Махир Сијамија
Не можеме да очекуваме БиХ (или која било друга земја кандидат) да влезе во ЕУ сè додека не развиеме антитела на вирусот на корупција, криминал и националистичките политики.
Основачите на Европскиот проект сонуваа за обединета Европа: континент на мир, солидарност и заеднички просперитет. Европа без граници и поделби и со богата разновидност на своето население. Европа која ќе биде „посилна заедно“. Дали денес Европејците го негуваат овој сон? Кои се нивните погледи во време кога Европскиот сон за некои земји наликува повеќе на кошмар? Евроскептицизмот зема замав, потпомогнат и од заминувањето на Велика Британија од ЕУ. Ултра-националистички движења никнуваат во повеќе земји. Што значи сето ова за иднината на Унијата, во време на огромни предизвици кои бараат поголема и заедничка соработка (климатски промени, миграција), а не раздор?
Демократијата функционира најдобро кога ќе бидат слушнати различни гласови. „Приказни од регионот“ го споделува гласот на луѓето од земји што се веќе членки на Унијата како и од земји што подолго време се на „листата на чекање“.
Во сегашните услови на економска и здравствена неизвесност, граѓаните во Европа бараат нешто конкретно за кое можат да се задржат; визија за иднината што ги зема предвид нивните грижи, начин на живот и вредности. Европскиот сон, воден од основачките принципи на ЕУ - демократија, вклученост, економски либерализам - сè уште може да ја пополни таа празнина. Но, оваа визија може да биде остварена само ако европските лидери сфатат дека без план за иднината, не може да има излез од несигурноста на сегашноста.
Почнуваме во петок (29.01) со првиот текст.
Третото издание на Приказни од регионот се спроведува од Рес публика и ИКС, во соработка со нашите партнери од Албанија (IDM), Хрватска (Lupiga), Косово (Sbunker), Србија (Не давимо Београд), Босна и Херцеговина (Анализирај.ба), Црна Гора (PCNEN), Бугарија (Sega.bg), Грција (Macropolis) и Словенија (Had).
Иницијативата „Приказни од регионот“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“ имплементиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС), со поддршка на Британската амбасада Скопје.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Институт за комуникациски студии
"Јуриј Гагарин", 17/1-1, Скопје
info@iks.edu.mk
+389 2 30 90 004
Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада. Целата содржина е со Creative Commons License (CC BY-NC-ND 3.0), односно е слободна за редистрибуција со почитување на определени правила.