fbpx

Извештај од следењето на медиумските содржини (03 – 14 октомври 2016)

МОДЕМ извештаи

15.10.16

Прегледи

Телевизиските вести се сведуваат на едноставно пренесување на настаните, но не и на новинарска ангажираност. Од 12 мониторирани телевизии, кај седум во прилозите се користи само еден извор на информирање (со исклучок на МТВ 2, Алсат М и ТВ 21), без разлика што во најголем број од случаите на едниот прилог следува прилог реакција за контратежа. Тоа можеби не влијае на вкупната слика на избалансираност на вестите, но се одразува на новинарското правило за консултирање на „двете страни“ во прилогот. Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 3 до 14 октомври 2016 година.

ИЗВЕШТАЈ - МКД   АНГ            ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  АНГ

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

МТВ 1 - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

МТВ1 активно ги следи сите актуелни случувања во земјава и им дава простор на различните политички субјекти да ги изнесат своите ставови и гледишта. Сепак, иако има подобрување, за МТВ1 може да се заклучи дека се уште не ја исполнува своjата информативна функција на начин што ќе го открива и заштитува јавниот интерес, бидејќи темите се обработуваат не еден површен начин, без никакво критичко-новинарско инволвирање во анализа на настаните. Иако, телевизијата пренесуваше критички ставови кон различни субјекти, вклучувајќи ги и државните институции, сепак станува збор за пренесени критики од други субјекти, наместо за длабински анализи од самиот медиум.

ИЗВЕШТАЈ - МКД          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

МТВ 2 - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

Вестите на МТВ2 информираат за сите позначајни политички настани во земјата, иако се забележува блага наклонетост кон темите кои се од интерес за албанската етничка заедница. Генерална оценка е дека телевизијата само ги следи (ги покрива настаните) и многу ретко иницира теми од јавен интерес. Телевизијата неутрално и критички известува за настаните во врска со подготовката на изборите, главно во однос на албанскиот политички блок. Речиси отсуствува фаворизирачкиот пристап кон власта, освен во два прилози кои се однесуваат на работата на министрите од ДУИ, но не се поврзани со политичките настани, додека негативен став не е забележан во ниту еден прилог.

ИЗВЕШТАЈ - МКД            ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

СИТЕЛ - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

Вестите на Сител се уште наликуваат на партиска машинерија на владејачката партија, што може да се заклучи од тоа што во најголем број прилози објавени во анализираниот период како субјект се појавува ВМРО-ДПМНЕ и министрите од оваа партија. Во сите овие прилози видлив е фаворизирачкиот став кон политиката на ВМРО-ДПМНЕ, додека негативен став се зазема во однос на политиката на опозицијата. Позитивната слика за се што работи владејачката партија, освен преку прилозите за владините мерки, продолжува да се презентира и преку преку пропагандните прилози за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кои тој ги промовира владините проекти. Сепак најголем број од прилозите, за разлика од изминатиот период не содржат новинарски квалификации за актерите. Но, исто така, во најголем број од прилозите нема новинарска ангажираност и тие претставуваат само бележење на дневно-политичките настани.

ИЗВЕШТАЈ - МКД          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

ТЕЛМА - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

Во вестите на Телма и натаму доминантни се теми кои се од граѓански интерес, кон кои новинарите на оваа телевизија заземаат аргументиран критички став, со консултирање на сите страни во проблемот. Телма често отвора теми кои другите медиуми не ги следат. Централните вести делумно се базираат на пренесување на актуелни настани, додека другиот дел се новинарски ангажирани прилози кои третираат теми од поширок граѓански интерес. Според застапеноста на политичките субјекти, ВМРО-ДПМНЕ и министрите од оваа партија се застапени во најмногу прилози, но нема новинарска квалификација и се работи за пренесување дневно-актуелни настани.

ИЗВЕШТАЈ - МКД          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

21 ТВ - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

ТВ 21 генерално ги следи главните политички случувања, со тоа што во вестите на албански јазик се информира подетално за случувањата во албанската етничка заедница во местата каде таа е мнозинство. Генерално во вестите нема ниту позитивен ниту негативен став кон некој субјект, освен во неколку прилози, каде се зазема критички, но неутрален однос кон некој проблем од јавен интерес, а каде како субјекти се јавуваат министрите од сите три партии: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Но, придонес на ТВ 21 во медиумскиот простор е преку секојдневните анализи и дебати, со експерти, најчесто со контра-ставови, и на дневно-актуелни теми. Телевизијата отвора и теми кои не се во фокусот на останатите телевизии и се делумно поврзани со меѓуетнички прашања. Во однос на балансираноста на известувањето, оваа телевизија речиси подеднаков број прилози издвојува за сите позначајни субјекти.

ИЗВЕШТАЈ - МКД          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

АЛСАТ-М - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

ТВ Алсат М во вестите на албански и на македонски јазик активно ги следи сите актуелни случувања во земјава и им дава простор на различните политички субјекти да ги изнесат своите ставови и гледишта. Во најголем дел случаи медиумот ја исполнува својата информативна функција на начин што го открива и заштитува јавниот интерес, и нуди сеопфатен поглед на настаните и на процесите што се тема на известувањето. Иако сите теми од интерес на јавноста се покриени, телевизијата има посебен фокус кон темите што ги засегаат етничките Албанци. Во однос на известувањето за политичките актери и нивните гледишта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, заедно со нивните функционери и институциите што ги водат, се позастапени во споредба со СДСМ и ДПА. Но, тоа се должи пред се на поголемата застапеност на овие субјекти во рамките на институциите. Телевизијата во најголемиот дел од емитуваните прилози користи по два, три или повеќе извори, кои најчесто се со различни или спротивставени гледишта, а поретко се служи со еден извор.

ИЗВЕШТАЈ - МКД          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

24 ВЕСТИ - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

Tелевизијата 24 Вести активно ги следи актуелните настани во земјава и настојува да ги претстави различните политички ставови и гледишта за проблемите. Во најголем дел случаи медиумот информира на начин што го открива и нагласува јавниот интерес и нуди поширок и подлабок поглед на настаните и процесите што се тема на известувањето. Телевизијата не само што пренесува критики кон политичките актери, вклучувајќи ги и државните институции од други субјекти, туку со аргументиран пристап изведува и сопствени критички заклучоци. Во однос на известувањето за политичките актери и нивните гледишта, може да се заклучи дека има релативен баланс во прилозите во кои се јавува ВМРО-ДПМНЕ наспроти во кои се јавува СДСМ. Во однос на користењето на изворите, во речиси половина прилози се јавува само по еден извор. Во само една четвртина прилози се јавуваат различни или спротивставени мислења во рамките на еден прилог.

ИЗВЕШТАЈ - МКД          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

АЛФА ТВ - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

ТВ АЛФА ајмногу простор посветува на промовирање на проектите и мерките на Владата и на институциите раководени од кадри на владејачката партија, а во повеќе случаи е емитуван претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како најавува мерки и проекти во име на државата. Меѓу најзастапените теми се и економските процеси, пред се новите странски инвестиции, како и предизборните активности на партиите. Известувањето за овие теми има тон на политички маркетинг и не е во функција на јавниот интерес. Телевизијата редовно изразуваше позитивен однос кон партијата ВМРО-ДПМНЕ, а често имаше негативен однос кон СДСМ. Едностраното известување доминира според позициите на користените извори, бидејќи во само 10 прилози се сретнуваат спротивставени извори.

ИЗВЕШТАЈ - МКД          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

КАНАЛ 5 - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

ТВ Канал 5 беше најмногу посветена на известувањето за предизборните активности на политичките партии и на промоција на мерките и проектите на Владата и на другите институции. Тоа се прави на сметка на известувањето за темите од јавен интерес, односно најголем број теми се сведуваат на предизборна борба меѓу спротивставените политички табори. Во овие рамки медиумот известуваше со мала квантитативна, но значителна квалитативна разлика во корист на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во врска со изворите, во најголемиот дел од прилози се користи само по еден, а спротивставени гледишта има во неколку прилози.

ИЗВЕШТАЈ - МКД         ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2

ТВ НОВА - Извештај од следењето на медиумските содржини (03 - 14 октомври 2016)

ТВ Нова известува навивачки во полза на политиката на владејачката партија и на нејзините претставници во власта. Иако во најголем број од прилозите нема експлицитен став на новинарот, сепак ваков заклучок може да извлече од тоа што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините министри се најзастапени во вестите на оваа телевизија. Промотивниот и фаворизирачки пристап е особено застапен во прилозите кои се однесуваат на некои владини мерки, на активностите на функционерите од ВМРО-ДМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски чии промотивни посети се пренесуваат без диференцирање на државата од партијата. За разлика од претходно, сепак тој став е помалку застапен, исто како и негативниот однос кон опозициската СДСМ. Се зголемува бројот на прилози во кои се информира за настаните, без заземање страна, за сметка на бројот на прилози во кои се изнесуваат коментаторски оценки.

ИЗВЕШТАЈ - МКД        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД

ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2