fbpx

Извештај од следењето на медиумските содржини (05 – 16 септември 2016)

МОДЕМ извештаи

16.09.16

Прегледи

Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија е благо подобрена во однос на периодот од пред шест месеци, што е особено видливо од „омекнувањето“ на негативните појави што претходно беа многу присутни: заземање страна, пропагандистичко известување, демонизирање политички субјекти, вметнување политички маркетинг како дел од вестите. Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 5 до 16 септември 2016 година.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

МТВ 1 - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

МТВ1 ги следеше актуелните случувања и соодветно ги пренесуваше според нивната важност, без никакво фаворизирање или запоставување на некој политички субјект. Телевизијата емитуваше целосни и сеопфатни информации за настаните, без да навлегува во подлабоки анализи или да дава критички осврти.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД   АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

МТВ 2 - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

Вестите на МТВ2 информираа за сите позначајни политички настани во земјата, иако се забележува блага наклонетост кон темите кои се од интерес на албанската етничка заедница (активностите на функционерите од ДУИ, поместувањата во албанскиот политички блок и локални настани поврзани со албанската заедница).

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

СИТЕЛ - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

ТВ Сител во својата уредувачка политика продолжува да ја демонизира опозицијата и СЈО, а да ја фаворизира власта и владејачката партија. За разлика од претходните месеци, овој тренд е послаб и по број на прилози и по вокабуларот, но тоа може да се должи на самиот период на анализата и интензитетот и карактерот на настаните што ги обработувал медиумот.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

ТЕЛМА - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

Телма продолжува со известување од актуелните настани професионално, без изразување став кон некој од политичките субјекти. Во вестите доминираат теми кои се од граѓански интерес кон кои се зазема аргументиран критички став, со консултирање на сите страни во проблемот.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

21 ТВ - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

ТВ 21 во вестите на албански и на македонски јазик не изразува лични ставови на новинарот или редакцијата во прилозите. Главен акцент се става на експертските мислења во анализите кои ги следат дневно-политичките случувања, во кои се презентираат различни, контраставови.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

АЛСАТ-М - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

ТВ Алсат-М во изданието на македонски и на албански јазик ги следеше актуелностите од јавен интерес и ги пренесуваше соодветно, изразувајќи аргументиран критички однос во своето известување. Но и самата актуелизира различни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, како образованието во руралните средини, или состојбата во поплавените места во скопско.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

24 ВЕСТИ - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

ТВ 24 Вести редовно ги следеше актуелните случувања од јавен интерес и ги пренесуваше и ги анализираше согласно нивната важност.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

АЛФА ТВ - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

Телевизијата Алфа екстензивно ги следи кампањските активности на партиите, иако изборите не беа распишани во мониторираниот период, а многу малку известуваше за можните проблеми во организацијата на изборите, како на пример вишокот гласачи во шестата изборна единица.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

КАНАЛ 5 - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

Изразувањето позитивен или негативен однос кон субјектите е поретка појава во споредба со минатите месеци и со многу послаб интензитет во однос на вокабуларот и аудиовизуелната презентација. Сепак, Канал 5 ТВ прави авторски анализи за тоа колку успешни ќе бидат мерките на Владата промовирани од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна, барањата и ветувањата на опозицијата ги пренесуваше како што ги презентираше самата партија и речиси секогаш со реакција од владејачката партија или од институциите со кои тие ги „разобличуваат“ нејзините иницијативи.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2

ТВ НОВА - Извештај од следењето на медиумските содржини (05 - 16 септември 2016)

Промовирањето на активностите на Владата и владејачката ВМРО ДПМНЕ и натаму останува белег на вестите на ТВ Нова. За разлика од претходно, сепак тој став е многу помалку застапен, исто како и негативниот однос посебно кон опозициската СДСМ. Се зголемува бројот на прилози во кои се информира за настаните, без заземање страна, за сметка на коментаторските.

ИЗВЕШТАЈ - МКД    АНГ        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД    АНГ

ИНФОГРАФИК-1    ИНФОГРАФИК-2