fbpx

Н(ЕУ)форија

Ин медиас рес

31.10.23

Прегледи

Напредокот на Република Северна Македонија кон ЕУ се чини условена од внатрешните прилики во самата Унија. Од една страна, сè погласни се политичките групации кои велат дека ЕУ треба да се подели во повеќе групи или ентитети, кои очигледно нема да имаат исти обврски ниту права, доколку ваквата реформа се прифати. Од друга страна, во прашање се доведува и одлучувањето со консензус кое се чини често ја парализира унијата, а истовремено служи за хранење на неколкуте авторитарни режими чиј политички капитал почива на противење на ЕУ за клучни економски, а во последно време и безбедносни прашања.

И среде оваа бура на потенцијални потреси, Западниот Балкан трпеливо чека да се отворат вратите за некое наредно проширување. Иако пред вратите сме скоро три декади, тие никако да се отворат дури и за целосен почеток на преговорите. За што сме, до некаде, и сами виновни... На сето ова, наредната година доаѓаат и изборите за Европскиот парламент, после што можеби ЕУ ќе добие сосема ново лице, кое не знаеме дали ќе ни се допадне. Или ние нему.

За овие и други прашања, во овој поткаст разговараме со Симонида Кацарска од Институтот за европска политика (ЕПИ) и со Зоран Нечев од ИДСЦС.