.org

Како појавата на COVID-19 вирусот ќе се одрази на ...
„Сè е во согласност со Уставот и законите“
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Вторник, 01 Декември 2020

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè