fbpx

Извештај од следењето на медиумските содржини (16 до 27 јануари 2017)

МОДЕМ извештаи

28.01.17

Прегледи

Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во Македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 30 ноември до 9 декември 2016.

Телевизиите Сител, Канал 5, Алфа и ТВ Нова продолжија со голем број прилози да ја обработуваат темата за ‘двојазичноста’, врамувајќи ја на сличен начин, како вовед во остварување на некакво сценарио за федерализација на земјата што го предводи опозицијата. Овие телевизии во овој период повеќе известуваа и за мерките и достигнувањата на Владата. Притоа најчесто се фаворизираше ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, особено во прилозите за странските инвестиции каде како извор се користеше фејсбук-профилот на Никола Груевски.

На ТВ24, Алсат-М, Телма и ТВ21 многу повеќе се следеа теми поврзани со организацијата и подготовката на изборите: злоупотреба на службената должност и на државните ресурси, неправилностите, финансирањето на кампањата, активностите на граѓанскиот сектор, случувањата во синдикалното организирање и во судството, работата на СЈО, како и редовната работа на институциите, најмногу судовите.

И во овој дел од изборната кампања јавниот радиодифузен сервис беше единствениот медиум што ги покриваше активностите на сите политички партии што учествуваа на изборите, исклучиво со известување за активностите и пораките на кандидатите и не се отвори ниту една тема.

Резултатите во овој извештај се добиени од анализата на вестите на 12 телевиии: МТВ1, МТВ2, Сител, Телма, 24 Вести, Канал 5, Алфа, Алсат М (на македонски и на албански јазик), ТВ 21 (на македонски и на албански јазик) и ТВ Нова.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG           ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG       ИНФОГРАФИК-1