fbpx
 

Зошто вакцинирањето треба да биде задолжително

Петер Сингер

Peter Singer 400x500Кога пред речиси 50 години за првпат беа воведени задолжителните заштитни појаси во возилата, отпорот беше голем и значителен, но денес повеќе никој не приговара на нешто што е веќе составен дел од секојдневието. Со воведувањето на задолжително вакцинирање против Ковид-19, државите денес можат да го дадат истото базично образложение – целта е заштита на поединците и на општеството.

Ви пишувам од австралиската сојузна држава Викторија во која во 1970 година за првпат беше воведена законска рамка задолжително да се врзуваме со појас во возило. Ваквото законско решение беше нападнато со образложение дека станува збор за нарушување на личната слобода, но жителите на Викторија сепак го прифатија затоа што појасот спасува живот. Денес, повеќето од државите во светот имаат слично законско решение а јас не паметам дека имало случај каде некој барал да не му се ограничува слободата на возење затоа што морал да носи заштитен појас.

Но денес, сè погласни се барањата за слобода од вакцинирање против вирусот кој предизвикува Ковид-19. Брејди Елисон, член на олимпискиот стрелачки тим на Соединетите Држави, вели дека неговата одлука да не се вакцинира е „сто проценти личен избор“ и вели дека „секој што кажува поинаку значи дека им ја одзема слободата на луѓето“. Она што е чудно тука е дека законите кои од нас бараат да носиме заштитен појас во возилата навистина директно ја загрозуваат нашата слобода, додека законите кои бараат од луѓето да се вакцинираат ако одат некаде каде би можеле да заразат и други луѓе ограничуваат еден вид на слобода за да ја заштитат слободата на другите, со цел тие да можат безбедно да функционираат.

Да не ме сфатите погрешно. Јас силно ги поддржувам законите кои бараат од возачите и патниците да носат заштитен појас. Само во Соединетите Држави, овие закони се проценува дека спасиле околу 370.000 човечки животи и дека спречиле голем број на сериозни повреди, но во секој случај, овие закони се патерналистички. Тие нè тераат да направиме нешто за наше добро. Тие се спротивни на познатиот принцип на Џон Стјуарт Мил, дека „единствената причина кога власта може со право да се спроведува врз било кој припадник на цивилизираната заедница, и тоа против негова волја, е кога целта е да се спречи лошо на друго лица“. Фактот дека ваквото „терање“ на поединецот да прави нешто за негово добро не е „доволна гаранција“.

За овој принцип можат да се кажат многу работи, особено тогаш кога се користи за спротивставување на закони кои се однесуваат, на пример, на хомосексуални врски помеѓу две свесни возрасни лица или доброволна еутаназија, но Џон Стјуарт Мил имал поголема доверба во способноста на припадниците на „цивилизираните“ општества да донесат рационални одлуки за своите интереси отколку што е тоа случај денес. Пред да бидат задолжителни, владите организираа кампањи за да ги едуцираат луѓето за тоа какви се ризиците ако не се носи заштитен појас, кои имаа одреден ефект, но бројот на луѓето кои носат појаси денес ни оддалеку не ја достигна бројката од речиси 90%, или повеќе, во Соединетите Држави (при што бројките се слични или поголеми во многу други држави каде неносењето на појас се казнува).

Причината за тоа е што ние не сме добри во тоа да се заштитиме себеси од многу мал ризик од катастрофа. Секогаш кога влегуваме во возило, шансата да ни се случи несреќа која е доволно сериозна да предизвика повреда ако не носиме појас е мошне мала. Но сепак, со лична здраворазумска калкулација, земајќи го притоа предвид нашиот личен интерес, секој од нас може да дојде до заклучок дека, едноставно, е нерационално да не носиме појас.

zosto vakciniranjeto treba da bide zadolzitelno

Извор: freepik.com

Лицата кои биле повредени во автомобилски несреќи затоа што не носеле појас признаваат и жалат што биле нерационални – но тоа дури откако несреќата се случила, а истото се однесува и на луѓето кои, за жал, загинале. Сега забележуваме една многу слична ситуација со вакцинирањето. Бритни Кобиа неодамна ги објави на Фејсбук своите искуства додека работела како лекар во Бирмингем, Алабама: „Во нашата болница примаме млади и здрави луѓе кои имаат многу сериозна Ковид-19 инфекции. Една од последните работи кои ме молат пред да ги ставам на кислородна поддршка е вакцина. Јас ќе ги фатам за рака и им велам, жалам, но сега е предоцна. Неколку дена подоцна, кога некои од нив, за жал, ќе починат, јас силно ги гушкам членовите на нивните семејства и им велам дека најдобар начин да ги испочитуваат своите сакани е да се вакцинираат и да ги поттикнат сите други кои ги познаваат да го направат истото.

Кога им го кажувам тоа, тие се во солзи и ми велат дека не знаеле туку дека мислеле дека сето тоа со вакцините е лага или дека е политичка работа. Мислеле дека, ако имаат одреден тип на крвна група или одредена боја на кожа, дека нема да се заразат, и дека си мислеле дека се работи за „најобична настинка“. Сепак, тие се во заблуда, и сега сакаат да го вратат часовникот назад, но не можат. Од овие причини, оправдано е вакцинирањето против Ковид-19 да биде задолжително – доколку не е, голем број на луѓе ќе донесат одлуки за кои подоцна ќе зажалат. Би било монструозно ако сме на став: „Самите си се виновни, нека умрат!“

Во секој случај, во денешното време со Ковид-19, воведувањето на задолжително вакцинирање против овој вирус не е во спротивност на принципот на Џон Стјуарт Мил: „штета на другите“. Невакцинираниот член на олимпискиот тим претставува ризик за другите, исто како да возите со голема брзина по улица на која веќе има многу возила. Единствениот „личен избор“ кој требало да го има Елисон е да се вакцинира или да остане дома.

Ако од Меѓународниот олимписки комитет би кажале дека право да се натпреваруваат имаат само оние атлети кои се вакцинирани, тоа ќе ослободи илјадници натпреварувачи од зголемен ризик да бидат заразени и ќе го оправдаат оневозможувањето на желбата на Елисон да се натпреварува без да биде вакцинирана. Од истата причина, правилата кои минатиот месец беа воведени во Франција и Грција а кои бараат од луѓето кои одат на кино, во кафе или кои патуваат со јавен превоз да докажат дека се вакцинирани, не претставуваат кршење на ничија слобода.

Во месец февруари, кога владата на Индонезија беше прва во светот која воведе задолжителна вакцинација за сите возрасни лица, вистинска трагедија не беше тоа што стануваше збор за кршење на правата на своите граѓани, туку тоа што побогатите држави не ги донираа вакцините кои ѝ беа потребни за да го спроведе законот. Поради тоа, Индонезија сега е епицентар на вирусот и десетици илјади невакцинирани жители на оваа држави починаа како последици на вирусот.

 

Авторски права: Project Syndicate, 2021.
www.project-syndicate.org

Пандемијата е пожар кој може да го изгасиме преку ...
Како известувал британскиот Форин Офис (Foreign Of...
 

Коментари

Моментално нема коментари. Биди прв со својот коменат!
Анонимен
Петок, 24 Септември 2021

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè