fbpx

Извештај од следењето на медиумските содржини (21 – 29 ноември 2016)

МОДЕМ извештаи

29.11.16

Прегледи

Темите поврзани со изборите и изборната кампања доминираа во централните вести на сите медиуми. Повеќето медиуми посебно се осврнаа на темата за двојазичноста, која се наметна во кампањата, но сите тие ја анализираа од различен агол и различно ја врамија. Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во Македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 21 до 29 ноември 2016.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG           ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG       ИНФОГРАФИК-1

МТВ 1 - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

МТВ1 во периодот од 21 до 29 ноември 2016 емитуваше најмногу прилози за предизборната кампања, а од другите се издвојуваат редовните активности на државните функционери и организацијата на изборите. Покривањето на изборната кампања се вршеше исклучиво со известување за активностите на кандидатите и не се отвори ниту една тема. Притоа, МТВ1 објави информации за сите 11 партии и коалиции што поднесоа кандидатски листи за парламентарните избори.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

МТВ 2 - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

МТВ2 во периодот од 21 до 29 ноември 2016 емитуваше најмногу прилози за предизборните активности на партиите, потоа следуваат прилозите кои се однесуваат на подготовка на изборите, за редовната работа на државните и локалните институции, работата на СЈО и за обвинувањата за концептот на двојазичност и федерализација. Во квантитативна смисла, ДУИ и функционерите се најзастапени, потоа ВМРО ДПМНЕ, коалицијата и функционерите од оваа партија, па СДСМ. Останатите помали опозициски парти и коалиции беа засташени во многу помал број прилози. Во квалитативна смисла, известувањето е анахроно без новинарски ангажман и без никаков критички пристап.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

СИТЕЛ - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

ТВ Сител во периодот од 21 до 29 ноември 2016 објави најмногу прилози за предизборната кампања, по што следува двојазичноста и федерализацијата, промоцијата на владини проекти и инвестиции, редовната работа на институциите итн. Квантитативно, Сител објави малку повеќе прилози во кои субјект е опозициската СДСМ, во споредба со оние за ВМРО ДПМНЕ, но квалитативно прилозите за власта се фаворизирачки и навивачки, додека оние за опозицијата се демонизирачки. Негативен став телевизијата зазема и во известувањето за работата на СЈО и Ад хок телото за следење на изборите. Експлицитен став на фаворизирање на владејачката ВМРО ДПМНЕ и демонизирање на СДСМ и лидерот Зоран Заев има и во коментаторските најави и уреднички коментари, преку тезата што ја наметна владејачката партија во предизборната кампања за двојазичност и федерализација.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

ТЕЛМА - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

ТВ Телма во периодот од 21 до 29 ноември 2016 објави најмногу прилози за предизборните активности, потоа за редовната работа на институциите, за подготовката на изборите, за работата на СЈО итн. Телевизијата известуваше избалансирано и во однос на бројот на прилозите и во однос на аргументираниот критички однос кон политичките субјекти во сите актуелни настани. Прилозите во најголем број случаи беа без воочлив новинарски став, а во мал број прилози тие неутрално критички ја опсервираа активноста на политичките субјекти и институциите.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

21 ТВ - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

ТВ21 во вестите на албански јазик објави најмногу прилози за предизборните активности на партиите, потоа за редовната работа на државните и локалните институции, за активностите за подготовка на изборите, за СЈО, за двојазичноста и федерализацијата, за редовните активности на министрите и замениците. Генерално, прилозите кои известуваат за сите дневно-политички настани и теми се без експлицитен новинарски став. И според бројноста на прилозите и според начинот на известување за улогата на претставници на власта и опозицијата во дневно политичките настани, оваа телевизија има избалансиран пристап. Релативна избалансираност и од квантитативен и од квалитативен апсект има и во известувањето за предизборните активности на политичките субјекти.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

АЛСАТ-М - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

Вестите на телевизијата Алсат М на албански и на македонски јазик во периодот од 21 до 29 ноември 2016 беа идентични во поголемиот дел, освен во покривањето на изборната кампања, каде што на албански јазик беа објавувани повеќе извештаи од секојдневните активности на кандидатите. Изборната кампања, иако беше најзастапена тема, не доминираше во вестите на овој медиум во споредба од другите. Дневните активности на кандидатите (митинзи и средби со граѓани) беа емитувани кон крајот на вестите, а во другиот простор што го отстапи за кампањата, медиумот отвори многу теми, на пример каков е квалитетот на кампањата, колку се реални ветувањата, кои се спорни делови на програмите итн. Овие вести посветија многу поголемо внимание од повеќето други медиуми на работата на СЈО и на случаите што ги води, исто така со аналитички пристап.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

24 ВЕСТИ - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

ТВ 24 Вести во периодот од 21 до 29 ноември 2016 објави најмногу прилози посветени на покривање на предизборната кампања, а од другите се издвојуваат работата на институциите, редовните активности на државните функционери и работата на Специјалното јавно обвинителство. Медиумот ја покриваше изборната кампања избалансирано, и во квантитативна и во квалитативна смисла, со пренесување на активностите на учесниците во изборниот процес, но и со осврт на нејзиниот тек, реторика, споредба на програмите, и особено на двојазичноста што се наметна како тема во овој период на кампањата.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

АЛФА ТВ - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

ТВ Алфа во периодот од 21 до 29 ноември 2016 објави најмногу прилози што се однесуваат на предизборната кампања, како и на редовните активности на државните функционери. Телевизијата како посебна тема во оваа кампања фреквентно објавуваше прилози поврзани со „федерализација“ или „двојазичност“ на Македонија. Во покривањето на изборната кампања медиумот изразуваше позитивен однос кон ВМРО-ДПМНЕ, а негативен кон СДСМ, иако имаше квантитативна избалансираност меѓу двете партии.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

КАНАЛ 5 - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

ТВ Канал 5 во периодот од 21 до 29 ноември 2016 објави најмногу прилози што се однесуваа на покривање на предизборната кампања, а од другите се издвојуваат единствено прилозите поврзани со „двојазичноста“ и „федерализацијата“ која се наметна како посебна тема во овој период на кампањата и за редовни активности на државните функционери. Во прилозите за изборната кампања имаше квантитативен баланс, но во дел од нив се изразуваше позитивен однос кон ВМРО-ДПМНЕ. Двојазичноста беше најчестата тема во која беше покажан негативен однос кон СДСМ.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG          ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1

ТВ НОВА - Извештај од следењето на медиумските содржини (21 - 29 ноември 2016)

ТВ НОВА во периодот од 21 до 29 ноември 2016 објави најмногу прилози за предизборните активности на партиите и за двојазичноста и федерализацијата што произлезе од предизборните обвинувања на релација власт-опозиција. Оваа телевизија објави речиси ист број прилози за двете најголеми политички партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, но кога ќе се направи квалитативна анализа на врамувањата, е присутен позитивен, пофален и често пати пропагандистички став кон ВМРО ДПМНЕ, додека има негативен пристап во известувањето за СДСМ. Двојазичноста и федерализацијата, кои власта во предизборната кампања и ги припишува на опозицијата, доминираат во прилозите со негативен став кон СДСМ. Во фаворизирачкото известување за власта, програмата на ВМРО ДПМНЕ е претставена како „реална“, а тезата дека тие се сигурни победници се поткрепува со анкети објавени во провладини весници.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG

ИНФОГРАФИК-1